Неволјите со Мајка Тереза!?

Иако прашањето не е смешно, со некои свои елементи "вревата" околу него потсетува на црниот хумор до режисерот Алфред Хичкок во филмот "Неволјите со Хари", каде повеќе лица го откопуваат или го закопуваат телото до Хари мислејќи дека секој од нив го убил починатиот и на крајот се заклучува дека покојникот умрел од природна смрт!

Да се имаат различни мненија за некои теми, работата е нормална, па и потребна таа е една од карактеристиките на демократијата, што е и еден од факторите за прогресот. Сепак, во ова никако не спаѓаат флагрантните лаги како на пример: на француското национално радио еден Албанец, без окото да му трепне сосема категорично тврдеше дека Мајка Тереза била Албанка, родена во Албанија. Или, друг пример, во некои западни енциклопедии не само што се побликувани слични изјави, туку и името и презимето на Мајка Тереза се напишани со албански правопис. Ние би сакале да видиме документ од матичен уред каде идентитетот од Мајка Тереза е напишан со албански правопис. Таков документ, оригинален, не постои. Од разговорот со еден помлад Албанец настанат во западна држава "дознавме" дека не само што Мајка Тереза "била Албанка", туку и дека Бојаџи било типично албанско презиме, какво не постои во Македонија, па младиот човек излажан од некого, беше сосема изненаден кога му се одговори со фактот дека во Македонија постојат многу презимиња Бојаџиев, Бојаџиевци, и дека зборот "боја" постои сосема нормално во македонскиот јазик.

Истото момче тврдеше дека Гонџа било албанско име што не постоело "кај Славјаните" од Македонија, па требаше да биде информиран дека тоа име во Македонија е забележано уште во деветнаесетиот век, а веројатно постоело и пред тоа време, и дека е изведено од имиња какви што се Гона, Благородна, Горица, Гроздана и други. Албанецот престана да се противи кога му се рече дека по прашањето за "Македонците-Славјани", Македонците се пред се и над се Македонци. Престана и неговиот "револт" заради проектот да се издигне споменик на Мајка Тереза во Рим изграден од Македонија, па дури и побара нов разговор "пред филџан кафе", оти му стана јасно дека неговите познавања на нештата се еднострани и полни со празнини.

Доколку ги апстрахираме сите овие работи, сепак останува фактот дека граѓаните на различни држави во странство си го даваат името на државата од којашто потекнуваат, без оглед на нивното етничко потекло. Еден Арап од Франција, бел или "црн како јаглен", ќе одговори дека е Французин, а не нешто друго. Се среќаваат Албанци во странство со македонски пасоши кои кога ќе бидат прашани што се по националност, одговараат дека се Македонци, што е сосема нормално бидејќи потекнуваат од Република Македонија и се претставуваат пред странските власти со македонски документи. На странците чудно и неразбирливо би им било ако таквите одговорат дека се Албанци, како и што би им било чудно кога некој Американец со хиспанистичко потекло би им рекол дека е Мексиканец, или нешто друго, а не Американец од САД. Освен горното, треба да се подвлече фактот дека Мајка Тереза кога зборуваше имаше индиски акцент, што на моменти е многу сличен со интонациите од јазикот на Ромите во Македонија (а да не зборуваме и за некои ромски зборови што се сосема исти со индиските и по изговор, и по значење).

