ентарот за карпеста уметност,
односно д-р Душко Алексовски, навреме приложи Проект до Министерството за
култура за документирање и обработка на дел од Александровата библиотека,
сместена во една импровизирана пештера на планината Беласица.
За жал, информаторите, тројца бугарски државјани кои не го откриваат
својот идентитет, побараа за десет дена, од 16 до 25 август, книгите да се
документираат и да отпочнат преговори со Министерството за култура за откуп
на овој вонреден библиотечен материјал. Во спротивно тие ќе постапат
непопуларно, односно златните книги ќе ги претопат, а бакарните ќе ги
уништат од страв да не ги открие некој друг.
ЗЛО
За оваа информација Центарот веднаш го известил Министерството за култура,
но од Министерството се уште нема добиено никаков одговор, а лицата кои веќе
ги спомнавме книгите ги направиле веќе некорисни.
Златните се претопени, бакарните уништени, вели д-р Алексовски. Не
можеме да бидеме свесни за ваквата постапка на Министерството за култура,
кое не се потруди ниту да контактира со Центарот за карпеста уметност, но
затоа од Министерството се интересираат во Музејот на град Кратово дали д-р
Душко Алексовски редовно од 7-15 часот е во просториите на Музејот, за да
бидат сигурни дека теренските истражувања на карпестата уметност се
прекинати и најверојатно се радуваат.
Според д-р Алексовски, во пештерата се наоѓале две златни книги и 66
бакарни. Златните книги биле украсени со повеќе скапоцени камења, а на
првата и последната страница биле изработени релјефни претстави од походот
на Александар Македонски на исток.
Другите бакарни книги биле напишани на писмото кое е слично на веќе
документираната книга од страна на д-р Алексовски која ќе биде предмет на
расправа на идниот Светски конгрес за семиотика во Белград, во август идната
година. Дел од книгите се напишани на етрурски јазик и писмо, нешто што ја
потврдува теоријата за прапостојбината на Етрурците.
Најверојатно овие книги биле спасени од ограбувањето на Римјаните кои по
падот на Македонија под Римска власт ограбиле од Македонија се што можеле,
објаснува д-р Алексовски. За жал, за нас, нивните наследници, по 2.300
години овие книги ништо не значат и дозволивме да бидат уништени. Така
направивме зло и кон македонското и кон светското културно, јазично,
историско и библиотечно наследство од непроценливо значење.
ШТЕТА
Но, тука проблемот не застанува. Државните органи во моментов со сите
сили се борат Светската академија за карпеста уметност да не биде
регистрирана со седиште во Македонија, а формирана од Светскиот конгрес за
карпеста уметност и со средства донирани од УНЕСКО!
Се прашувам: има ли крај на македонското самоуништување, додава д-р
Алексовски. Вакво зло на Македонија не & направиле ниту Турците за пет
века владеење, кои издавале и дозволи за градење и обновување на цркви и
манастири, како и училишта! Тие не ограбиле ниту една манастирска библиотека,
додека ние дозволивме да се уништи највредното македонско и светско
библиотечно наследство. Сега веќе слободно можеме да информираме дека
Македонија е осакатена, ослепена и обезличена од своите родени деца. Ваква
национална трагедија не сакаме да му се случи и на нашиот најголем
непријател, бидејќи тоа е штета за целото светско културно наследство.
Накратко, ќе ги споменеме само финансиските ефекти кои требаше да ги
предизвика библиотечниот фонд. Една Мона Лиза која има многу помала вредност
во однос на овој библиотечен фонд, на Франција преку нејзина презентација
досега & донесе повеќе милијарди долари. Тоа значи дека на Македонија
презентацијата на ова културно наследство би & донело милијарди евра, со
добра организација. Така, Македонија ќе се поздравеше со својата беда,
сиромаштија, невработеност.
Во моментов д-р Алексовски очекува барем Министерството за култура да
дозволи документирање и откуп на цензурираните писма на македонските војници
од Првата светска војна, поради тоа што истите биле пишувани на кратовскиот
дијалект, а за чиј откуп и документирање се потребни само околу 250.000
денари.