ема ништо погрдо од старос-та на
човекот", често знаеше да рече. "На најголем душман да не му даде Господ
длабока старост, оти и тогаш, човекот сака се, а ништо не може, па станува
злобен, себичен, завидлив на се што е младо. Друга работа е со староста на
мојата Јабланица: со секој нов ден таа се менува на поубаво, никнуваат нови
дрвја, бликаат нови потоци...".
Таков си беше Петко Домазетовски, роден во 1935 година во Јабланица,
струшко. Учителското школо го завршил во Битола, а дипломирал на Катедрата
за јужнословенска книжевност на Филозофскиот факултет во Скопје. Бил новинар
во Центарот за информации во Струга, а ќе биде запаметен и како
основоположник на Друштвото за наука, култура и уметност "Браќа Миладиновци"
во Струга, како и главен и одговорен уредник на списанието за наука и
култура "Изворник".
Превел и уредил повеќе поетски и прозни книги за деца и возрасни, бил
соработник со печатените медиуми во Македонија со децении, а негови песни и
книги се преведени на повеќе јазици. Се појавувал како коавтор со повеќе
колеги, а првата песна ја објавил во 1952 година. Објавил повеќе поетски и
други книги кои биле преведувани на турски и влашки јазик.
За својата книжевна и културно-просветна работа добил бројни признанија
од кои му била најмила онаа за "Најдраг учител", добиена пред две години.
Смртта го спречи во издавањето на "Народни сказни од Долни Дримкол" и "Македонски
народни басни и приказни за животни".
Во своите рецензии за вонреден сведок на минатото на струшкиот регион го
прогласиле нашите врвни книжевни авторитети - проф. д-р Томе Саздов, д-р
Александар Прокопиев, д-р Ермис Лафазановски, д-р Васил Тоциновски, м-р
Методи Мицов, Илхами Емин, Илија Карајанов и други.
Никогаш не го добил признанието кое можеби најмногу го заслужувал -
почесен конзул на Јабланица. Оти, Јабланица за него беше центарот на светот.
Мирен, тивок, искрен и повлечен, Петко беше нападен, и само на оној кој не
ја познава оваа негова "болест" здодевен, кога думаше за Јабланица: според
него, таму е рајот на планетава. Оти, таму никнуваат најубавите џанарики,
потоците се со најчиста вода, ливадите се со најубави цветни килими, а
напуштените полуурнати куќи градени од камен и плитар се најубави споменици
на културата. Веќе кажав, имаше фобија од староста, но не се плашеше од
смртта оти "кога ќе дојде тој ден, ќе биде погребан на најубавите гробишта
на светот".
На истите гробишта, под една повеќевековна џанарика, предвреме си замина
малиот голем човек Петко Домазетовски - Виногорски.