|
АРХЕОЛОГИЈА
Презентација на резултатите од истражувањата на "Вардарски Рид"
СТАРОМАКЕДОНСКИ ГРАД СО БОГАТА УРБАНА АРХИТЕКТУРА
Пишува: Милева ЛАЗОВА
- Благодарејќи на "Мобимак" кој се јави како патрон на овие истражувања,
д-р Митревски и неговиот тим археолози може да се пофалат со бројни нови
откритија.
- Под Стоата или трговскиот центар забележани се 12 слоеви кои говорат
за 12 различни градежни фази кои не враќаат назад до
XII век пред новата ера.
П о тригодишно истражување, во
Македонската ак-адемија за наука и уметност за првпат јавно беа презентирани
резултатите од истражувањата на археолошкиот локалитет "Вардарски Рид" кај
Гевгелија. Презентацијата ја организираше Фондацијата "Вардарски Рид" во чие
име говореа археолозите д-р Драги Митревски и проф.д-р Вера Битракова -
Грозданова ги презентираа досегашните научни согледувања.
Локалитетот на почетокот од истражувањата
Дел од 400 - те откриени монети
Старомакедонскиот град "Вардарски Рид" се смета за еден од најсеверните
антички македонски градови каде е евидентирана архитектура од најраниот
период со откриени урбани елементи.
ЗНАЧЕНИЕ
Во 1998 - 1999 година со трасирањето на новиот автопат бил уништен добар
дел од неистражениот локалитетот "Вардарски Рид".
Не беше така лесно да се одбере еден таков локалитет како што е "Вардарски
Рид" кој освен што беше евидентиран небеше воопшто чепнат, вели
археологот Драги Митревски. Пред десетина години единствен финасиер беше
Министерството за култура кои доделуваше едвај 5.000-6.000 германски марки.
Поради местоположбата што ја имал и ја има "Вардарски Рид" одлучивме токму
овде да истражуваме претпоставувајќи дека под слоевите на овој рид ќе
пронајдеме остатоци од населби што и се потврди.
Благодарејќи на "Мобимак" кој се јави како патрон на овие истражувања,
д-р Митревски и неговиот тим археолози може да се пофалат со бројни нови
откритија. Соопштувајќи ги резултатите од целокупните истражувања започнати
уште во 1996 година, археологот д-р Митревски ги презентираше
најатрактивните пронајдоци кои укажуваат на континуиран живот од
XII век пред Христа до
II век од наша ера.
ОТКРИТИЈА
Тоа се металуршка и керамичка работилница, алатки, орадија, чекани,
магацински простории за храна, мобилна топилница, складишни садови, мелници
за жито, просторија со амфори... , додава д-р Митревски. Откриена е и
комплетна керамичка печка за печење на керамички садови датирана од
III век пред
новата ера. На највисокиот дел од Акрополата почнаа да се појавуваат објекти
со истиот стил градени од тули. Покрај ова пронајдени се и луксузни предмети
како теракотни скулптури на божици од II
век, калапи за теракотни бисти, монети од сребро и бронза на сите македонски
владетели од Александар I,
Филип, Александар III,
па се до првите римски намесници кога
населбата згаснува. Откриени се 400 монети факт што укажува дека овој
простор имал голема економска моќ. За жал единствената кула на внатрешниот
бедем мораше да биде уништена при сечењето на трасата за автопатот кон
Грција.
Луксузната чаша провокација за “Мобимак”
Една од теракотните статуетки
Богатите откритија се дел од гевгелискиот музеј
Пронајдени се и клучеви и клучалници од III
и II век пред
новата ера, топилница за сребро, керамички ламби, садови, калапени чаши со
релјефни претстави кои нудат податоци многу значајни за науката. Потоа
луксузни чаши меѓу кои е и чашата со претстава на македонски штит што беше
предизвик за "Мобимак". Откриени се теракотни фигуринки во простории кои
имале култна намена. Под Стоата или трговскиот центар забележани се 12
слоеви кои говорат за 12 различни градежни фази кои не враќаат назад до
XII век пред новата
ера. Инаку, Стоата е целосно конзервиран, а трошоците во износ од 14 илјади
долари ги покри Амбасадата на САД.
Локалитетот "Вардарски Рид" според изјавата на археологот д-р Митревски е
во сериозна фаза за презентација пред туристите на патот за олимпијадата во
Атина во 2004 година.
|