КОМЕНТАР

Сито и Решето

ЕНЕРГИЧНА АКЦИЈА!

Од Редакцијата

Еуфоријата на албанскиот разгоропаден тероризам во Липковскиот крај не е луда авантура, туку нарачан епитаф, беса за остварување на големоалбанскиот сон. Во прилог на ова Чакала е само пион во целата игра која се плете во и околу Република Македонија. Премногу лица и странски служби и нивните разузнавачи и го копаат гробот на нашата држава. Се мешаат во внатрешните работи на една суверена држава. Ама се повеќе не личиме на држава, туку на колонија и меѓународен протекторат. Постојано ги прашуваме - можеме ли да правиме она или ... можеме да одиме во WC. Од нив не смееме ни да кивнеме. Не ставија в ќоше да молчиме и да траеме оти нема да ни дадат ни корка, а ни трошки леб. Таквото питачење ни го смени ликот, а образот - лицето одамна го загубивме. Пред две години крваревме и се уште сме заложници на нивната политика.

Затоа Хари "шерифот" кој заборави на заклетвата што ја даде во Парламентот треба што побргу да го употреби револверот за одбрана на Република Македонија, а не да бара од претходниците да ги вратат пиштолите. Проблемот не е во враќањето на подарените револвери, туку во молењето. Хари премногу ги скина колениците од молење.

Ај што во Вејце ја видовме целата "мудрост" - традиција на коленичење, но што сега ти недостига за да наредиш решителна акција против албанските екстремисти и терористи!? Нели босот, Црвенковски, потенцираше дека на Чакала и на другите најсигурно ќе им биде во Шутка? Но, истражниот затвор се уште зјае празен. Што чекаш, министре? Ова не е партија џамлии, па ќе играме на мор. Влогот е премногу голем, дури пресветол за македонскиот народ. Ако македонската полиција не удри, тогаш дефинитивно да се простиме од Република Македонија. Таа повторно ќе стане илјадагодишен сон за македонскиот народ.

"ЈОРГАНЏИИ"

Чакала е најмал проблем, дури и премногу ситен за да се ангажираат скоро целокупните полициски сили во Липковскиот крај. Во игра се некои други сознанија за кои не сакате да говорите. Но, и да премолчувате народот знае што му се подготвува. Не е толку слеп или глув. Во прашање е македонската национална егзистенција. Ќе биде - или тие или ние. Друга опција во оваа воена предигра нема. Еднаш мора да се пресече, бидејќи се додека не се расчисти со албанските терористи ние никогаш нема да имаме посветла и подобра иднина, или да бараме од странските инвеститори да вложуваат во Република Македонија.

Бегањето од реалноста или одложувањето на проблемите никаде не не води освен во бездната од која нема враќање. Затоа само со енергична акција можеме да го решиме проблемот. Доколку и натаму продолжиме да се однесуваме како колебливци или дволични луѓе секогаш криминалците и мафијата со нас ќе си играат. За нив нема граници. За нив нема лојалност кон државата. Парите и профитот ги уриваат границите, но и државите.

Сега на испит е државата, односно моќта на Црвенковски да се соочи со проблемот. Ако тој не го реши проблемот, тогаш мора веднаш да си замине од функцијата што ја извршува. Бидејќи пред изборите вети мир, вработувања и подобра иднина. Но, од иднината ни трага ни глас ни ... перспектива. Власта се брани со сите средства, макар тие и да биле непримерни за меѓународната јавност. Таа иста меѓународна и демократска заедница го брани својот суверенитет со војска, со леб и со пендрек. Зарем истото не се случува во светот. Што мајка бараат Американците во Авганистан, Ирак и на Балканот... Нели се борат против светскиот тероризам!? Ако ние бевме, па и се уште сме во таа помалку трагикомична коалиција, тогаш мораме да го уништиме тероризмот и нивните претставници. Се додека не се фатат или уништат, секогаш ќе ни се појавуваат како печурки по дожд. Затоа мораме да бидеме храбри и достоинствени. Но, од двата принципа немаме ништо освен игра со зборови.

ИЗРОДИ

Власта со нас се мајтапи. Едно изјавува пред камери, а друго прави по две секунди. Преговара во Арачиново, моли во Ваксинце и се тетерави. Поголем циркус во овој круг не сме виделе. Црвенковски наредува терористите, поточно со негов речник криминалните банди, да се најдат во Шутка, а Хари тоа не го прави. Зошто? Кој кого во овој случај врти? Нели се блиски пријатели. Компањони... Тие шуруваат против сопствениот, македонски народ. Затоа мораме нив да ги ставиме во апс, бидејќи не си ја извршуваат основната функција да го одржуваат јавниот ред и мир. Така не се договоривме на изборите од 2002 година. Едни едвај избркавме, ама очигледно и овие ќе треба да ги избркаме. Неспособни се и предавници. И тоа од голем ков. Џабе се нарекуваат реформирани комунисти. Тие ептен биле "јорганџии". Што сорта беа, та исти се со претходниците. Плукнати. Требаше многу порано да се загледаме во нивниот "сурат" за да видиме какво лице имаат.

Вака поголем очај за македонскиот народ нема кога мораме да гледаме како полицијата ги моли терористите. Барем терористите имаат зошто да се шепурат. Го имаа Ахмети, а сега Чакала. Утре можеби ќе изродат некој друг. Само ние имаме изроди. Колку ни душа сака. Не можеме да се откачиме. Здодевни се како пијавици. Затоа веруваме дека ова е циркус и секој мора да си ја одигра својата ролја. Некој да биде криминалец, друг да биде униформиран. Впрочем, премногу униформирани лица имаме. Тоа некако стана мода. Дизајнирана во Мала Речица и во кабинетот на Премиерот. Никој не сака да ги соблече, бидејќи ако ја симнат униформата, макар тоа била црна или сина, ќе немаат работа. Ќе немаат власт. Ќе останат без работа.

Имаме ли работа со тероризам, или во прашање е нешто друго. Што ни подготвуваат: меѓународен протекторат или делба на Република Македонија!? Првото веќе е видливо, а второто е прашање на време оти нема кој да го спречи. Ако имаше, тоа ќе го забележевме. Тоа ни се случи за време на Георгиевски кој го напаѓавме дека е предавник. Но, овој, наследникот, испадна дека е поголем предавник и калкулатор. Само што е помудар, има свој банкар. Затоа е сета оваа џева. Не станува збор за албански тероризам, туку за стапица за македонскиот народ.


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"