осподинот Кривошеев со објавените
писма во "Македонско сонце" бр. 476 и 478 ми предизвикува многу дилеми. Се
сложувам со него дека не треба да го докажуваме нашето национално чувство и
да не коленичиме пред другите цркви во барање на признавање на нашата. Но,
всушност погоден сум од неговата нескриена омраза кон браќата христијани од
католичката црква. Секој верник си ја смета својата религија онаа правата.
Така ќе си ја сметал и господниот Кривошеев за права католичката црква, ако
неговите предци беа од неа. Дури и врз мајка Тереза се нафрли со такви
зборови. Јас не знам дали и колку таа помогнала на Скопје во 1963 година. Но,
знам дека цел живот го посвети на оние кои имаа потреба од помош. Не остави
зад себе ни дебели сметки, ни било каков имот. Има споредба со на пример
нашите владици кои сите имаат добри имоти, а се откри со ТАТ и дебели сметки
итн.
Во секој случај треба да се искористи актуелноста на нејзиното име во
популаризација на Скопје и татковината. Погледнете ги ш(ќ)иптарите што
прават као муслимани за да ја присвојат како божемна ш(ќ)иптарка.
А, гледам дека се заканувате кон евентуалните унијати. Ме интересира дали
ќе го осудите и Делчев, што со неговите кукушани, само со Ватикан се
изборија за црква на својот мајчин јазик. И дали некој верник или свештеник
од католичката црква не нарекол луцифери, како вие ги нарекувате? Папата на
македонски јазик благословува и Македонија и Македонците како први
христијани во Европа. И да не заборавиме дека уште папата Никола И во 859
рече: "Римската курија ги смета за вистински цркви само оние основаните од
апостолите како што се македонската, римската, антиохиската и
александриската". И затоа православната и католичката црква се признаваат
меѓусебно, прибидејќи се апотолски и свесни дека беа една црква. За мене
заслужува почит секоја религија која не сака да ми се натури и ја почитува
мојата. Но, луѓето со ваква омраза према Ватикан ми будат сеќавања на
некогашниот монах (подоцна владика, сега расчинет од немајкаде) Јован кој со
исти вакви зборови се нафрли, само поради нечиј предлог во очај, да го
признаеме папата за црковен поглавар, со надеж дека така полесно ќе опстоиме
и како црква и како народ и како држава.
Всушност ваквите најзагрижени православни се како споменатиот Јован
србољуби. Србите за сите невољи го окривуваат Ватикан. Во време на НАТО
бомбардирањата еден млад образован Србин едвај го убедив дека главните
оровотци Клинтон и Блер не се католици, туку од протестантските цркви.
Северна Европа е протестантска, како и Англија и англиските земји Канада,
САД, Австралија, Нов Зеланд. Всушност тоа се најмоќните земји, а
протестантите најбројни од христијаните. За инквизацијата и сите недела на
католичката црква Папата јавно се извини. Само за споредба да ја посочиме
католичката црква која во Латинска Америка сепак и поред се, опстои во
поголем дел домородното население.
Но, Англичаните со нивните протестантски свештеници го уништија речиси
целосно домородното население во сите нивни освоени земји, а малкуте
преостанати ги сместија во резервати, правејќи од нив алкохоличари и
изгубени души. Треба ли да кажувам што се им правеа свештениците и учителите
на присилно одземаните домородечки дечиња, до пред само неколку децении. И
Папата ги осуди нападите врз Србија и другите сплетки со источните земји.
Индикативно е што ви смета и владиката Агатангел, единствен со владиката
Кирил од САС на МПЦ кои не дозволуваат да се исфрли атрибутот Македонска од
нашата црква.
А, ние да се надеваме дека меѓусебната почит ќе биде еден мал помак кон
можноста да сепак некогаш сите пак бидеме една Црква Христова. Но, гледајќи
трезвено, ние мора да се запрашаме до каде е стигнато и кон каде оди целото
христијанство, се разбира вклучувајќи го нашето Православие со неговиот
Татко по Чест и Чувар-Вселенскиот патријарх. Кратко речено-надоле. Бескрајно
жалам што е така, но ниедна православна црква не не признава како народ и
всушност тоа е причината и на непризнавањето на нашата црква. Дури и сакаат
да не избришат од лицето на земјата. Ако не е така, нека никажат како
признаа светиот патријарх и патријаршија Албанска Православна Црква, иако е
на мизерно ниво со организираниот црковен живот спореден со на МПЦ.
За каква љубов се работи кон ближниот, што е и втората најголема Исусова
заповед? За какви христијани се работи? Треба ли да повторам дека за ООН и
сите меѓународни организации за човековите права го прифаќаат само личното
декларирање на националната припадност, па било тоа да е црн Швеѓанин или
рус Нигериец. Инаку, не верува дека треба да имаш држава како народ за да
имаш црква. Споменатите антиохиска и александриска црква се во земји со
огромно арапско мулсиманско мнозинство, а Сиријците христијани не се сметаат
лично за Арапи како и Коптите, всушност староседелци на Египет.
