упчо Тодоровски – Упа, продуцент,
актер и сосопственик на продуцентскатакуѓа "Катена Мунди" поднел три барања
до Министерството за финансии за на се изврши ревизија на распределбата на
околу 1,5 милион евра од ресорното Министерство наменети за годинешната
филмска дејност, да се поднесат прекршочни пријави против надлежните за овој
ресор, како и третото барање - спречување, односно поништување на штетниот
договор за продажба на правата на филмот "Пред дождот", споственост на
Јавното претпријатие "Вардар филм", на приватно претпријатие.
Господинот Тодоровски се одлучил на ваков потег поради тоа што, како што
самиот вели, веќе подолго време работата на Министерството за култура е
проследена со бројни афери кои се повеќе го привлекуваат вниманитето на
јавноста.
НЕЛОГИЧНОСТИ
Суштината на поднесувањето на овие барања е да се укаже на непримерната
работа и доделување на буџетски средства на Министерството за култура. Ова
Министерство без да се распишат јавни конкурси кои ќе се донесуваат според
Законот за јавни набавки, без да воспоставува комисии и да препишува мерила
и критериуми, правилници како и што ќе работи, значи без никаква јавност,
паушално, врз база на приватни мислења, ја носи годишната програма за
филмско производство. Како што посочува Тодоровски, филмската дејност во
државава се финансира со државни средства, но без претходен јавен конкурс,
без прибирање на мислења од стручни лица и институции, со што се отвора
можност за плетење партиски и приватни игри околу добивањето на парите.
Министерството за култура го приватизира јавниот буџет, врши незаконски
дејства, а со тоа & нанесува штета на македонската култура, особено на
филмската дејност, вели Љупчо Тодоровски. Ниту еден филмски проект
што годинава е финансиски поддржан од Министерството за култура не ја помина
законската процедура на јавен конкурс и јавен увид. Државниот секретар
Горјан Тозија неприкосновено одлучува каде ќе одат парите додека формално за
тоа треба да реши Бранко Петровски, одговорен за филм во ресорното
Министерство, кој сега се наоѓа во состојба во која нема право на потпис,
нема право на располагање со средствата. Се прашувам кој ќе ја понесе
одговорноста за незаконското делење на средствата. Кога не постои
конкурс, повторно се прашувам врз основа на што се поделени средствата од
1.200.000 евра од кои 96 или пак 86 отсто им се дадени само на две
продуцентски куќи - "Прва партизанска продукција" и "Сектор" која е
формирана во јануари годинава?! Зошто не е распишан конкурс како што бара
Законот за јавни набавки со попис и опис на незавршените работи околу
четирите филмови во производството во 2002 година, туку без конкурс се
доделени на продуценти? Во Македонија има десетици и десетици добри
продуценти. Како мислат министерот и државниот секретар да излезат од овој
ќорсокак на непромислено трошење јавни пари? Зошто овие две личности тајно,
под маса, финансираат филм? Станува збор за филмот "Бал-кан-кан" на
режисерот Дарко Митревски од "Прва партизанска продукција" на кој му се
доделени 33 отсто од буџетот наменет за филмска дејност годинава. Како е
возможно пари да се даваат на продуцентска куќа чиј основач е режисерот на
филмот?
БЕЗЗАКОНИЕ
Исто така, господинот Тодоровски појасни дека не постојат јасни и јавни
критериуми, но и дека на целата ситуација & оди во прилог и ревидираниот
Закон за култура за кого се уште не постојат подзаконски акти што би го
регулирале трошењето на финансиите, со што би се одредила и одговорноста за
нивната поделба. Со ова се зголемува дискреционата власт на министерот за
култура во сите области.
Доколку се погледне Законот за култура, дури и изменетиот текст од јуни
којшто патем не ја исчека експертизата од Советот на Европа, тој во ниту
еден свој сегмент не ја регулира работота на Министерството за култура во
финансирањето. Според Законот за култура, Министерството нема обврска да
донесе ниту еден подзаконски акт, да донесе ниту еден акт мерилник, правило,
значи целата второстепена подзаконска регулатива не постои, вели
Тодоровски.
