|
ПОГЛЕДИ
Огледалце, огледалце
ПРЕТОВАРЕНО МАГАРЕ
Гог ма Гог
С те виделе претоварено магаре? Ни
мрднува, ни претнува, ниту пак за некаков магарешки инает збор станува.
Едноставно претовареното магаре, како и нашето пренатрупано судство се
наоѓаат во некоја чудна "лер состојба"... Не даваат да се - објаснат!
Некни многу ми се допадна смелата изјава на првиот македонски обвинител -
Прчевски: "...Да не се брза, да се соберат факти, потоа да се оди на сигурно
обвинение"! Иако мора да признаат дека сите смели изјави народот не ги прима
онака како што ги кажуваат изјавувачите. На пример, изјавата на министерот
Хари Костов, така беше пуштена во етерот, човек да може да си ја обработува
како што сака.
А, од изјави "не се живее", ниту институции со градат, па ни со изјави
држави се прават. Македонското судство, таа трета, ама по се изгледа
најважна власт, толку е ослабена и обезличена, дури според кажувањата на
некои судии, ни самата не може да се препознае.
Втората половина од минатиот век, Македонија ја помина во еден друг,
специфичен, можеби постокмен систем од сегашниов во којшто полицијата му "кажуваше"
на судството што ќе работи, а судството пак немаше потреба да се сомнева во
наодите на полицијата. И замислете, педесет години полицијата и судството си
живееја убаво и среќно и задоволно, како браќа и сестри, однапред ставајќи
им до знаење на сите внатрешни и надворешни непријатели, на сите разочарани
и незадоволни, на сите немирни и палави на сите сецесионисти и сепаратисти,
што ги чека.
Се сеќавам на еден шеф на безбедност во еден град во внатрешноста на
Македонија. Одеше како паун, се однесуваше како Гебелс. Со нозе врати
отвораше. А, зошто да не? Во градот знаеше се што се прави, зошто за него (не
за службата) работеа десетици кодоши сместени во онаа цветна реченица "ништо
не смее да не изненади". Доволно беше само да намигне, и судот да ја заврши
работата како што треба, оти и судијата ќе го "крка стапот"!
Е, од таква една состојба, влеговме во сосема друга, сигурно во овој
момент хаотична, но нова и за нас малку позната: суд не смее да & прифати на
полицијата "хипотеза", туку доказ. А, за докази треба врвен механизам кој не
смее да затајува, изневерува, измислува и импровизира. Од тие што гонат, па
до тие што судат се бара највисок професионализам.
Во Македонија во овој момент и воздухот е исполнет со претпоставки,
измислици, со "пусти желби"... А, тоа не е случајно. Да сака науката (социологијата
пред се) да влезе во објаснување на овој посттранзиционен амбиент, голема
работа ќе & сврши на македонската држава. Но, и науката е болна, како што
боледуваат сите наши институционални сегменти. Оддалечувањето на судството
од власта и обратно е сложен и долг процес. И да сака судството да се
дистанцира од власта, не може. Но, тоа пак не може да го направи ни власта,
зошто долгогодишната "хармонија" во која живееја, ни на власта, ни на
судството не им дава така брзо и реско да се - разведат.
Умна држава не инсистира на брзање, но не дозволува ни бесконечно -
разделување. Се сеќавате што стори ВМРО-ДПМНЕ кога дојде на власта: во
Судскиот совет си го "зеде" од Даравелски татко му, Томислав Стојановски. А,
што направи сега СДСМ? Си ја "зеде" Ленче Софрониевска. Не да не чинат ни
Томислав ни Ленче, туку ептен нечини партискиот вез со кој се "шие" државата
и нејзините институции. Нека каже Љубчо какво фајде имаше тој лично и
неговата партија кога за прв човек на МРТВ го постави - Јакимовски? А, што
ќе каже Бранко пак за - Стошичка!
Реформите во судството, како и реформите во државата вооопшто не трпат
изнасилување, оти и тоа може да биде "деликт". Ако веќе влеговме во нов
демократски систем, таму утврдувањето на вистината и остварувањето на
правдата не се базираат на партиската волја на тие што владеат, туку (засега)
само на постапка на обвинение и постапка на одбрана. Во судирот на тие две
идеи, се раѓа правдата...Некаде меѓу нив се наоѓа судот кој донесува конечна
одлука за нечија вина!
|