ВЕРАТА НАША РИСЈАНСКА

Моќта на Светото Писмо и Божјата Реч

БИБЛИЈАТА Е ОД БОГА ВДАХНОВЕНА

Подготвил: Драган ЗАФИРОВ

  • Секој што сака да дојде кај Бог мора да верува дека Тој постои и дека ги наградува оние што искрено го бараат.

Целото Свето Писмо е од Бога вдахновено. Се што пишува во него може да ни користи за да се поучиме, да ни помогне да се поправиме и да ни покаже како праведно да живееме. Светото Писмо совршено го подготвува секој Божји човек да умее да прави добри дела од секаков вид.

Ниедно пророштво во Светото Писмо не е ничија самоволна објава, бидејќи тие пророштва никогаш не биле дадени по желба на некој човек, туку Светиот Дух ги поттикнувал и водел Божјите луѓе да го зборуваат она што им било наложено од Бога.

Божјата порака е жива и делотворна, поостра и од најостриот меч со две сечила. Таа се пробива длабоко во нас, до нашите најдлабоки мисли и намери, соголувајќи ги душата и духот во нас. Таа не разоткрива точно онакви какви што навистина сме. Господ е милосрден и благороден, бавен на гнев и со љубов исполнет. Нема вечно да обвинува, ниту вечно ќе држи лутина, не се постапува со нас според нашите гревови и не ни плаќа според нашите престапи. Зашто, колку што е небото високо над Земјата, толкава Му е љубовта кон оние кои Го почитуваат.

Да пристапиме кон престолот на Божјата благонаклоност со целосна доверба. Таму ќе добиеме милост и благонаклоност кои ќе ни бидат од голема помош кога ќе затреба. Но, без вера не е можно да Му бидеме угодни на Бог. Секој што сака да дојде кај Бог, мора да верува дека Тој постои и дека ги наградува оние што искрено го бараат.

Затоа, ние треба да пристапуваме кон престолот на Божјата благонаклоност со целосна доверба. Таму ќе добиеме милост и благонаклоност кои ќе ни бидат од голема помош кога ќе затреба.


Афоризми за Бог

Бог пишува со мастило што не се брише, зборува со јазик што не греши и работи со рака што не знае за неуспех!

***

Бог сака да се вивнеш како орел, а не да колваш како кокошка!

***

Некои луѓе го третираат Бог како адвокат, го бараат само кога се во неволја!

***

Кога во животот ќе ти остане само Бог, тогаш за првпат ќе сфатиш дека Бог ти е доволен!

***

Кога ќе бидеш готов да ги откриеш своите гревови, Бог е готов да ги покрие!

***

Оној што се повикува на Божјите ветувања, треба да ги исполнува Божјите заповеди!

***

Бог постојано создава нешто ново и неповторливо, и ти си дел од тоа творештво!

***

Божјите намери понекогаш се одложени - но никогаш напуштени!

***

Бог става солза во твоето око, за да произведе божилак во твоето срце!


Апел од "Св. Јован Бигорски"

Почитувани,

Се обраќам кон Вас, знаејќи ја Вашата добра намера и желбата да помагате онаму каде што е потребно. Нашата молба е во врска со обновата на гостинскиот конак, подготовките за отворање погон за полнење природна-манастирска вода, и подготвувањето на материјал за разгледници и фотографии за монографијата на Манастирот.

Сакаме да напоменеме дека овие проекти се веќе подолго време барани од верниците и сите љубители на Манастирот и ќе претставува ретка можност за презентација на нашето духовно богатство овде, па и подалеку.

Меѓутоа, заради актуелната ситуација не сме во можност во целост да ги исплатиме трошоците за да можеме да го довршиме започнатото и затоа Ве замолуваме за спонзорство во границите на Вашите можности.

Нашиот телефон за контакт е 042/478 - 675, а жиро сметката е:

500-000000- 3835-65, депонент на Стопанска банка, а.д. Битола.

Однапред благодарни христијански Ве поздравуваме,

Христос помеѓу нас!

Архимандрит Партениј


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"