о поново време, а особено по
воведувањето на политичкиот плурализам во кој се создадоа посебни мали или
големи политички партии на Албанците, Турците и Босанците кои живеат во
Македонија, многу нападно се актуелизира и се легализира прашањето на
асимилацијата на исламизираните Македонци во Република Македонија. Тој бран
не го одмина ни нашиот град Скопје и пошироко, селата што гравитираат кон
скопската околија, каде се населени приличен број на исламизирани Македонци.
Тоа е факт кој е присутен секојдневно во нашето опстојување во државата
Македонија, каде систематски се вршат тие притисоци, и секојдневно се
потценува населението. За жал, таквите партии бележат успеси и не се за
потценување, туку се загрижувачки за понатамошиот опстанок на овој
македонски етнос, или заедница сега според најновите измени на некои уставни
категории. Дали тој ќе опстои или ќе биде постојана мета на споменатите,
деструктивните, националистички и шовинистички сили, многу ќе зависи од
вкупната грижа пред се на државната политика и во целина на државните органи,
а во нашиот случај од стојалиштето и способноста на градското и општинското
собрание, такви какви се, до донесувањето на нова локална поделба која се
планира во наредниот период да пристигне! Исто така е многу важен момент и
од способноста на политичките македонски партии кон досегашната грижа или
наредна за зачувување на културната и националната преродба на овој дел од
македонскиот народ. Основно треба да ја сфатат и прифатат како своја грижа и
задача, бидејќи културната и националната преродба претставува заеднички
проблем на целата држава Македонија, а не тоа да биде грижа само на некои
патриотски сили, кои немаат толку голема можност да ја следат и развиваат.
Во тој дел треба да се истакне значењето на институциите на системот,
органите на власта, а најмногу научните институции, заедно со политичките
партии, а специјално со тие кои се на власт, како и со другите организирани
сили, здруженија и слично, кои можат да ги согледуваат тие несакани
последици по тој "етнос". Во тој домен на правење на некои "индоктринации",
асимилации, заблуди, често пати преку јавните гласила до вас стигнуваат
такви надуени работи, дека овде, онде се отворило некое училиште, во кое се
учи друг јазик или писмо, само не на мајчиниот македонски јазик на којшто
зборува тој "етнос". Досега такви состојби имаше, но таквите немаат ништо со
вистината, зашто таа има друга логика, дека нашиот народ кој многу векови
живее и работи со својот искрен Македонец во државата Македонија, тој си ја
сака и поддржува како своја држава, па аналогно на тоа сака и да си ја брани!
Благодарение на нашите (колку што можевме) укажувања донекаде се преземаа
мерки ваквите и други ујдурми да се спречуваат, бидејќи тие се противуставни.
Според законските и други прописи, за таа тема, сето тоа е многу значајна
улога што ја игра верскиот фактор, кој за жал веќе не е само верски, туку
повеќе политички фактор. Заедничкото делување на политичките партии од
здружувањето на сите, е да се остави се помалку простор за нашиот "етнос", а
ние да се бориме против сите тие нечовечки и прости деструкции и закани дека
Македонците "се тие" кои сакаат вас да ве покаурат, со тоа што велат дека
Македонец- Муслиман, не може да остане таков, зошто ќе нема кој да го закопа
и ред други антимакедонски пароли со кои се сака целосно да се отстранат
Македонците Муслимани од македонската нација.
Тука во тој дел на нечесни и лажни инсинуации, во последно време се
повеќе се игра преку уфрлањето на лицата оџи, кои проповедаат повеќе во
населените места со наш "етнос" да држат петочни проповеди на чист албански
или турски јазик, неразбирлив на повеќето наши молители во тие собири. Тука
би требало да се забележи дека има свој дел и самото Министерство за
образование кое седи понастрана и гледа сеир, што ќе биде, ќе има ли
реакција и кој е тој што ќе поднесе некоја писмена петиција, дека и нас ни
треба куранот, и ние сакаме да го слушаме и разбираме на наш македонски
јазик. Во повеќе места тоа веќе стана практика и скоро низ цела држава
Македонија, каде има наш "етнос" се испраќаат оџи-имами само кои
комуницираат на албански и турски јазик. Па сега вие како јавен медиум
оценете дали е пријатно да седнеш и слушаш само зборување на јазикот кој не
го познаваш. Такви состојби сме имале и ќе имаме зашто често пати сме биле
принудени да интервенираме преку некои органи и некаде преку власта, да се
стопираат таквите нелогичности кои му штетат на угледот на целата држава
македонска, зашто тоа се пренесува и во некои други надворешни земји, кои
што се блиску до нашата. Во тој дел, а особено за град Скопје, каде можат на
прсти да се избројат кои се тие џамии кои вршат молитва на наш македонски
јазик, во градот нема ниедно такво место, но само во приградските населби ќе
може да се сретне да се исповеда на нашиот разбирлив македонски јазик.
