ВЕРАТА НАША РИСЈАНСКА

Отсекување на главата на Свети Јован Крстител

ВИСТИНСКИ БОЖЈИ ПРАВЕДНИК

Пишува: аџика Живанка ФИЛИПОВСКА

  • Свети Јован храбро се појавил пред царот и директно во очи му ја кажал вистината: "Не ти е позволено да ја водиш жената на твојот брат". Затоа тој го фрлил Јована во темница.
  • Пакосната Иродијада со игла го избоцкала јазикот на светителот кој & укажа за нејзиниот грев и неморал за да се покае. Јовановите ученици, таа ноќ, го погребале телото на Јован (без глава).

Во Светата Земја, во пустината до Мртвото Море! Се движиме по топлиот и врел песок, по местото каде живеел големиот и вистински Божји праведник, најславниот и последен пророк во Стариот Завет, пророкот на Севишниот. Ми навираат мислите: Во таа пустина не одекна ни твојот плач, ни твојата песна. Триесет години во пост и молчење! Тоа ни ѕверовите не можат да го поднесат.

Човек ли си, кажи? И како ти е името? По духот не си од овој свет. Во Светото Писмо, заради моралната чистота, си наречен ангел во тело. "Глас, глас, глас, јас сум глас, а Тој Слово Божјо. Покајте се, луѓе, еве Тој (Бог) доаѓа... Еве го јагнето Божјо среде волците оди". Чиј е тој глас од кој царевите стравуваат и вековите треперат? Тоа е гласот на човекот со најсилна вера, гласот на човекот кој зборува против неправдите и неморалот на луѓето.

ЖИВОТ ВО БЛУДСТВО

Во мислите се враќаме на неговото трагично излегување од овој живот пред околу 2000 години. Го задржуваме нашиот поглед на најголемото злосторство на цар Ирод Антипа и Иродијада кои со желба за одмазда, побарале главата на Св. пророк Јован да биде отсечена. Зошто? Поради тоа што тој јавно ги укорил за нивниот гревовен живот, за нивното незаконско живеење во блуд, спротивно на законот Божји. Свети Јован храбро се појавил пред царот и директно во очи му ја кажал вистината: "Не ти е позволено да ја водиш жената на твојот брат". Затоа тој го фрлил Јована во темница.

Ирод Антипа бил вториот син на стариот Ирод (убиецот на 14.000 деца Витлеемски маченици). Царувал во Галилеја. Бил оженет со ќерката на арабискиот цар Арета. Но, се заљубил и бил заслепен од необичната убавина на Иродијада, жената на својот жив роден брат Филип и направил неморално дело. Ја истерал својата законска жена, а ја зел жената на својот брат. Тој се плашел од Св. Јован. Знаел дека е свет и праведен човек и дека народот го смета за пророк. Но, Иродијада сакала да му се одмазди, чекала да & се даде можност да биде убиен човекот кој & укажува за нејзиниот голем грев.

Тогаш Ирод Антипа за својот роденден приредил забава во својот дворец. Ги поканил на вечера своите кнезови, војводи и старешините галилејски. До доцна во ноќта траела веселбата. Недолична забава. Одвратна гозба. Препуштени се на телесните страсти. Нездржана смеа. Весели извици на гостите кои не знаат зошто се смеат. Некои се пијани, некои полупијани. Царот е во полупијана состојба. Извиците на гостите се слушаат во затворот кој е под нив, каде е затворен Свети Јован, допираат до неговите уши.

Лукавата Иродијада ја наговара својата ќерка од првиот брак, Саломија, да игра пред царот и гостите. Сите се воодушевени од бесрамната танчерка. Царот Ирод Антипа е занесен од таа игра, од нејзините страстни предизвикувачки движења. Не може да се воздржи од своите сопствени слабости. И ветил на девојката дека ќе & даде се што ќе посака. Злобната Иродијада, жестоката мајка, ја наговара својата ќерка да ја побара главата на Јована. Царот се согласува. Испраќа џелат во затворот.

НЕВИНА СМРТ

Во доцната ноќ, затворската врата се отвора. "Невиниот затвореник помислил дека, ете, можеби се покајале оние што несправедливо го затвориле, па идат да го пуштат на слобода". Но, суровиот џелат му ја отсекол главата на Св. Јован и на табла & ја донел на девојката, а таа дрско ја зела во своите раце и & ја однела на мајка си. Главата на Св. Јован била донесена среде таа гозба. О, каква непријатна сцена на таа вечера, каков страв ги опфати сите "кога ја здогледаа човечката глава, носена на чинија како јадење, од која течеше крв и која при тоа ја движеше устата...". Ги изговараше последните зборови кои му ги рекол на Ирод: "Не можеш да ја имаш жената на Филип, братот свој". Пакосната Иродијада со игла го избоцкала јазикот на светителот кој & укажа за нејзиниот грев и неморал за да се покае. Јовановите ученици, таа ноќ го погребале телото на Јован (без глава). Иродијада ја закопала неговата глава длабоко, на некое нечисто место.

Мразот на реката Сикурис & ја отсекол главата на Саломија. Водата & го однела телото. Главата на Саломија & ја донеле на Иродијада и на Ирод на чинија, како некогаш главата на Св. Јован.

На гробот на Св. Јован во Севастија, Св. рамноапостолни цар Константин и царица Елена подигнале црква која е осветена на датумот 29.08./11.09. и поради тоа е востановено празнувањето на тој ден.

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот европски, г. Горазд


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"