ФОРУМ
КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ЗЛО
Цане Циуновски, Скопје
Ц ел на написот е да поттикне на
размислување, но и дејствување, да се искорени еднаш засекогаш неприродната
навика што ја има само кај нашиот народ и кај ниеден друг народ на светот.
Тоа е поделеноста, неслогата, предавствата, егоизмот, неводење грижа за
другите припадници од својот народ. Така денес имаме поделеност и неслога,
но и непријателства по сите основи: пиринци, егејци, вардарци; СДСМ, ВМРО;
битолчани - прилепчани, и т.н. со правење невкусни шеги и исмевање на "противниците".
Ние сме народ што има многувековна меморија и во неговото живеење низ
веквоите барав период во кој било востановено вакво негативно однесување и
се стекнале неприродните навики на однесување. Сметам дека ако го откриеме
тој период и ако сме свесни до каде не однесе ваквото самоуништувачко
однесување, сме го откриле коренот на злото што не уништува, па ќе бидеме
мудри да го жигосаме и отфрлиме во интерес на нашата иднина.
Почнувам со еден цитат од Библијата, Прва книга макавејска, глава 1: "Александар
Македонски, синот на Филипа, излезе од земјата Хетејска и го победи Дарија,
персискиот и индискиот цар, и се зацари место него во Елада. Тој водеше
многу војни, презеде многу утврдени места и порази многу цареви. Дојде до
краиштата на земјата и ограби многу народи: целата земја молкна пред него, а
тој се издигна и срцето негово се погордеа. Тој собра многу силна војска, и
завладеа над многу краишта, народи и владетели, и тие му станаа негови
поданици. Најпосле падна во постела и откако почувствува дека ќе умре, ги
повика своите доверливи, кои заедно со него се беа воспитувале во младоста,
додека уште беше жив и им го раздели царството. И така, откако царуваше
дванаесет години, Александар умре. А неговите великодостојници владееја
секој во својата област. По неговата смрт сите тие се зацарија, ставија
круни на своите глави, а по нив и нивните синови во тек на многу години и
злото го умножија на земјата. Од нив произлезе коренот на гревот".
Од ова е јасно дека ние сме народот што го рашири злото на земјата, таков
народ не може да помине без божја казна, а казната наша е дека сме се уште
обезличени, недефинирани, последни меѓу народите. Овде ми е намера да го
опишам злото што Македонците го раширија по светот, злото што и денес не
уништува, а сме несвесни да го прекинеме. Тоа е борбата за власт. По смртта
на Александар во Македонија почнува граѓанска војна, крвава борба за власт
која траеше околу 150 години и ги донесе денешниве навики на однесување. Во
продолжение давам преглед на случувањата во Македонија од смртта на
Александар до паѓањето под римска власт.
323 10 јуни: Александар умира во Вавилон, не определувајќи наследник,
водач на големата империја;
Архидеј прогласен од пешадијата за крал;
Во август Роксана роди син од Александар, Александар Егеј;
Поморски битки со Грците кај Термопили;
322 Битки со Грците и победи кај Абид, Аморгос, Малијатскиот залив и
Кранот;
321 Крај на војната, безусловна капитулација на Грците во јуни;
Почеток на граѓанска војна во Македонија за власт;
Пердика ги поведе своите војници против Птолемеј;
Пердика убиен од своите војници;
320 Антипатер прогласен за крал, го назначил сина си Касандер за
наследник;
319 Умира Антипатер;
Полиперх назначан од собранието за крал, незадоволниот Касандер
собира војска и започнува со непријателства;
318 Поморски битки кај Босфор меѓу Полиперх и Касандер,
317 Касандер напредува, Полиперх и Олимпија со Роксана и синовите на
Александар бегаат во тврдината Пидна,
Евридика прави предавство, во името на маж & Филип
III, го повикува Касандер да ја земе
власта;
Олимпија се враќа, Филип III убиен, Евридика се самоубива.
316 Касандер победува, ги убива Олимпија и Евмен.
Касандер прогласен за крал;
Антигон ги убива Певкест, Селек и Питон и прави сојуз со Полиперх
против Касандер;
315 - 313 Антигон прави силна флота;
312 - 311 Битки помеѓу Касандер и Антигон;
309 Касандер ги убива Еракле и Александар
IV, синови на Александар Македонски;
308 Антигон ја убива Клеопатра;
Птоломеј прогласен за крал;
306 Битки помеѓу Птоломеј и Антигон;
Антигон се прогласува за крал;
Птоломеј се прогласува за крал;
Селек се прогласува за крал;
Касандер се прогласува за крал;
304 Битки со Грците, победи на Касандер;
Антигон и Деметер прават сојуз со Грците против Касандер.
303 - 301 Меѓусебни борби;
301 Битка кај Ипс, Лизимах и Селек против Антигон и Деметер.
Антигон загинува;
297 Умира Касандер;
Филип IV, син му прогласен за крал, умира по 4 месеци.