Но, "битката за Мајка Тереза" крие во себе нешто многу подлабоко и поопасно за македонскиот народ и за малцинствата во републиката. Имено, постојат по традиција сили што се трудат да & го одземат на Македонија сето она што прави една нација да биде горда со своето минато, со својата сегашност, и со тоа, да & се одземе иднината, слободата, независноста, сплотеноста за борба во битните домени, т.е. да & се уништат имунитетните одбранбени сили. Добра илустрација за оваа вистина е примерот на САД, држава што по својата мултинационалност потсетува на Вавилонија од Библијата. Иако САД е една од најмоќните и најбогатите држави во денешниов свет, таа млада нација, чие историско минато е нешто постаро од два века, меѓу другото измислува по филмовите и преку други средства "за широка потрошувачка" јунаци и настани што никогаш не постоеле: Зоро, Бетмен, Супермен и тн., со што се оди кон поголемо сплотување на жителите и повисоко издигнување на нивната национална американска свест, на нивната гордост што се Американци, и дека е факт оти иако многу од популацијата имаат различно странско потекло, нивни општ интерес е да бидат приврзани кон нивната американска држава, да ја бранат, а работејќи за неа работат и за својот личен интерес. Ова што важи за американскиот колос, очебијно важи и за мали држави каква што е Македонија, земја и народ што имаат древно богато минато, стара култура, интересна сегашност што моментно е маскирана од тешкиот економски и друг период што сега го измачува нејзиниот народ, та послабите карактери или неупатените не гледаат со оптимизам кон иднината на Македонија, што им е пријатно на непријателите. Постојат и мислења дека наместо да се издигне споменик на Мајка Тереза во Рим, подбро е да се издигнат споменици на многубројните македонски светици и светители, маченици за христијанството. Наше демократско право е ако од една страна ги почитуваме мненијата од други, да не ги споделуваме било целосно, било делумно. Имено, Мајка Тереза е славна во целиот свет, но малцина се оние кои ги познаваат македонските борци за верата, та издигнувањето споменици за нив во голем дел би било идентично по резултатот на удар со сабја во вода! Во врска со ова прашање стратегијата и тактиката соодветно е да бидат поприлагодени кон денешниот свет во голем поплавен од филмови "мејд ин УСА", што значи дека треба да се изберат житијата на два-три маченици за христијанството, Македонци, како на пример Света Злата Мегленска и други, да да се направат филмови во копродукција со странски филмски претрпијатија. За таквиот филм да има ефект на западните пазари, освен скруполозното точно пренесување на животот и смртта од главната личност, секако е потребно да се внесат елементи што ќе ги задоволат денешниот вкус на голем број од светската публика: второстепени измислени ликови со љубовна тематика, борба, динамизам, авантура итн., оти во спротивно филмот малцина ќе заинтересира. Неопходно е во таквиот филм да биде смешан и некој странец, жена или маж, на минување во Македонија од епохата во која се случува акцијата на филмот, бидејќи и покрај тоа што светот стана релативно мал заради денешни мешања, а и преку брзите транспортни средства, национализми, па и шовинизми се доста акцентирани, и последично, странецот сака да види во филмот (или да чита во книга) и некој свој сонародник. Оваа "рецепта" за книга, или за филм води сметка за сегашната филмска или читателска публика во голем број држави. Ова е добра тема за размислување и за работа на македонски писатели, креатори на филмови, и на евентуални спонзори. Но, досега реченото ни во никој случај не е пречка освен за Мајка Тереза, да се прават и споменици или кадра на македонски светци, светици, маченици, во Македонија, па и во македонките државни или други претставништва во странство, се разбира без воопштување, без напади на пример против турскиот или против други народи.

Даниел Мелвил


Есхатолошки форум во Охрид

Август, две илјади и трета година. Неколку денови пред големиот православен празник на Пресвета Богородица. Велам, православен, затоа што имаме навика едноставно да речеме дека е верски. Па нормално дека е верски, но мора да се нагласи дека е православен. Го споменувам времето на пишувањето на овие редови, од две причини. Првата причина е тоа што незнам каде и кога ќе го понудам напишаното и дали воопшто текстот ќе биде објавен. Втората причина, пак е надежта дека по нашите молитви кон Пресвета Богородица, оваа абразивна дружба да не се одржи.

Длабоко разочаран од настанот именуван како"прослава на стогодишнината од Илинден" и скршен од многу други тековни гротески, се решив за овој одвратен собор да прокоментирам уште пред да се одржи (ќе кажам на крај зошто, евентуално, би се одржал). Во донесувањето на ова решение на мојата лична влада и моето лично собрание голема улога одигра увертирата на овој форум, која кај мене предизвика силно неспокојство, па затоа не почувствував потреба да го сочекам официјалниот почеток. Кога сме веќе кај самиот збор форум, кој во денешно време означува надлежно место, меродавен суд или јавно место, без никаква грижа на совеста ќе речам: овие искомплексираниве си го определија второто значење на поимот. За што станува збор? Во втората половина на август (според црковниот календар) најавена е реализација на некој меѓуверски и меѓунационален (јас би рекол вавилонски) проект, наречен "Дијалог на цивилизацијата" и тоа токму во Охрид. Како ополномоштени авангардни претставници, за омекнување на теренот, се појавија поситните масончиња, во ликот на банкарот - полицаец Хари Костов и идеалната фаза за пантомима - Лорен Батлер, како членови на "ротари клубот", пиејќи кафе во Вевчани. Второ кокиче беше либерал - демо(но)кратот и наш сиктер градоначалник Ристо Пенов, кој во Охрид одржал трибина "Религија и политика". Да се разбираше барем малку во едно од двете, ќе беше добро.Толку за предвесниците (читај - пионерите во слободното ѕидарство). По нив, на пеколната (од прокелтство) сцена ќе истрчаат инкарнираните демони: сомнителни нобеловци, верски лидери (!?), рабини, надбискупи, политичари и бизнисмени. Сума сумарум - светскиот џган, докажаниот "крем" во борбата против ортодоксната вера. Треба ли дополнително да ви играм по трпението и да ве информирам дека сето тоа страшилиште ќе се одвива под покровителство на чудното создание - Борис Трајковски (кој ли му даде такво убаво име)?

