о детството, знаете, мајмунлаци
колку сакаш. Но, ако си растен во село со многу кападаи, ти си се изнагледал
и изнаслушал мудрости какви што ги (не) има во светот... Е, ќе кажат
селаните оти в село ќе доаѓа попот, и еден од неранимајковците ќе почне се
нешто да бара. Ако не му дадат ќе вика, плевни ќе пали, по кучињата со
камења ќе фрла, гојдата ќе ги разбркува. Старите, угледни селани со намуз,
да нема кавга, еднаш ќе попуштат, втор пат ќе прифатат што бара
неранимајкото. Арно ама, третиот пат, некој од нив ќе рече: "Добро бе луѓе,
како не ви текнува... Овој неранимајко со попот сака цело село да му го
дајме. Ватетеј ги стапојте перепенде да го напрајме"!
Ова со Чакала како да е прекопирано од селскиот разбојничко-терористички
фолклор. Луѓе, како не ви текнува, утре играат Англичаните во Скопје! На
светот треба да му се сврти вниманието. И тоа не на секој свет, туку на -
одбраниот. А, оние од Островот ќе примат и ќе пренесат секаква порака, сите
желби на Чакала и сите ултиматуми на Штабот на АНА.
Чакала стана попопуларен од Бекам и Овен. Едно мрсулаво мангупче од
липковско-кумановските планини, подучено од добри маркетиншко-воени
терористички стручњаци, & го заврти умот на македонската Влада и ни ја
продолжи "летната забава". Како да знаеше Чакала дека ќе заврши "Охридското
лето" и треба да почне втората "Терористичка есен".
Да бев Бранко, не му го спомнував името на Чакала. Изјавите ќе му ги
препуштев на Хари Костов, а теренската работа на Цане Чапрагот. Не знам што
им стана на нашиве политички првенци први да се истрчуваат во јавноста. И
претседателот Трајковски како да заболе од EFENDERE PЬBLICE (да се излезе во
јавност по секоја цена).
Каде е Џафери, Тачи, каде е Беџети, најпосле каде е Ахмети? Не, ако
мислат дека ги прозивам оти мене лично ми требаат, јок. Им требаат најмногу
на македонските Албанци, на оние на кои им се добро познати и презрени
условите на тероризмот, неговата цена, данокот во деца и крв. Она што ме
разочарува е - дистанцата.
Историјатот на таа дистанца е најважната лекција што заеднички треба да
се учи во Македонија. Ми личи на извадок од Библијата: "...Беше еднаш еден
убав, заеднички живот, полн со доверба и соработка. Потоа дојдоа барачи на
некое административно интегрирање, на ‘национален скор’. Се измешаа работите.
Тие што требаше да дадат не знаеја што, тие што бараа, бараат незаситно. И
стаса наредбата за - дистанца. Вие Албанците ќе се тргнете од Македонците.
Доволно за сите неволји што потоа ќе следуваат!".
И како што гледаме, следуваат во продолженија се додека и последниот
македонски Албанец не биде задоволен како оној селски неранимајко со
барањата што ги поставува, оти "да знаете ќе има војна"!!!
Немам шанса, ама би го прашал господинотАли Ахмети - до кога ќе го "гледаме
овој филм" во режија на Чакала, штабот на АНА и етсетера. Таа изјава повеќе
ми треба, отколку изјавата на Црвенковски дека "најсигурното место на Чакала
е во Шутка".
Премиерите никаде во светот не им ги одредуваат местата на "боравок" на
гангстерите, криминалците, терористите. Се знае кој тоа го прави. Јас му
верувам на Исмаил Кадаре за "слепилото на видот и болеста на умот" што
владее на Балканот. Но, како тие политички болести да се излечат, кој е и
каде е лекот за нив?
Кадаре е умен. Ништо за тоа не зборува. Јас пак се плашам од фабриките
кај што се произведуваат вести, а не кај што се пренесуваат. Видете на што
личи балканскиот информативен простор? На отпадоци од најнизок новинарски
род, како и политичкиот!