ајтрагичната судбина со
далекутрајни последици што ја доживеа Македонија и македонскиот народ е
поделбата на неговата географска етничка целина во 1913 година. По својата
трагика овој настан не е споредлив ниту со петвековното владеење на
Отоманите во Македонија. Таа беше распарчена на четири дела и подложена на
четирикратно ропство со еден квалитетно нов и поопасен момент, национално
обезглавување и асимилација со невиден притисок и терор. Сето ова беше
санкционирано со двата договори со кои се ставаше крај на Балканските војни
во Лондон и Букурешт.
Да потсетиме - Лондонскиот договор е потпишан на 30 мај (17 мај стар стил)
во 1913 година и ги санкционирал воените успеси на српско-бугарските и
грчките војски против Отоманската империја и Првата балканска војна од 18
октомври до 4 декември 1912 година кога Турција бара примирје. По
распарчувањето на Македонија поробувачите останале покрај својот плен, но
некој не бил задоволен. На пример, српските барања биле насочени кон
Вардарската долина, а грчките барања пак кон беломорскиот крај и ексклузивно
право на Солун. Белград и Атина на први јуни 1913 година потпишуваат таен
договор, а веќе на 29 јуни Бугарија ги напаѓа своите довчерашни сојузници.
Кон средината на јуни на страната на Србија се приклучува Грција, Романија а
потоа и Турција. Притисната од сите страни Бугарија бара примирје. Конечно
на 10 август (28 јули стар стил) 1913 година доаѓа до Букурешкиот договор со
кој се извршени извесни корекции во претходната распределба на Македонија, а
територијално профитирале и Турција и Романија.
Сојузниците - непријатели на Отоманската империја - Србија, Грција и
Бугарија (кои од Првата балканска војна на македонскиот народ му се покажале
како ослободители од пет ипол вековното турско ропство), за кратко време го
покажале сето црнило под нивните нокти, иако сите три сојузнички војски во
својот состав користеле македонски доброволци во првите борбени редови. Тие
во никој случај немале намера да дозволат создавање на македонска држава.
Зафатени со распарчувањето уште во Лондон, потписниците го игнорирале гласот
на Македонија проследен преку Петроградскиот комитет предводен од Димитрија
Чуповски што им бил доставен во вид на меморандум - "Барање за самостојна
македонска држава во рамките на своите етнографски историски граници",
единствена неделива независна балканска држава со сопствено уредување со што
им било приклучено барањето за обновување на Охридската архиепископија.
Поделбата на Македонија претставува невидено злосторство во историјата на
човештвото. Таа е поделена, иако никому со ништо не му погрешила. Поминаа 90
години од овој гнасен чин на грабеж, а таа се уште е поделена, распарчена,
понижена и непризната од никого.
Република Македонија е во процес на меѓународно признавање, но тоа
признавање претставува парцијално признавање, затоа што скоро две третини од
Македонија се уште се окупирани и заборавени. Тие живеат живот еднаков на
оној од најцрниот колонијализам. Кого треба да обвинуваме за ситуацијата во
која се наоѓа денес Македонија? Лесно е да се фрли вината на други и да се
растовариме од сопствената вина, но повеќе од сите други самите сме
највиновни што Македонија се уште е поделена и е на маргините, со реална
опасност наполно да исчезне засекогаш. Дури и егзистенцијата на Република
Македонија е во прашање. Доколку се дистанцира од преостанатите поробени
делови, соседите не се виновни, тие се како и сите други колонизатори кои
држат поробени народи. Сведоци сме како во 20 век сите континенти еден по
друг се ослободуваа од доминацијата на европските колонијанисти. На крајот
ние Македонците останавме меѓу малкуте народи во светот што не веруваме
самите во себе. Вината не е во нив, вината е во нас што дозволивме разни
изроди да манипулираат со нашата свест и потсвест. Цели 90 години на
Македонците им се сервираат лаги и заблуди дека без помош од страна сами не
можеме да опстанеме, цели 90 години нашата свест е филувана со негативности
дека сме неспособен народ, дека нашите капацитети и можности се на пониско
ниво од оние на нашите окупатори. Ропскиот менталитет наследен од
550-годишното отоманско ропство продолжи и по доаѓањето на новите окупатори
и тоа трае се до ден денес. Верувајќи слепо во заблудата дека наведната
глава сабја не ја сече останавме со децении зад прогресивноста на
современото човештво, а сабјите веќе одамна не се во употреба. Најопасното
оружје за нас не е веќе ниту атомското, ниту хемиското, ниту биолошкото,
колку што е психолошката војна која држи цели народи во страв и зависност до
нивно целосно уништување.
Мозоците на Македонците се деноноќно перени дека не сме способни сами да
ја преземеме нашата македонска судбина во свои раце, а всушност ние сме тие
од кои зависат нашите поробители и нивните македонски лакеи. Во Македонија
балканските поробители ќе мора да бараат нов начин за да опстанат, а не како
до сега со паразитство и експлоатација. Најголемата пречка за нас е
наследниот ропски менталитет! Прво со него ќе мора да расчистиме. Ќе треба
да веруваме во себе. Македонската историја е послана со светли примери кои
можат да ни ја вратат вербата во самите себе. Проучувајќи ја нашата историја
секој ќе биде горд на тоа што е, а не во тоа што не е, во тоа што некој друг
го трансформирал прекрстувајќи го и отуѓувајќи го од својот род и пород. Тој
процес е веќе почнат. Не е далеку денот кога ќе биде завршен во сите делови
на Македонија. За да го забрзаме тој процес мора да расчистиме со многу
заблуди во кои слепо се верува како на пример: србизмот, грцизмот,
бугаризмот, славјанизмот и нивните сурогати. Наместо во нив, ќе треба да
веруваме во самите себе, во македонизмот. Македонизмот на секој Македонец
треба да му е како насушен леб, како вода и воздух или поедноставно,
единствена смисла за живот. Сите ние треба да мислиме како еден кога е во
прашање Македонија. Без духовно обединување залудна ќе ни биде борбата за
обединување на Македонија. Македонија е единствена цел со која можеме да се
обединиме како народ. Обединети духовно, полесно ќе ја обединиме Македонија,
како што тоа го сторија Германците.