ФОРУМ

АМАН ОД ТОЈ КОМУНИЗАМ

Коле Мангов, поет и публицист

Сите зла ни се наследство од тој комунизам. На академик Ѓорги Старделов и на учесникот од бугарска страна на средбата во Охрид - викендот( 13 и 14 септември) Михаил Неделчев по темата "Значајните личности од историјата - фактор на поделба или поврзување ", во организација на Фондацијата "Фридрих Нојман", би им порачал и така како што ја срочив првата реченица. Едно од злата на комунизмот е што не се соединија Пиринска Македонија и Вардарска Македонија во веќе федералната Македонија, па во независна Македонија. Тоа зло е длабоко и е во спротивност со мојата идеја низ тој комунизам за независна Македонија која во титоистичкиот комунизам сум ја изразил и низ стихови. Мало беше ова зло, па бугарскиот живковизам, Македонците не ги признаваше како национално малцинство во Бугарија. Средбашите во Охрид имаат став дека комунизмот подигнал "голем зид кој повеќе децении ги раздвојувал двата народа и дека со тоа се направени огромни штети". Тие не кажуваат во што се состоел тој "зид", како што кажувам јас, а штетите си траат. Во неживковистичка Бугарија не се признава македонското национално малцинство. Јас, како поет гостував меѓу Пиринските Македонци во 1997 година. Се осведочив во стравот што го доживуваат Македонците поради изразувањето на својот македонски национален идентитет. Тој страв е резултат на насилство од страна на бугарските власти, низ кое се применуваат перфидни средства кои жртвите немаат можност да ги искажат. Тоа насилство и тој страв не разделува, господа средбаши. Со перфидности Бугарија ги присвојува Македоцните како Бугари.

Грците си го присвојуваат Коте од Руља. И музеј му имаат направено во селото, сега наречено Котас. Србите не го ни споменуваат Јован Бабунски. И Бугарите нека си го сместат Тодор Алесандров во музеи заедно со неговата возљубеност во бугарската круна и нека го величат колку сакаат. Тројцата се највисоки претставници на македонските зла во еден историски период. Тоа е наша вистина. Таа вистина инсистира Бугарите да ни ги остават на мир македонските историски личности. Може Фондацијата " Фридрих Нојман" никој пат мене да не ме покани на нејзините тематски средби, иако покрај тоа што сум поетски автор, автор сум и на две публицистички книги: "За македонските човечки права" и "Во одбрана на македонскиот национален идентитет". Мене ми останува да го напишам овој запис, па и да се прашам: дали некој медиум ќе го објави.

Едно прашање за Бугарите: Да ли Србите ви ги присвојуваат етичките Бугари од северна Бугарија кои своевремно се изјаснуваа за Срби. Меѓу другото, и затоа оставете историските македонски личности ги на мир. Македонското етно-битие е вековито и многу слоевито. За уште една македонска насреќа да трае, во Македонија нема етнолошки институт.

Откако го напишав до тука текстот, гледам емисија за "Танец". Господа Бугари, не правете театар од себе.


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"