Според некои наши согледувања во Скопје живеат над 850 семејства на
Македонци - Муслимани со исламска религија, кои се снаоѓаат за тој
религиозен дел да се прифати и потчини под актот на оџата кој го зборува
другиот јазик. Зашто се уште во Скопје, доминантен фактор е верскиот во
споредба со националниот, во кои жителите на градот и околината се повеќе
семејства со исламска религија, како што се и жителите од западна Македонија,
Радика, Дебар, Струга и струшко, кичевска, бродско од Повардарието, и голем
број на Горани, а за нивниот "статус" се уште не може да се изнајде
меѓудржавен концензус како да се реши и со години се тапка во место.
Овде сакаме со посебен осврт и силина да го истакнеме тој вечен проблем
кој стои нерешен, од кои причини не ми е познато, но знам дека ако се сака,
се разбира од двете заинтересирани државни страни. Верувам дека би можело да
се разреши за доброто на граѓаните, кои се веќе дојдени до многу тешки
состојби. Нашите сограѓани од Гора, веќе подолго време се ставени под вршник
и им е жешко, бидејќи кон некои органи немаат правилен однос. Иако
официјално тие се Македонци-Муслимани, кога се работи за остварување на
некои права како што ги остваруваат и другите граѓани, тие не се рамноправни
во иста положба како сите други граѓани. Тоа може да се потврди и преку
обични вадења на документи, преку стекнувањето на правото за здобивање на
државјанство, што им се јавуваат повеќе тешкотии. Иако се наши жители, тој
дел на своето право веќе подолго време не можат да го остварат. А пак контра
на тоа имаме некое друго решение каде што дојденците во Македонија, од
Албанија, Грција и Бугарија, со такви проблеми исто така нема да го остварат
таквото право и ако за нивното докажување е потребно само изјава или
биографија за нивното место на раѓање и национална припадност. Ова го
сметаме како неоправдано и неадекватно кон сите Македонци што се надвор од
Македонија, а во случајот станува збор за Македонци со исламска религија од
областа Гора.
Што се однесува до населението од скопска околија, градското население е
на повисоко културно ниво. Меѓу нив има бројна интелегенција од разни
профили, со средно, вишо и високо образование, добар дел квалификувани и
образувани занаетчии, дуќанџии и други профили, со кои можеме да се гордееме.
Нивните деца се школуваа на мајчин македонски јазик, но има и такви што се
врбувани од други припадности или заедници, поради објективни и субјективни
фактори. Ваквата образовна, квалификациона и друга материјална структура на
ова наше население на град Скопје, дава малку пошироки можности за полесна и
поуспешна работа на планот на културната и националната преродба на
Македонците - Муслимани, отколку што е случајот со населението во скопските
села, чие културно образовно ниво е на пониско стапало и под влијание на
верско - муслиманскиот фактор полесно прифатливо за индокринација,
асимилација и заблуди од страна на некои домашни емисари! Таквата состојба
ни налага посериозно да ја сфатиме положбата и да преземеме најенергични
мерки во соработка со градското собрание, собранијата на општините и со
помош на органите со законски мерки, за да спречиме некои аткивности кои ги
планираат и прават некои политички партии на терен. Посебен став треба да се
заземе кон дисидентите од редот на Македонците - Муслимани кои свесно се
одметнале од својата македонска нација и им слугуваат како платеници и
идеолози на малцинските партии. На полето на разоткривање и бојкотирање на
деструктивните елементи од редот на Македонците -Муслимани кои неминовно
поминале од другата страна на барикадата, треба смислено и практично да се
работи, да што помалку ги имаме излетите на тоа поле, што помалку одат и се
приклучуваат кон некои други партии од нашата "етнос" за некои ситни услуги
или давање на потрошени материјални добра за санирање на домашните состојби.
Исто така треба да организираме и посебни состаноци со наши активисти со
цел правилно информирање на населението за нашата македонска националност и
за последиците од одењето во друг етнос. Во овој дел исто така треба да се
договорат термини кои ќе значат нови активности, и разбивањето на фактот со
одењето кон некои други средини, за да се објаснуваат сите слабости кои го
слабеат нашиот етнос, и дека врската треба уште повеќе да се зацврсти и
контактите со населението од наш "етнос".
Оваа би била можеби најактуелниата, сега макар да постојат и некои други,
кои што ќе треба научно да се потврдат дека вистината е таа и не треба да се
бега од неа! Претстојните секојдневни задачи за кои што ќе бараме и целосна
соработка на сите полиња од нашето секојдневие со сите фактори, кои ќе бидат
заинтересирани да соработуваат, без разлика на верата за кои сметаме дека е
приватна работа. Ние ќе мораме конкретно да искажеме желба работите да ги
договараме со нашето градско собрание на Скопје, како и со општинските
собранија кои се во делот на градското собрание, како и со некои органи и
тела од Републиката, но се разбира и со некои политички партии кои се
контабилни кон нашиот "етнос".