ко не беше АСНОМ ќе ја
немаше ниту- денешната самос-тојна и суверена Ре-публика Македонија!”.
Со овој излитен рефрен репрезентите на поразената југословенска опција како
да сакаат да го амортизираат и рехабилитираат својот едноумен дебакал
доживеан со распаѓање на авнојска Југославија и трансформација на
асномска Македонија, па затоа треба да се прокоментираат некои
спротивставени погледи. Колку за вовед да се потсетиме на авторитетните
мислења и тврдења на повеќето македонски идеологизирани морално-политички
подобни научници од државно-правната материја, изнесени во повеќе свои
трудови, меѓу кои одбележани и во Зборникот на реферати од научниот собир-АСНОМ,
одржан од 29 до 31 октомври 1984 година во Скопје:
“… Конституирање на македонската држава како рамноправна и слободна
демократска федерална единка во рамките на Демократска Федеративна
Југославија…”.
“… АСНОМ ја прокламира Македонија за рамноправна федерална единка во
состав на ДФЈ…”.
“АСНОМ го прокламира конституирањето на македонската национална држава
како рамноправна членка на Југославија…”...
Горе изнесените ставови, најблаго речено, ненаучно, дневнополитички се
официјализирани и злоупотребувани во македонската понова историја. За да
авторот на текстов не остави впечаток на малициозност и нихилизам кон
решенијата на АСНОМ, ќе потврдам дека повеќето негови решенија навистина
имаат историски значења, меѓутоа, фактографијата е разочарувачки тврдоглава,
оти: во документацијата на АСНОМ воопшто никаде не се спомнува Решение со
кое Македонија државотворно се дефинира како македонска национална суверена
држава, ниту пак се конституира како федерална единка во состав на ДФ
Југославија!
Потврда повеќе за овој факт зборува и аргументот од Документи, том
втори, издание на Факултетот за филозофско-историски науки, Скопје, 1981
година, документ бр. 288, стр. 614-,-“Проглас од првото заседание на
АСНОМ до македонскиот народ”, каде пишува, дека АСНОМ го донел и
следново Решение /цитат/:“1. Македонија ја прогласи за федерална
држава во нова ДФ Југославија…”- но, со фуснота 879, која
дообјаснува:”Посебен документ за прогласување на Македонија за федерална
држава во нова ДФ Југославија НЕ Е ДОНЕСЕН, туку, произлегува од контекстот
на другите документи презентирани и усвоени на Заседанието, како и
прифаќањето на одлуките донесени на Второто заседание на АВНОЈ во 1943
година”. Од реченото произлегува дека историјата може да се пишува и
“по аналогија”, “во контекст, “со подразбирање”, па дури и со “матеница”,
што за една сериозна наука и уште посериозни научници е нон-сенс.
Еве малку историско-политичка хронологија колку за потсетување. по
неуспешната мисија на белградските партиски емисари во Македонија за време
на Втората светска војна, Л. Колишевски, Драган Павловиќ-Шиљо, Добривое
Радосавлевиќ-Боби, од почетокот на 1943 година како делегат на Врховниот
Штаб на НОВ и ПОЈ во Македонија доаѓа Светозар Вукмановиќ-Темпо, за да ја
активира, профилира, контролира и раководи НОБ во Македонија. За илустрација,
еве како Темпо ја отсликува партиско-партизанската состојба во Македонија во
својата прва писмена информација од 8 август 1943 година до ЦК на КПЈ :-
”...Партиските организации организационо беа во распаѓање… Во текот на 1942
година имало 6 одреди со по 10-15 борци и сите се разбиени, освен битолскиот
кој преминал на албанска територија… Го формирав ЦК на Македонија во состав
на КПЈ… Целото движење го насочив кон соединување на Македонците со другите
народи на Југославија… Македонските партизани од “грчка” Македонија
сакаат да влезат во состав под наша команда, но ние тоа го одбивме”.
Во своето писмо од 10 август 1943 година до ЦК КПМ, Темпо, покрај другото
ги прекорува македонските комунисти: ”…Ние доволно енергично не удривме
по тие “автономистички” тенденции, кои во голема мера ја зафатиле
нашата партиска организација во Македонија и кои се изразуваат во
инсистирање, нашата партиска организација во Македонија да ја одделат од
составот на КПЈ и да ја изолираат борбата на македонскиот народ од борбата
којашто ја водат другите народи на Југославија…”/подвлекол Темпо/.
