ВЕРАТА НАША РИСЈАНСКА

Посета на православниот храм "Св. Троица" во село Мождивњак

ЉУБОВ ВО ХЕРУВИМИТЕ - МИР ВО ДУШАТА

Подготвил: Драган ЗАФИРОВ

  • Секој добронамерник би се восхитувал на убавините на нашите цркви кои низ вековите биле патоказ во тешките денови, биле синоним за одлучност и непокорност. Денес нивните страдања и заложби се наши духовни придобивки.

Љубов е да си близок до Бога, да те милува неговиот дух. Да те покрива небесната светлина, но и да бидеш во славата на небесните двери. Да се наоѓаш допрен од херувимите и ангелот пазител е духовна чест. Да направиш црква божја, божји дом, да го понесеш тој мираз на љубовта, ти си веќе устоличен на тој новоподигнат храм, црквичка или параклис, ти си веќе градба на светиот дух. Ете тоа е еден дел од љубовта.

Една таква мирна и прекрасна лулка е овој прекрасен православен христијански храм, малата црквичка "Св. Троица" во селото Мождивњак, во Крива Паланка. Заедно со својот ктитор го започнаа Божјото патештествие, и се надеваме дека нивната порака ќе стигне до сите верници и Божји угодници. Оваа изградена божја светлина има света вода, која лечи многу болести во името на Св. Троица. Црквата ја изгради Боге Здравковски со Божја помош и со помош на своите родители и своите сестри. На 9 септември 1997 година беше осветена од владиката, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот г. Кирил.

Господ нека го награди со светиот дух, со небесната слава на херувимите. Нека неговото име Боге Здравковски биде запишано во христијанските книги и нека биде паметен по добри дела. 


Афоризми за црквата

Црквата е нива за работници, а не гнездо за кукавици!

***

Ако не одиш во црква затоа што во неа има многу лицемери, имаш право: уште еден таков не & треба на црквата!

***

Не се гради црква од камења за сопнување!

***

Црквата е работилница, а не гостилница!

***

Некои луѓе доаѓаат в црква само за да видат кој (не) доаѓа!

***

Некои луѓе стапнуваат в црква само трипати: кога ќе се родат, кога ќе се

женат, мажат, и кога ќе умрат!

***

Добриот проповедник ќе создаде солидна црква, солидната црква ќе создаде добар проповедник!

***

Луѓето не одат во црква не затоа што живеат далеку од црквата, туку затоа што живеат далеку од Господ!


Апел од "Св. Јован Бигорски"

Почитувани,

Се обраќам кон Вас, знаејќи ја Вашата добра намера и желбата да помагате онаму каде што е потребно. Нашата молба е во врска со обновата на гостинскиот конак, подготовките за отворање погон за полнење природна-манастирска вода, и подготвувањето на материјал за разгледници и фотографии за монографијата на Манастирот.

Сакаме да напоменеме дека овие проекти се веќе подолго време барани од верниците и сите љубители на Манастирот и ќе претставува ретка можност за презентација на нашето духовно богатство овде, па и подалеку.

Меѓутоа, заради актуелната ситуација не сме во можност во целост да ги исплатиме трошоците за да можеме да го довршиме започнатото и затоа Ве замолуваме за спонзорство во границите на Вашите можности.

Нашиот телефон за контакт е 042/478 - 675, а жиро сметката е:

500-000000- 3835-65, депонент на Стопанска банка, а.д. Битола.

Однапред благодарни христијански Ве поздравуваме,

Христос помеѓу нас!

Архимандрит Партениј


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"