И треба ли да заборавиме дека соседните православни цркви се на исти
позиции како во минатото кога со нивна благослов нивните чети вршеа невидени
злосторства врз Македонците, во желбата да ја присвојат нивната земја. Дури
грчката црква беше како и нивните чети во сојуз со Турците! Не ми е јасно за
зближување со какви задгранични руски и српски и старостилни бугарски и
грчки цркви се мисли. Дали домашни или задгранични, дали старо или
новостилни, сите тие се националистички. Поумесен е предлогот на господинот
Донски за сојуз со "непризнатите" цркви, а јас мислам пред се од
нацицоналистички причини, како што се на пример украинската и црногорската
црква. Но, на кого му е гајле што поради тоа многу украински цркви одат под
Ватикан и всушност целото православие се намалува. Уште ме збунува што се
тврди дека нашата црква е призната со делото на светите Кирил и Методиј и
дека од тогаш таа постои. Веројатно со тоа мисли дека и како народ постоиме
со божемното наше доаѓање од зад Карпатите во шестиот век. За жал и нашата
црква како и државата тврди во нејзината црковна историја дека нашата црква
е од времето на светите Солунски браќа и нивните ученици светите Климент и
Наум. Со тоа доаѓа и тврдењето дека сме чисти Славјани или Словени, доселени
на Балканот од каде беа исчезнати сите многубројни староседелци освен
малубројните недефинирани Грци, а ние почнавме по испустената Македонија да
се нарекуваме Македонци, и тоа понагласено од 19 век. Тоа не е далеку од
тврдењата на соседите дека Македонците се измислена нација од Тито во 1945!
Но, за господинот Кривошеев и другите слични, Македонците не се ниту
измислени од Тито, ниту сме дојдени од зад Карпатите, ниту нашата (македонската)
црква е од времето на светите Солунски браќа.
Нас Господ не признал со тоа што во светото писмо се споменати и
Македонија каде беа речиси сите апостоли со мајката божја, Македонците како
христијани ревносни бранители на апостолите, за разлика од соседните Грци
кои дури и ги убиваа, а македонските цркви и Македонците како помагатели и
на другите цркви, па и тие во Ерусалим. И да не заборавиме дека Македонците
уште три века пред Христа со Александар Македонски, кој имаше визија од кога
пред походот во Азија, на него се молеше, и на бескрајно чудење на неговите
војници за прв пат беше виден во поклон во еврејскиот храм. Многумина учени
сметаат дека од Бога му беше дадена визија за светото како една држава, каде
народите би живееле според своите традиции и верувања, почитувајќи ги
другите. И за денес една прекрасна идеја. Ние знаеме дека со нашето сакање
да им удоволиме на другите, лесно стануваме Грци, Персијци, Копти (Египетјани)
и така до ден денес. Многубројните Македонци лесно стануваа и Евреи, а пак
правите Евреи го отфрлија нашиот Гсопод Исус Христос. Кај нас само
почитуваниот Донски се осмели да го каже она што многумина учени од светот
го знаат и го кријат, а тоа е дека повеќето апостоли се од местата населени
со Македонци, имаат македонски и нееврејски имиња, се движат најчесто во
териториите со Македонци, исто така како и споменатите културни и
христијански центри Антиохија и Александрија (каде македонските владетели
наредија да се преведе светото писмо) кои се македонски градови, такви се и
безбројните светители од Азија и Египет, додека во Грција се во подем
хеленизмот и пагнаството. Тоа и беше причина што Македонецот римски цар
Јустинијан (Вистинијан)И во почеток на шести век ги разруши атинските школи,
покрај тоа што имаше омраза кон нив како римски сојузници.
А да се потсетиме дека и градбата на големиот христијански центар
Константинипол во почетокот на четврти век и реализација на римските цареви
од македонско потекло како Диоклецијан, а Константин И и ја реализира идеата
за пренесување на престолнината во замислениот центар на империјата на
нивниот предок Александар И Македонски, кого во се го имитриаа. И да не
заборавиме дека црквата во Константинопол беше долго време во надлежност на
митрополитот од Хераклеа (ден. Битола). Па и Атина и Рим не беа изградени од
никакви новодојдени безимени арапоидни племиња кои од староседелците ќе
позајмат имиња Хелени и Романи (Римјани), туку тие беа изградени од делови
од јужното македонско племе Пелазги-Крајнци и Ресени (т.н. Етрурци).
Всушност од Македонија од Македонија потекнува белата раса, првобитно во
анадолско-балканско-италскиот комплекс. Заеднички центар на нивната религија
беше македонската планина Олимп (Омбал), кој никогаш не бил грчки, како што
не била ни македонската Света Гора, се до 1913 кога за прв пат штрапнаа
Грци, и тоа лажни, прибидејќи малубројните недефинирани арапоидни Грци
исчезнаа до седми век. Но, за жал нивниот дух преживеа со грчкиот јазик во
источната црква и како јазик на писменоста. На крај, никако омраза кон
христијаните од католичката црква, а нашата црква не е од времето на светите
Солунски браќа (кои за жал на МПЦ се словени) а ние сме прв народ и прва
држава во Европа, на која и дадовме цивилизација и христијанство, па и име.