Значи ли ова, дека и во НОБ имало македонски сепаратизам, кој со
енергичен удир е ликвидиран?! Во том 7 од Историскиот архив на КПЈ,
Белград, 1951 година -“Македонија во НОВ и народна револуција”,
рецензентот и коментаторот кон ова издание, Лазар Мојсов, на стр. 410, во
фуснота 164 ќе запише:- “…Во текот на НОВ, КПМ дала мошне многу жртви во
борбата со бугарската фашистичка полиција и војска - вкупно 539 членови
на партијата…”. Неверојатно! Загинатите борци до манипулативната
бројка од 25 илјади не биле членови на Партијата, туку, во борбата, од
љубов кон неа и за неа загинале!
Индикативна е илустрацијата за карактерот на македонските партизански
одреди изнесена во писмото на ЦК КПЈ до ПК за Македонија, потпишано од Тито
/за Драган Павловиќ, делегат на ЦК КПЈ во Македонија, октомври 1941 година/:
-“…Наскоро ќе ви испратиме еден посилен партизански одред од Србија…
Настојте вашите партизански одреди да бидат составени ‘ од
Срби и од Македонци’… Останатите другари Македонци и понатаму
остануваат овде, а кога ќе формираме одред за Македонија ќе ви ги испратиме...”.
Така, полтронските Македончиња послушни и верни на својот вожд ја
формираа Македонско-косовската бригада, забравајќи при тоа да
формираат барем еден Вардарско-пирински или Вардарско-егејски партизански
одред (!!!). И без коментар, работата е јасна!-“Каде сте, Македончиња,
каде сте, кај отидовте…!?
Делегатот на ЦК КПЈ во Македонија, Добривое Радосавлевиќ-Боби, во писмото
до ЦК на КПЈ од 24 септември 1942 година ќе напише:- ”…Многу партиски
организации (во Македонија, з.м.) суштествуваат само на книга, а всушност не
суштествуваат… Голем број на илегалци се уште без работа се меткаат по
градовите, а нејќат и ги одбегнуваат партизаните. Бидејќи немаат врска и
техника седат и не работаат…”. Оваа констатација до денес никој не ја
демантира, ниту коментира!
Идејата и концептот за понатамошната активност на НОБ во Македонија се
интензивира дури есента 1943 година во зависност од воено-политичка состојба
на светскиот воен фронт и од инструкциите на Темпо. Каква коинциденција!
Главниот Штаб на НОВ и ПОМ во тоа исто време го објавува својот познат (Темпов)
Манифест, упатен до македонскиот народ, со кој македонската НОБ
дефинитивно и историски се определува за вклучување на Македонија во
состав на Југославија: - “…тој вековен идеал на нашиот /македонскиот,
з.м./ народ ќе може побргу да го постигнеме во една Титова
Југославија…”. Индикативен е и фактот што потписникот на Манифестот,
командантот на Главниот штаб М. Апостолски, го потпишува како “Генералштабен
мајор на бившата југословенска војска”. Колку за потсетување, таа
бивша монархофашистичка југословенска војска за Македонија и Македонците
е окупаторска, српска, и никако поинаква!
Кога Главниот штаб го скрши интелектуалниот отпор на иницијаторите на
АНОК (Антифашистички народно-ослободителен комитет), кои инспирирани од
македонскиот патриотизам со своите Забелешки /приговор/ се
спротивставија на фамозниот Манифест, се пријде кон создавање на
Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ. Така, Одборот со писмо од 14 март
1944 година упатено до сите НОО во Македонија, инсистира да се одржат
изборни собранија, препорачувајќи избор на делегати за АСНОМ, но, -”…тие
треба да бидат луѓе согласни со политичката линија од Манифестот на Главниот
штаб на НОВ и ПО на Македонија…”. Со вакво прејудицирано и наметнато
решение, 115-те нелегитимни делегати на АСНОМ селектирани од Партијата и
Темпо, ја запечатија судбата на македонскиот народ, како југословенска
федерална единка, забравајќи при тоа дека Југославија од 1918-1941
година беше монархофашистички крвав окупатор на овој дел од Македонија. А,
народот? Кој, кога и каде го прашува народот!? Тој е само да р’мба, да плаќа
данок, да војува, да гласа, да молчи и да трпи! Уште малку потсетување. Во
јуни 1944 година Претседателот на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ
, М.А.- Ченто и членовите М. Чучков и К. Петрушев, се разбира, без Темпо
никако, заминуваат на островот Вис каде со југословенското раководство на
чело со Броз треба изворно да поразговарат за иднината на Македонија.
