По повод акцијата на македонските безбедносни сили во
Кумановско-липковскиот регион претседателот на Македонска алијанса,
господинот Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски, ја даде следната изјава:
Ја поздравуваме решителната акција на комбинираните сили на МВР и АРМ за
елиминирање на бандитските групации околу Куманово и им изразуваме потполна
поддршка. Македонија мора да се однесува како секоја нормална држава и
молскавично да реагира на појавите на бандитизам за нивна потполна
елиминација. Само стабилна Македонија може да постигне економски просперитет.