ВЕРАТА НАША РИСЈАНСКА

Веронауката во училиштата се уште стагнира

ВОЗНЕС КОЈ НЕ СМЕЕ ДА СЕ РАСПАДНЕ

Подготвил: Драган ЗАФИРОВ

  • Синодот и Поглаварот на МПЦ добро знаат дека државата без црквата е само една голема дупка во која се судруваат токму тие црни и грозни сили.
  • Македонија има своја силна Црква, силен духовен вознес и секаков колапс на вистината не носи во бездна.

Во новата учебна 2003/2004 година, во нашите училишни гнезда на иднината се уште мирува, драгоценото што го дава црквата - вероучението. Тоа од Бога благословено, ниту оваа година не доби виза, бидејќи државата ги заборави своите обврски коишто со Уставот се загарантирани. Сите верски светилишта, православната, католичката и исламската заедница, го одобрија тој духовен чин кој ја спасува нашата младина, којашто се наоѓа во лавиринтот на злобното небитие. Ваквиот потег е несфатлив и навредлив за нашата Црква и нашиот род.

Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, со децата - нашата Божја гордост

Ние веруваме во Божјото слово и Божјата моќ. Зошто тогаш некој не отуѓува од нив? Зошто ни ги затвора портите на спасението и не прогонува. Тоа е непочитување на една традиција, култура, минато. Тоа е непочитување на себеси.

ПРОПАСТ

Вероучението е силна терапија за да се стави крај на целиот процес кој со целата раштиманост, сите негативни пороци, наркоманијата, проституцијата, алкохолозмот, убиствата и самоубиствата го уништуваат тој духовен прецвет кој ни го дарува духовното спасение и Вероучението. Ова треба да го знае господинот министер за просвета, сите просветни органи и сите разумни луѓе. Владата треба да се присети колку голем грев носи за уништување на младите и децата.

Злобните луѓе нека си ги гледаат рацете оти тие се извалкани со тежок грев на уништување на државата и сите нејзини придобивки. Тие го уништуваат здравото ткиво, го уништуваат цутот на едно општество. Тоа е нашата младина. Тоа е конецот кон иднината. Црквата треба да се бори со целото свештенство како духовна целина да го сотре тој грозен чемер.

БЕЗДНА

Синодот и Поглаварот на МПЦ добро знаат дека државата без Црквата е само една голема дупка во која се судруваат токму тие црни и грозни сили. Погледнете ги сите оние држави кои со целиот свој сјај и ренесанса се разединети со тој чин со кој комунизмот мораше да создаде диктатура наместо духовно славослајве како што го имаат сите држави. Македонија има своја силна Црква, силен духовен вознес и секаков колапс на вистината не носи во бездна. Црквата и државата треба да бидат една стварност и хармоничност - барем така не учи Евангелието и самиот Господ.

Богатство на оваа наша драга држава е токму вистината на Евангелието, во разумноста и во светлината на нашите темели кои се бедемот на младите, а во нив е иднината, судбината и среќата на нашата светла држава. Умот, логиката на разумот треба да биде во рацете на државата и Црквата која е составен дел на нашата историја и вистината.


Апел од "Св. Јован Бигорски"

Почитувани,

Се обраќам кон Вас, знаејќи ја Вашата добра намера и желбата да помагате онаму каде што е потребно. Нашата молба е во врска со обновата на гостинскиот конак, подготовките за отворање погон за полнење природна-манастирска вода, и подготвувањето на материјал за разгледници и фотографии за монографијата на Манастирот.

Сакаме да напоменеме дека овие проекти се веќе подолго време барани од верниците и сите љубители на Манастирот и ќе претставува ретка можност за презентација на нашето духовно богатство овде, па и подалеку.

Меѓутоа, заради актуелната ситуација не сме во можност во целост да ги исплатиме трошоците за да можеме да го довршиме започнатото и затоа Ве замолуваме за спонзорство во границите на Вашите можности.

Нашиот телефон за контакт е 042/478 - 675, а жиро сметката е:

500-000000- 3835-65, депонент на Стопанска банка, а.д. Битола.

Однапред благодарни христијански Ве поздравуваме,

Христос помеѓу нас!

Архимандрит Партениј


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"