Тие се актери, кои ги познаваме и без да ги видиме на дело. "Тие се слепи водачи на слепци: а кога слепец води слепец, обата ќе паднат во јама" (мт.15,14). Тие се екстремни материјални богаташи (дијаметрално спротивни на морален и етички план), за кои светиот руски народ знае да рече: "богатите се како сивите коњи - ретко успеваат" (Александар Солженицин - "Август четиринаесетата").

Ѕверовите кои го распарчуваат светот ќе дојдат да ни го осквернат Охрид и Охридското езеро и ќе воделе "дијалог на цивилизациите", понесено од "идејата за толеранција"! Па, како може луѓе мои, за цивилизација да зборуваат најнецивилизираните? Како може, за толеранција да глаголат најнетолерантните? Со кој образ, не ми е јасно?Прво ќе те згазат, па ќе ти "подаваат" рака за да станеш. Најнапред ќе те наказат, за потоа да ги "философираат" како е лошо да си обезличен. Ах! Nihil rerum numanarum tam instabile ac fluxum Quam potentia sua vi nixa (ништо во човековиот живот не е толку непостојано како власта што се потпира врз својата сила). Или уште: "Суетност, суетност и насекаде суетност- дури и на работ од гробот и меѓу луѓето кои од возвишен побуди се готови да појдат во смрт. Суета! Тоа мора да е карактеристична црта и специјална болест на нашиот век" (Л.Н. Толстој - "Воени раскази").

Крвари Македонци нашето верско и национално ткиво. Некогаш повеќе, некогаш помалку, но сега изгледа најобилно. Да не даде Бог да биде и незапирливо. Сета лоша историја на македонската држава низ векови и векови, сите тирании и вазалства што сме ги трпеле од егзотични видиви, сега се збија и ни се случуваат за само неколку години. Не ме чуди толку тоа. Ме чуди нашето отпадништво од Христа, од Словото Божјо, ме чуди нашата незаинтересираност за болката која ни е нанесена. Се уште, можам да констатирам, со големо задоволство ги пееме песните, во кои "вера не менуваме", предавниците "ги обесивме", тој што влегол "жив не излегол" и др. Ама само ги пееме. Од целокупниот рекламен материјал за Охрид, со години слушам: Охрид е словенски Ерусалим, Охрид е словенски Ерусалим! Точно. Преубавиот Охрид е навистина словенски Ерусалим, но со што, со кои наши дела го потврууваме тоа? Не е логично, во тој наш словенски Ерусалим, да ни дефилираат словеноборци и антихристи. Не е логично во центарот на писменоста да самитуваат-неписмени. До кога ќе му се радуваме на УНЕСКО и до кога ќе постиламе цветни патеки под нозете на бројни мативоди? До кога ќе се самозалажуваме дека "трпиме, трпиме, но кога ќе ни пукнел филмот..." (?!) каков ли висококвалитетен нескршлив филм е овој нашиот?

Уште ли ќе си седиме мадро (најверојатно за да не носиме модро) и ќе глумиме мисија на набљудувачи во сопствената држава? Ќе кренеме ли некогаш глас за некои, кобни за нас, работи и случувања или довека ќе негодуваме и мрмориме во себе? Прославуваме (сосема заслужено) историски празници и личности, ги величаме нивните херојски дела, но никако да се наканиме да ги повериме во пракса. Останаа делата на великаните за нас, само минатото свршено време и чест повод за богати софри и кафански докажувања. Некои, во кафеаните и во други мали (но сепак големи) дуќанчиња, градеа држава, а ние безсрамно ја уриваме.

Господи, навистина ли заслужуваме вакво злокључение? Дали ни е тоа поради испитување на верата или ни е плата за нашите гревови? Па, си думам: Ако ни е поради зацврстување на нашата вера - многу ни е, не ќе издржиме, но ако ни е плата за нашите престапленија - малку ни е!

Лесно е да се биде православен формално, на уста, на фалење.

Но "ако мије не исполниме закон Христов, не смо ни Христиани. Пошто не смо христиани, а зашто сме?" (Ермонах Кирил Пејчинович - "Огледало").Бог да му душа прости на отец Кирил. Многу лесно не прочита, па можеби се најдовме повредени и навредени за тоа му го запустевме гробот. Вакви, какви што сме - за ништо не сме!

Борис Кривошеев


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"