КОМЕНТАР

Сито и Решето

АЛБАНИЗАЦИЈА НА ОБРАЗОВАНИЕТО

Од Редакцијата

Катадневно слушаме погроми и црни премрежја македонски. Арнаутите започнаа битка за освојување на македонскиот образовен простор. Но, таа одамна започна да се извршува, бидејќи и претходниците на сегашниот политички егзекутор беа и работеа во полза на нивната кауза. Ова што сега го прават не е туку така паднато од небо, туку добро осмислена стратегија за егзистенцијално бришење на македонскиот народ и неговиот македонски јазик. Затоа мораме што побргу да се сплотиме оти не ни гине јамката што ја подготвуваат албанските екстремисти. Тие започнаа нова офанзива. Ги трујат младите Албанци, но и ги подмитуваат македонските одродници. Сето ова што се прави во образованието не е образование, туку уривање на тешко воспоставениот систем кој досега носеше одредени резултати. Меѓутоа, тој добро организиран воспитно - образовен систем е последниот бедем кој им смета во потчинувањето на целокупниот македонски народ. И доколку се успее во намерата тогаш не чекаат тешки духовни, морални и национални искушенија.

НОТОРНИ ГРЕШКИ

Егзекуторот е опасен националист. На фотелјата намерно е седнат, бидејќи зад себе има богата кариера. Тоа го знаат сите, дури и Премиерот, бидејќи многу добро знае кој лаеше и дигаше џева во 1993 година кога “Илирида” ја воскреснаа многу негови приврзаници. Затоа, дали заслужува една ваква личност да се најде во училишната клупа? Тој треба да седне на обвинителната клупа. Таму му е местото и на никое друго место. Ама ... ете за жал никој не не слуша или потслушнува. Тоа го прави Премиерот, и оној пред него, енормно збогатениот премиер, и сите нивни дворјани. Тие немаат разбирање за македонско национално чувство. Затоа ни се случуваат погубните ноторни грешки. Денес ги чепнаа битолчани, ама конзулите не се даваат. Утре повторно ќе се обидат во “Арсени Јовков”, ама на друго место ќе успеат. Нивниот екстремен и непримерен националистички експанзионизам е неверојатен. Дури може да послужи за пример на македонските политичари кои за ништо не ги бидува. Но, како по обичај кој може нив да им в сади ум, трезвеност, и барем малкуцка храброст. Сите сме нивни жртви. Во името на еднаквоста и националната толерантност 23 отсто од населението го уценува и лидерува со мнозинскиот остаток од Република Македонија.

МАНЕВРИТЕ НА МИНИСТЕРОТ

Зошто да бидеме нивни заложници? Ако има некое логичко и демократско објаснување нека го кажат. Ама доказите велат дека сме заморчиња на притисокот што го прави меѓународната заедница и нивните сојузници. Тоа ли е демократија. Стапот и морковот не важат за сите народи во регионот, односно истиот аршин не важи за Албанците. Тие за нив се новата Ариевска раса, жртвено јагне за спроведување на веќе видливите стратешки интереси на Балканот. Затоа корозијата на македонското општество е голема. Осамнуваат многу случаи на узурпација на власта и на правото за образование на мајчин јазик. Двете работи немаа никаква врска со едукацијата, наобразбата и описменувањето на народот. Се тука е политика, дури и дератизацијата и дезинфенкцијата станаа политичка и мафијашка работа. Табелата на министерот за образование е голема. Но, и отворена, бидејќи се уште има простор за маневрирање, манипулација, подметнувања итн. Неговите самоволија дури сега започнаа да се одвиваат. По проблемот со албанските средношколци во Куманово, кој рака на срце е наследен, но предизвикан од неговата кујна, и по надалеку поучниот пример со Шемшево, дојдоа на ред останатите. Дури онаму каде што нема никакви законски услови за спроведување на рамковната придобивка.

ПОПУЛИСТИЧКА ЕКСПАНЗИЈА

Фанатичната албанска упорност за спроведување на доктрината е веќе видена работа. Проблемите со албанското образование влече корени од деведесетите години на минатиот век. Тоа постојано го продуцираат албанските политичари, иако во одредени временски дистанци не постоеја законски, физички или какви други услови. Но, во идеите и настојчивоста секогаш предничеа. Така на пример, прво се послужија со косовското сценарио за наводните труења за да покажат дека македонската власт ги узурпира нивните национални интереси.

Меѓутоа, иако таквото сценарио не успеа да ги прошири нивните хоризонти, сепак покажа колку претставниците на македонскиот политички естаблишмент е порозлив и подложен па поткупливост. Затоа нивниот притисок се насочи кон Педагошката академија во Скопје. Потоа се влошија односите во медицинското училиште “Панче Караѓозов”. Набргу се роди сега признаетиот универзитет “Мала Речица”, кој покажа дека инструментите за контрола и одржување на јавниот ред и мир во Република Македонија се начнати. По класичната меѓунационална војна во 2001 година, која за сите правници претставуваше класичен пример за менување на Уставот по пат со сила, се поставија сите услови за новите политички барања. Тие овозможија поголемиот дел од македонскиот народ и другите заедници да се чувствуваат како заложници на нивните надувани и претенциозни барања. До сега никаде не стана збор за подобрување на квалитетот на образованието, туку за квантитативно зголемување на паралелките. Оттаму може да се каже дека албанската, политичка и националистичка и популистичка експанзија поприма сериозни размери. Таа во моментов е најголемата закана за опстанокот на македонскиот народ и Република Македонија. Затоа ќе мора многу бргу да се одговори на предизвикот, чии корења длабоко се втемелени во општеството. Тие го нарушуваат природниот тек на развојот на настаните. Но, се и повод за нови судири и разидувања. Во тој контекст одат сите досегашни експериментирања на сегашниот министер за образование кој тврдоглаво ја тера старата албанска политика. Меѓутоа, кога на теренот ќе се судрат националистичките вжештени глави нема мир и благосотојба, а уште помалку прогрес и наобразба на младите генерации. Тие се повеќе ги решаваат проблемите со тепачки и со улични протести и нереди, што сепак се вистински одраз на игрите на постарите лица.


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"