Малолетните синови на Касандер Антипатер и Александар прогласени за
кралеви;
294 Деметер ја победува Атина;
Антипатер го протерува брата си Александар од Пела и ја убива мајка
си Тесалоника. Александар бара помош од Деметер и Пир;
Деметер го убива Александар. Антипатер симнат од власта;
Деметер прогласен за крал;
294 - 287 Владеење на Деметер, борби со Грците;
289 Пир го победува Деметер кај Епир;
288 Птоломеј, Селек и Лизимах прават сојуз против Деметер;
Деметер абдицира, бега во Грција;
287 Пир прогласен за крал, немакедонец;
Македонија поделена помеѓу Пир и Лизимах по текот на Вардар;
Борби помеѓу Лизимах и Деметер. Селек заробен од Лизимах кој го држи
во затвор две години каде Селек умира;
285 Лизимах го победува Пир и ја обединува Македонија;
Лизимах прогласен за крал;
283 Лизимах го убива својот најстар син и наследник Агатокле;
282 Неговата жена бара помош од Селек и во битката кај Корупидеј Лизимах
е убиен од Селек;
281 Птоломеј Керан го убива Селек во Тракија;
Птоломеј Керан прогласен за крал;
280 Борби за власт помеѓу Антигон Гонат и Антиох;
279 Птоломеј Керан убиен во битка со Галите;
Брат му Мелегер прогласен за крал, сменет по два месеци како
неспособен. Антипатер бил крал само еден и пол месец сменет како
неспособен;
Состен поставен за командант - не сакал да биде крал;
276 Состен победен од Антигон Гонат;
Антигон Гонат се прогласил за крал;
274 Пир го победува Антигон Гонат кај Костур;
272 Антигон Гонат го победува и убива Пир кај Аргос;
Антигон Гонат прогласен за крал;
Борби со Грците, бидејќи не ја сакале македонската власт;
262 - 261 Кремонидската војна;
Син му на Пир, Александар
II, го напаѓа Антигон Гонат, капитулација на Атина;
255 Борби со Египет, битката кај Кос помеѓу Антиох II и Антигон Гонат.
Птоломеј III ги финансира Грците против Македонија;
249 Борби со Грците;
245 Поморски борби со Египет кај Андрос;
243 Грците го заземаат Коринт, предавство на два сириски војника во
македонската војска;
242 - 240 Борби со Грците и склучување на мир;
239 Антигон Гонат умира;
ДЕМЕТЕР II прогласен за крал, син на Антигон Гонат;
238 - 233 Деметриска војна, грчка победа над Македонија;
233 - 228 Борби и крај на војната;
228 Деметер умира.
Внук му Антигон Досон прогласен за командант и старател на
малолетниот син на Деметер - Филип;
228 - 227 Поморски битки со Грците;
227 Антигон Досон прогласен за крал;
225 Птоломеј III
престанува да ги финансира Грците против Македонија и пак доминација на
Македонците;
224 Битка со Грците кај Коринт. Склучен пакт за воена соработка;
222 Битка со Грците кај Селасија. Голема победа на Антигон Досон.
221 Антигон Досон умира;
220 Филип V прогласен за крал, син на Деметер;
220 - 179 Среќно време за Македонија, владеењето на кралот Филип V
179 Персеј прогласен за крал, син на Филип V;
176 По битката кај Пидна (Катерини) Македонија станува римска
провинција.
Напоменувам дека податоците за овој преглед се земени од книгата на д-р
Васил Тупурковски, "Македонија од смртта на Александар Македонски до
Македонско - римските војни".
Со затемнети (болдирани) букви се наброени војните што ги воделе
Македонци против Македонци, во самоубиствената војна за власт.
Сакам само два момента од овој преглед да потенцирам. Првиот кога во 321
година, две години по смртта на Александар, Пердика ги поведе своите војници
против Птоломеј, двајцата македонски команданти со кои Александар го освои
светот. Војниците одбија послушност, не сакаа да се борат против своите
браќа и го убија својот командант. Вториот пример е врв на злото - во 283
година кралот Лизимах го уби својот најстар син и наследник Агатокле.
Заслепен не сакаше власта да ја даде ни на својот син.
Последиците од досегашното однесување се многу видливи. Недефиниран народ
кој е негиран од своите соседи, со распарчена територија, со млади без
иднина кои едвај чекаат да избегаат од Македонија. Се множат и се
финансираат други народи користејќи ја нашата неслога. Сите легални форми за
работа се неможни, цути криминалот, со толерира секаков неморал и луѓето го
прифаќаат како нормално однесување. Најголемото зло си го правиме самите.
Самите се делиме на егејци, пиринци, вардарци, како да се тоа некои нови
народи. За голема жал, тоа го прави власта во своите медиуми. Членови од
една партија на власт ги брка од работа луѓето што се членови од
конкурентска партија, а кога ќе ја освојат власта вториве ќе им го прават
истото на своите конкуренти за власт. А страдаат само македонски семејства,
македонски деца остануваат без леб. Слепило ли е оваа катастрофа?! Зарем
ништо не научивме од вековите!? (А претседателот се однесува како да не
станува збор за неговиот народ).
Зошто и до кога, Македонци мои? Ако написов тера на размислување, веќе ја
постигнал целта. Штом ќе почнеме да размислуваме, само ќе ни се каже идното
однесување.
|