?
Токму така започнува реторичкото безмалку нападно полемизирање на еден
Грк преку Интернет кој едноставно е скаран со сите оние што се нарекуваат
Македонци. Токму во времето кога филмската машинерија на Холивуд повторно го
стави во фокусот легендарниот војсководец, Александар Македонски,
најголемиот освојувач во античкиот свет, човекот кој пред 2.300 години го
измени светот и за кого се верува дека ако не умреше толку млад и денешниов
свет немаше да биде таков каков што е.
Исто така, гореспоменатиот Грк преку Интернет & порачува на македонската
Влада во Скопје да му покаже некој доказ од пред 400 години пред новата ера
според кој Македонците се поинаков вид луѓе. Според неговите фалби, Грција
располага со 3.000 археолошки пронајдоци кои говорат дека Македонија е грчка.
Во понатамошното забегување исто така вели дека тој самиот е жив доказ дека
Македонија е грчка итн. итн.
Нејсе. Кога амбициозниот Грк ќе најде одговор зошто бабите не се жаби,
ете тогаш ќе одговори на поставеното реторичко прашање. Ете и тогаш може да
се одговори зошто Александар Македонски, не бил Грк, ами Македонец, зашто
едноставно не се викал Александар Гркот, туку Александар Македонски. Но,
како што вели нашиот писател Петре М. Андреевски: "Ова е само една вистина,
зашто вистини има стопати по толку, којзнае колкупати по толку. Вистини има
колку што има и луѓе. И живи и мртви".
ПОЛЕМИКИ
Неоспорно е дека Пела бил родниот град на Александар Македонски. Останува
нејасно зошто од таму биле насилно иселени многу македонски семејства кои од
дедо - прадедо живееле токму во престолнината на Александар? Зошто тие се
иселени па на нивните огништа да се населат дојденци - Грци? Зошто Грците ги
уништиле скоро сите веродостојни антички локалитети кои едноставно ја криеле
голата вистина за Александар? Зошто Грците ден денес едноставно се палат на
името Македонија и Македонци? Зошто, ако ете да претпоставиме дека вистината
е на нивна страна, ги боли името - Македонија?
Зар можеме да бидеме слепи пред голата вистина на историјата и да не го
споменеме геноцидот што им се случи на Македонците во Егејска Македонија кои
во тој дел беа застапени дури со 75 отсто. Зар да се заборави дека на
грчко-италијанскиот фронт во Албанија загинаа околу четири илјади Македонци,
додека во февруари 1941 година околу пет илјади Македонци се повлечени од
фронтот и се испратени во логори. Зошто од Егејска Македонија во Бугарија
биле депортирани околу 600.000 Македонци? Зошто Македонците залудно се бореа
и гинеа во грчката Граѓанска војна? Дали според генералот Маркос,
македонските борци едноставно биле злоупотребени за Егејска Македонија да
остане грчка?
Зошто историјата на Македонија и македонскиот народ секогаш им го врти
грбот? Зошто ни се случи монтиран егзодус чија позадина има далекусежни
импликации за разнебитување на македонската нација? Има ли правдина и
единствена вистина за нас Македонците кои на сред Солун и Атина не смееме да
си се наречеме така како што сме родени - Македонци?
Многу прашања, а има само еден одговор. Грците се плашат од Македонија и
Македонците.
ФИЛМ
Сепак, да се вратиме во Холивуд. Но, и тука е инволвирана политиката и
тука некој место Александар Македонски, сака или пак се обидува да создаде
грчки бог!
Но, она што во овој момент во овие филмски приказни и нивниот пристап кон
изминатата и сегашна историја е неизбежно, е и чувствителното прашање врзано
за овие простори, за местото на Македонците и Грците во историјата и денес.
Една американска новинарка ќе напише дека во подготовката на овој Проект му
претстои далеку потрнливиот пат кога се работи за македонското прашање и
ставовите на Грција и на, како што не нарекува, БЈРМ (објаснувајќи дека тоа
е северен сосед на Грција, поранешен дел од Југославија и дека станува збор
за држава чиишто жители денес се нарекуваат Македонци). Во секој случај "Александар
Македонски" е Проект кој во фокусот, како и пред многу години наназад, ги
става мудроста и одговорноста, способноста и храброста, а пред се
идентитетот и силата да се прекрои светот. Ако тоа го немате, никаква
историја не може да ви помогне. Филмот тоа можеби ќе го прикаже, можеби и не,
но влијанието на Александар како и секогаш, било трајно и различно зависно
од тоа од кој агол на сето ова по којзнае кој пат ќе се осврнете.
Остана нејасно и тоа дали Грците со своите доблести можат да се
нарекуваат потомци на еден ваков голем човек?
ПАТРИОТИ ИЛИ НАЦИОНАЛИСТИ?
Неодамна објавените резултати од анкетата на 90.000 средношколци во
дваесет и осум земји покажа дека Грците водат во патриотските чуства заедно
со кипарските Грци кои се на второто место (види статија во "Та Неа"
11/12/2002, стр. 16). Овој податок кој инаку ни го пренесува Алекс
Хераклидес кој е асистент професор по Меѓународни односи на факултетот за
Политички Науки и Историја при Универзитетот Пантие е посебно актуелен денес
кога во духот на Копенхаген, решението на кипарското прашање и иднината на
островот висат на конец.
Дали е вистина дека Грците се повеќе етноцентрични отколку граѓаните во
другите земји, се прашува во својот напис Хераклидес. Можеби споменатиот
патриотизам значи нешто друго: да се сака и да се биде горд на Грција како
земја и како држава? На крај, патриотизмот не е исто со национализмот (да се
сака само својата нација), кој одвреме на време создава екстремисти и/или
агресивни сили. Патриотизмот е лојалност/ љубов/ идентификација со државата,
не со нацијата/етносот. Сепак, ако државата е национална како што Грција е,
границата меѓу државата и нацијата е невидлива.
Во својот напис подолу Хераклидес ја појаснува и разликата меѓу
национализмот и патриотизмот.
Разликата меѓу патриотизмот и национализмот станува јасна, според него
кога лојалноста /идентификацијата е со државата ако опшеството е
мултиетничко и оваа идентификација е во спротивност или ги надминува
националните интереси на една етничка група. Втората разлика,
коментира тој, доаѓа кога поединецот може да разликува помеѓу државниот
национализам и пан-национализмот, како што беше во 19 век во Грција (малата
Грција во спротивност на Големата Идеја).
Ова е точно во арапскиот свет каде што разликата помеѓу лојалноста кон
една арапска држава и идентификацијата со големата арапска нација е огромна.
Треба да се забележи дека денес повеќето држави не се национални или нација
- држава, иако тие инсистираат на тоа, таков е случајот со Турција, Изреал
или обединетиот Кипар, иако Грците и Кипарските Грци би сакале така да биде.
Друг проблем во разликувањето на патриотизмот од национализмот датира од
времето кога национализмот и концептот на нацијата се појавија за прв пат
при крајот на 18 век. Ова е причината зошто двата концепти често се
употребуваат паралелно.
Силното етничко чувство на Грците е познато и од други истражувања (види,