ој принесува жртва
благодарствена, тој Ме прославува, и кој го следи Мојот пат, нему ќе му го
соопштам Божјото спасение.... и повикај Ме во тежок ден; Јас ќе те избавам,
и ти ќе Ме прославиш", зборува Господ преку устата на Св. пророк цар Давид.
Во сирискиот град Едеса, живеел кнезот, по име Авгар. Боледувал од
неизлечивата болест лепра. Го фатило смртен страв. Но, тој слушнал за
Христос, за Неговите големи чудеса, за лекарот на сите болести. Неговото
срце затреперило со надеж кон Бога дека ќе ја услиши молитвата негова и ќе
ги чуе зборовите од устата негова. Испратил молба до Христос, преку
познатиот сликар Ананиј.
ПРЕСЛАВНИ ЧУДА
Писмото на кнезот Авгар до Господ Исус Христос гласело: "Од Авгар кнез
Едески до Господ Исус, благиот Спасител кој во тело се појави во
Ерусалимските покраини, да се радуваме! До мене допре гласот за Тебе и за
преславните чудеса Твои, дека Ти без лекови и тревки ги лекуваш болестите:
на слепите им даваш вид, на сакатите од, лепрозните ги очистуваш, од луѓето
нечистите духови ги изгонуваш... и мртвите ги воскреснуваш. Слушајќи го тоа
за Тебе, јас дојдов до двоен заклучок за Тебе: Ти, или си Бог, кој слегол од
небото, или си Син Божји, бидејќи такви прекрасни чудеса правиш. Затоа и Ти
ја упатувам оваа моја смирена молба, да се потрудиш да дојдеш кај мене и да
ја излекуваш мојата неизлечива болест, од која веќе многу години патам.
Исто така, го слушам и тоа дека Евреите Те мразат и сакаат да Ти
направат некое зло. Јас пак го имам градот, иако не сосема голем, но убав и
изобилен со секакво богатство. Дојди, значи, кај мене и живеј со мене во
мојот град, во кој ќе се најде за нас двајцата тоа што ни е потребно".
Писмото изобилува со многу силни зборови, полни со вера и љубов во
вистинскиот Бог. Сликарот Ананиј стигнал во Ерусалим. Го видел Христос меѓу
луѓето како ги поучува. Застанал на голем камен, се обидел да Го наслика, но
не успеал "зашто Исус го менуваше Своето пресвето лице со божествената,
недостижна... слава и благодат". Господ му наредил на апостол Тома да го
донесе човекот кон Него: "Кај ти е писмото од твојот кнез Авгар, кој ми го
донесе од Едеса?", го прашал Христос. Ананиј, изненаден од таквата
видовитост на Исус, треперејќи му го предал писмото. Спасителот го прочитал
писмото на Авгар и му одговорил со овие зборови: "Блажен си, Авгаре, што си
поверувал во мене и не видувајќи ме. Зашто е пишувано за мене: оние кои ќе
ме видат нема да веруваат, а кои нема да ме видат ќе поверуваат во мене и ќе
наследат живот вечен. Ти ми пишуваш да дојдам кај тебе, но потребно е
јас да го извршам тоа заради што сум испратен, и по извршувањето да се
вратам кај Отецот кој ме испрати. Кога ќе бидам вознесен кај Отецот, јас ќе
ти испратам еден од моите ученици, кој потполно ќе те исцели од твојата
болест, и преку крштавањето ќе ти подари живот вечен тебе и на оние што се
со тебе".
БОЖЈО ВИДЕНИЕ
Господ Христос го запечатил писмото со печат на кое со еврејски букви
стоело напишано: Божјо видение, Божествено чудо. Потоа Господ наредил да се
донесе вода "па Тој го зами Своето пресветло лице, и го избриша со
подадената Му четвртеста крпа за лице. И, о чудо! простата вода се претвори
во боја, и на крпата за лице се наслика совршено Неговиот пречист лик".
Господ му ја предал таа крпа за лице со Својот лик на Ананиј и писмото и му
рекол: "Однеси го и предај го на оној кој те испрати". Ова се случило пред
страдањата на Христос, во последните денови на Неговиот земен живот.
Ананиј се вратил во Едеса кај својот кнез и му го предал Господовото
писмо и неракотворната икона со ликот на Христос. Кнезот со вера и љубов ги
целивал и "поклонувајќи се на ликот Христов, тој веднаш се исцели од болеста".
Само еден мал дел од лепрата оставило траги на неговото лице и тие ги
снемало откако Господ го испратил Св. апостол Тадеј. Апостолот го крстил
кнезот и целиот град. Кнезот ги искршил идолите, го урамил Христовиот лик во
златна рамка и го накитил со бисери. Над портата на градот го ставил
Христовиот лик, а под иконата напишал: "Христе Боже, никој нема да се
засрами кој се надева во Тебе".
Подоцна еден епископ, ноќе, ја заѕидал иконата над портата, да не се
гледа (за да ја заштити од незнабожниот кнез - правнук на Авгар). По многу
векови, Пресвета Богородица му откри на Едескиот епископ Евлавиј каде е
заѕидана иконата. Таа била пронајдена и со нејзината Божествена сила била
победена Персиската војска која сакала да го превземе градот Едеса.
Пренесувањето на неракотворниот лик Христов и Неговото писмо до Авгар од
Едеса во Цариград е извршено во 944 година. Се слави на 29.08. - по нов
календар.
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство,
Митрополитот европски, г. Горазд