|
ВЕРАТА НАША РИСЈАНСКА
Ѓаконијата - насушен чин за една голема трпеза на љубовта
"ЉУБИ ГО БЛИЖНИОТ СВОЈ ПОВЕЌЕ ОД СЕБЕСИ"
Пишува: Драган ЗАФИРОВ
- Втората Божја и најголема заповед можеби е и појдовна размисла кон
вистинскиот правец во верувањето на Светата Библија. Божјиот закон е за
секој примерен верник кој има чиста вера, во Божјата благодет и сила.
- За владиката Агантангел, ова е едно пресветло благодарно дело кон
сиромасите, кон сите оние верници кои од оправдани причини немаат можност
да го примат насушниот благодет кој им го дава Господ и Црквата.
Т оа што го направи митрополитот г.
Агатангел е незаборавен сегмент на едно братољубие кон човекот, како основен
предизвик кон милосрдието, кон љубовта, кон Божјата премисла, за една голема
молитва кон тие Божји чеда кои се наоѓаат во една битка за својот опстанок.
Владиката на Брегалничката епархија, митрополитот Агатанел, соѕида една
мошне блажена хуманитарна мисија која заслужува посебна почит и голема
благодарност, што во православната црква претставува едно големо духовно
материјално дело со епитет "Љуби го ближниот свој повеќе од себеси". Втората
Божја и најголема заповед можеби е и појдодовна размисла кон вистинскиот
правец во верувањето на Светата Библија. Божјиот закон е за секој примерен
верник кој има чиста вера, во Божјата благодет и сила.
БЛАЖЕНА МИСИЈА
Ѓаконијата не е само милосрдие, туку и мисионерство и еден голем верски
продукт во вистинското духовно воспитување. Затоа Ѓаконијата одигрува еден
навистина голем чекор кон силата на нашата црква, верата и братската љубов
кон сите верници кои му служат на Господа, за спасението на својата душа и
очистувањето на телото од гревови. Затоа хуманитарното дело е воедно и
голема молитва кон нашиот спасител.
Забележуваме дека некои верници ја злоупотребуваат Ѓаконијата и нејзината
блажена мисија. Не е дозволиво во работата на Ѓаконијата некои членови на
наведената организација да се однесуваат како инспектори и да ги преминуваат
границите на дозволената доверба која му е дадена. Се претставуваат со
нехристијански постапувања со недоследна селекција меѓу верниците,
употребувајќи зборови и однесувања кои немаат ништо со милосрдието и
братската љубов кон ближниот. Некои пак користејќи го својот авторитет како
член на Ѓаконијата паѓаат во грев со недостоен речник во кој нема никаква
љубов, туку само со зборови за озборувања, клевета поткрепена со подлост за
да се дискредитираат оние што нешто даруваат за црквата и не дозволуваат да
се јавуваат аномалии во мисионерската работа на хуанитарната организација.
ДУХОВНА ПРОЗБА
За оваа голема духовна хуманитарна организација со голем Благослов на
Спасителот Господ Исус Хрисотс, таквите горди верници кои се во
раководството на Ѓаконијата, забораваат дека го рушат ова свето хумано дело
и му нанесуваат сенка на блажената љубов кон ближните и несомнено паѓаат во
еден тежок Грев. Сестра Ангелина е столбот. Таа е солза на љубовта. За
владиката господинот Агатангел, ова е едно пресветло благодарно дело кон
сиромасите, кон сите оние верници кои од оправдани причини немаат можност да
го примат насушниот благодет кој им го дава Господ и Црквата. Затоа во
Ѓаконијата треба да владее вистинска духовна молитва со која би си ја
извршила својата благотворна мисија. Таа ќе прерасне во една уште поголема
трпеза на љубовта која ќе се најде насекаде во повеќе цркви, и ќе ги зголеми
деновите на исхрана не само во Скопје, туку и во целата Република.
Благодарноста на тие што се хранат е најголемата упатена духовна прозба и
молитва кон нејзините мисионеи што ја градат љубовта.
Амин!
|