Тоа значи дека никој нема законски да одговара. Како што вели Тодоровски,
како некој законски да одговара и по која основа против ваквото
приватизирање на државните пари на Министерството за култура, кога немало
конкурс што практично излегува дека не може во овој случај да се тужи
споменатото Министерство.
Зошто велам дека има приватизирање на власта, на моќта и на позицијата и
на трошењето јавни пари во Министерството за култура?! Ако нема подзаконски
акти, подзаконска регулатива, ако нема правилници јавно објавени, мерила,
критериуми и правила на игра, ако немало распишан конкурс, ако немало
комисии коишто одлучуваат кои сценарија, кои проекти по која цена ќе влезат
во Програмата, останува прашањето кој ја донел одлуката кои проекти да се
финансираат, објаснува Тодоровски. Судејќи според јавните изјави на
министерот Стефановски дека секторот филмска дејност го води државниот
секретар на Министерството за култура, Горјан Тозија, очигледно е дека
политиката во областа филмска дејност ја креира државниот секретар. Но, тој
бидејќи не е правно одговорен, одговорноста на своите плеќи ќе ја понесе
министерот.
ИГРИ
Тодоровски открива и уште неколку валкани игри на државниот секретар
Тозија при тоа јавно прашувајќи го министерот Благоја Стефановски дали знаел
дека единствен член на Европски продуцентски клуб од Македонија е токму
Горјан Тозија за чијашто годишна котизација (учество) Министерството за
култура преку Друштвото на филмски работници уплатило 2.000 евра, за две
години однапред. Ова е уплатено два месеца пред да се донесе Програмата.
Ако знаел, тогаш мора јавно да објасни кој е интересот на државата со
јавни пари да плаќа приватни членства во независни здруженија, вели
Тодоровски. Ова не му е прв пат на господинот Тозија да се кити со туѓи
перја и преку несигурниот, неорганизираниот државен апарат за контрола да
стекнува приватна корист. Очекувам дека министерот ќе ги повлече парите за
котизација и дека ќе го симне моралното петно од името на македонските
продуценти и филмски дејци пред нашите колеги во Европа.
Последното нешто за кое господинот Тодоровски крајно е револтиран од
однесувањето на Министерството за култура е понудата на странски инвестиции
за "Катена мунди" за завршување на филмските проекти од минатата година.
Станува збор за 200.000 евра странско вложување за довршување на филмот "Големата
вода", но господинот Тозија ваквата понуда воопшто не ја зел предвид,
односно досега Министерството не ги удостоило со одговор. Министерството за
"Катена мунди" никогаш не било отворено за разговори.
Демант на Тозија
Во одговорот на господинот Горјан Тозија за сите обвинувања што му ги
упати господинот Љупчо Тодоровски - Упа, меѓу другото, се вели: Ниту јас
сум психијатар, ниту Министерството за култура е санаториум. Ако медиумите
се добра терапија која му помага на Упа, јас ќе бидам среќен.
Воедно тој истакнува дека во Министерството за култура се случуваат многу
важни работи, па така тие едноставно немаат време да одговараат на овие
небулози на Упа, ниту пак сметаат дека има вистинска и издржана основа.
Едноставно, нема ниту потреба, ниту време за сечии обвинувања
Министерството да свикува прес и да објаснува нешто што, впрочем, се работи
јавно и за што доказите се евидентни, додава Тозија.
Одговор и на министерот
Една недела по обелоденувањето на обвинувањата од господинот Тодоровски и
министерот за култура, Благоја Стефановски, се огласи со свој демант во "Утрински
весник":
Не сакам да коментирам несериозни работи како што се обвинувањата на
продуцентот Љупчо Тодоровски - Упа. Тој манипулира со неточности, шпекулира
со невистини, а во Министерството за култура конкурира во име на
продуцентска куќа само со лист хартија, вели министерот Стефановски.