|
ФОРУМ
ОД АНТИКАТА ДО МАКЕДОНСКОТО САМОУНИШТУВАЊЕ
Илија Давчевски, Кавадарци
В о време пред новиот милениум кога
очекувавме воскресени-ето на античкото сонце да ја осветли нашата македонска
држава, ни на сон не верував дека истата за кратко ќе исчезне како метеор,
благодарение на нашиот т.н. македонски синдром. И сега како историчар се
прашувам можно ли е исчезнување на една цивилизација и народ во лулката на
Европа како што тоа им се случи на Маите, Ацтеките и другите цивилизирани
народи? Да, можно е, како што се одвиваат божемните глобални демократски
процеси под призмата и маската за глобализација и демократизација на светот.
По осамостојувањето, опиени од национален занес како Македонци заборавивме
на големата македонска трагедија од Букурешт, која го разнебити македонското
национално ткиво. Дали историјата се повторува не знам, но тоа најдобро го
знаат македонските политичари кои го потпишаа охридскиот Договор. Времето ќе
ги покаже последиците од тоа. За жал, ги прифативме игрите на ЕУ и станавме
експериментална држава што не требаше да се случи, ако по осамостојувањето
имавме сопствена политичка и економска стратегија за создавање на македонска
национална држава. За жал, агонијата за губење на античкиот национален дух
забрзано продолжува како резултат на наведениве параметри од
осамостојувањето до денес: 1. Промената на симболот од Кутлеш (македонското
сонце) - отстапка со катастрофални последици како резултат на притисоците на
Грција од една страна, а со благослов на творецот на т.н. оаза на мирот од
друга страна. 2. Губење на духот и националниот карактер на
Македонија е промената на името и прифатената синтагма со БЈРМ, односно
FYROM. 3.
Долгиот транзиционен период проследен со несоодветни модели на приватизација
која имаше одраз врз целосното уништување на македонското стопанство, преку
невидено ограбување и ликвидирање на фирми кои предизвика бран масовни
отпуштања и зголемување на невработеноста на 40 проценти од македонската
популација со што голем процент на способни македонски граѓани беа понижени
и ставени на ниво на социјални јасли. 4. Фингираната или
нефингираната војна од 2001 година, за која времето и историјата ќе си го
каже своето, остави големи последици од економски и политички карактер.
5. Продажбата на витални економски ресурси од државен интерес на
странски партнери - Окта, Телеком и други, ќе има големи последици за
македонската економија и нејзината политичка стабилност. 6.
Невидениот криминал и корупција, нефункционирањето на правната држава има и
ќе има големи последици врз стандардот и социјалниот статус на македонскиот
граѓанин. Ваквите состојби не доведоа до питачки стап, да молиме и
коленичиме пред Светската банка која ни го одржува платно-билансниот систем
преку донаци, грантови и кредити. 7. Рамковниот договор со сите
отстапки ќе предизвикува разнебитување на македонското ткиво преку
признатите мултиетникуми со своите јазични колорити и изнудените или
прифатените мали етнички групи во статус на народ, а истите ќе предизвикаат
лавина од посебни барање кои Македонија со скоро осакатена економија не ќе
може да ги задоволи. 8. Децентрализација на власта како составен дел
од Рамковниот договор за која најмногу врши притисок албанскиот фактор во
Македонија. Во сегашниот економски амбиент нема услови да се реализира,
имајќи ги предвид стандардите на сегашните економски субјекти во повеќе
локални самоуправи. За овие состојби ЕУ има сознание, а македонските власти
под пресија и притисок молчат, наместо пред меѓународниот фактор и нашата
јавност отворено да кажат дека во Македонија не постојат стандарди за
децентрализација и дека истата ќе се спроведува кога ќе има поволен
економски амбиент. Албанскиот фактор во Македонија е свесен за несозреаните
услови за децентрализација, но свесно пак притискаат да ги задоволат своите
апетити со скриени намери преку нова територијална поделба и
децентрализација на власта да го остварат сонот за кантонизација и
федерализација. 9. Невработеноста, социјалниот статус, уписната
политика на образовните институции преку национални квоти, корупција и
високи уписни такси предизвикува одлив и иселување на македонските граѓани,
а посебно младата популација која во состојба на неперспективност прифаќа
странски државјанства за некоиси шенген визи или како услов за необезбеден
студентски статус во сопствената земја. 10. Синтагмата "100 години
македонска државност" не кореспондира со нашето двемилениумско постоење, од
првата македонска држава во 8 век п.н.е. 11. Негирањето и
непризнавањето на македонската црква од нејзините ќерки, е уште еден обид и
сценарио за македонската државност, но за жал потпомогната од нашите
великодостојници на МПЦ со потпишувањето на Нишката спогодба. 12.
Сценариото за нов Балкан преку нови Јалти како лавина виси над Балканот и е
насочена против малите се уште недефинирани и нестабилни државни субјекти
кои во епилогот на кулоарите на европската дама и големите сили се веќе
познати и дефинирани држави на еден дел со државен субјективитет и на друга
страна држави со недефиниран статус, територии и протекторати.
Со овие параметри, за жал, се остварува анатемата на нашиот Филип
Македонски која го следи македонскиот синдром од неговото време па до денес.
И на крајот, ако лекцијата се уште ја немаме научено, не е доцна да
проработи здравиот разум кај сите нас и отворено да ја кажеме својата
стратегија за сопствен национален, економски и политички просперитет.
Верувам дека ова ќе претставува поука за ослободување од харизмата на
послушни роботи на западните демократи за доброто, просперитетот и опстојот
на нашата земја.
|