Поконкретно, Иницијативниот одбор загрижено се интересира, како
југословенскиот врв гледа на идното македонско обединување и демократското
државно уредување? Се разбира, Броз со својата шармантна демагошка итрина,
ноншалантно и мазно ја одработува македонската делегација,
убедувајќи ја дека овој проблем во иднина успешно ќе се реши , “оти
сега не било време!”. Сигурно пак било врнежливо! Измамените
Македончиња си ја свиткаа опашката, си плукнаа на опинците на пат за
татковината, придружувани од Темпо, генералот Павле Илиќ, кого Тито тогаш н&
го салдиса како началник на македонскиот Главен штаб, заедно со
сојузниот функционер за безбедност, Мијат Вулетиќ, кој да ја организира и
раководи ОЗН-а за Македонија. Со овој маневар на Македонија конечно & се
крши ‘рбетот и натнува оглавот. Се разбира, остенот, сам по себе се
подразбира! Затоа неколкуте години по војната македонската УДБ-а директно е
организирана и раководена од српско-црногорски полициски кадар, првенствено
за ликвидирање на македонскиот родољубив национален сепаратизам /Мијат,
Мишковиќ, Јоксимовиќ/. За окончување на воените операции во Југославија, на
Македонија & се наложи како влезница во Нова Југославија, на Сремскиот фронт
да испрати воен Корпус /Петнаесетти/ од 20-25.000 борци, предводен од
натурениот српско-црногорски команден кадар, од кои 2.000 борци животите ги
оставија по сремските мочуришта, а три илјади останаа трајни инвалиди. Во
оваа констелација познат е револтот и бунтот на македонската Артилериска
бригада, немилосрдно ликвидиран како контрареволуција! Па сега, вие,
титовите стоилјадни (по ослободувањето мобилизирани) македонски борци
од НОБ и социјалистичката револуција, погледнете за каква вазалска
македонска држава сте се бореле и 25 илјади загинале!
Е, па другари, знаете ли, а секако знаете, дека во меѓувреме од 1945 година,
па наваму, кога вие ликувавте во југословенството, социјализмот и титоизмот,
имаше и други Македонци, како дел од македонскиот народ, кои и денес
вие лажно, омразно и љубоморно ги третирате како фашисти, ванчовисти,
врховисти, американски шпиони (!) и уште што ли не, кои не се сложуваа со
онаквото ваше историско решавање на македонскот прашање, па на некој
начин истите & се спротивставуваа на таа Југославија, отфрлајќи ги при тоа и
другите соседни големодржавни антимакедонски врховизми. За таков свој
грев, за љубовта кон идејата за самостојна, обединета и суверена
национална држава на македонскиот народ, на народ со издиференцирана
македонска национална самобитност, верифицирана и на реферндумот
од 8. 9.1991 година, партиската полиција-УДБ-а и народното,
морално-политичкото судство, нас, неколкуте илјади македонски непокорни
сепаратисти, немилосрдно не прогонува, суди, тероризира и убива.
Лишувани од слобода и присилувани на тешка физичка робовладетелска деноноќна
исцрпувачка работа по разни логори и работилишта, создававме материјални
вредности кои и до денес од државата не н& се исплатени, ниту за тоа
обештетени. Каква иронија! Сите југословенски сојузни устави демагошки
предвидуваа право на народот за самоопределување, со право на отцепување,
а кога некој ќе го спомнеше отцепувањето, беше прогласен за еретик. Со
еретиците се знае како се справуваа црвените гладијатори, нели! Горчливата
вистина беше дури опеана и во партизанската песна:”...Кој н& пречи на пат
го убиваме, револуцијата браниме. Ја, хеј, ја, хеј, ја, хеј...ја, хо, ја, хо,
ја, хо....!”
Наместо наравоучение, еве една демагошка но вистинска анегдота: Кога во
Шпанија по граѓанската војна победи фашистичката Франкова фаланга,
нацистичкиот диктатор Франко нареди, загинатите фалангисти и републиканци да
се погребаат во заеднички гробници, велејќи:”И едните и другите како
Шпанци се бореле и загинале за поубава и посреќна Шпанија!”. Еве повод
за сериозни коментари, размислувања и полемика, но без органска и политичка
нетрпеливост. Коментари, со спротивставување на факти и аргументи, а не
паушални импровизации, плуканици и дисквалификации! Така, ами како?!