овек просто не знае што & треба
на македонската политичка и друга стварност, да може македонскиот човек да
ја осознае атмосферата и амбиентот во кој реално, а не виртуелно живее или
пак & треба "футуризам" со примеси на - бандитизам?
Банда ти бил италијански збор и значи музика, ама и талог, багра, фукара,
отпадок... Чета, дружина собрана и организирана да прави лошо. Лето е уште и
да "си кажеме право" (убавите реченици на мојот пријател Робе) се
изнапишував, но и се изначитав. Нека прости Гордана Стошиќ: телевизија не
гледам, радио слушам. Ако така прави половина македонски народ, што ќе ни е
ваква телевизија каква што ни прикажуваат! Прв што ни стави до знаење дека
во оваа земја македонска има нешто гнило во нејзиното "сликовито
презентирање", беше горопаднатиот претседател на државата: "... Можете сто
седници на Собранието да одржите, но Законот за феудална ТВ претплата преку
електросметките, не го потпишувам"!
Рече Борис Трајковски, ама не објасни зошто, иако приватно мислам дека
тој човек знае повеќе отколку што ни се чини. Некни "храбриот - плашливец"
Ерол Ризаов, по една подолга пауза & се вдаде на Владата онака како што само
тој знае и умее. Дефинитивно некој во оваа "сива информативна зона" да каже
тоа што треба да - каже. Иако овие летни денови моите реминисценции се
движеа од желбата за нови домашни литературни остварувања до препрочитување
на старите, се ми се чини дека нашата книжевност личи на "недовршените дела"
на Микеланџело Буанароти.
Да поедноставам: има ли во македонската книжевност живописни личности од
нашиот денешен политички пантеон, па макар да ги "извајале" и новинари?
Немаме, категорички тврдам, освен ако не ја земете предвид единствената
невладина емисија - Хихирику... Земете го за пример брат Љубе и нему слични.
Сите обиди се смешни општествени карикатури, на кои се насладуваме
маргинално. Неконвенционалната сликовитост на нивниот речник зборува повеќе
отколку што сакаме да разбереме за обележјето на нивното вистинско
општествено потекло.
Сега со пиштолите, порано со картешниците, брат Љубе не го симнуваме како
јавна икона изложувајќи ја на потсмев целата држава. Нему едноставно што му
недостасува е еден домашен, македонски Балзак или Зола, да го "нацрта" таков
каков што всушност ни го донесе - транзицијата. Оти Љубе не е "Еро од оној,
туку Еро од овој свет".
Кога ги читам Старделов или Ѓурчинов, им се чудам зошто се уште ги фалат
писателите со "непамтливи ликови"?! Можеби затоа што намерно или ненамерно,
авторите ги маскираат со шифри и алегории! Дури македонските раскажувачи
лесно се откажаа и од една Доста Димовска, родена како Орлеанка. Таа
маченица мораше да биде "подлабоко прикажана", како редок женски лик од кого
блика политичка ангажираност во откривање на "тајната македонска шифра"...
Славко Јаневски се обиде со неколку рустикални, селски ликови да ни ја
најави постсоцијалистичката кадровска судбина во политиката, чиј специјален
тренинг трае долго, многу долго, просто да не може да се издржи.
Македонската литература не измисли свој Фауст, Чичиков, госпоѓа Бовари,
Дон Кихот, Хаклбери Фин, добриот војник Швејк... А, ги имаме, не да ги
немаме. Не знам зошто силно ми се вгнезди една опасна мисла, ама ќе ја кажам,
па "шо сака нека бидит": Ние сме робови што доброволно се откажуваме од
својата слобода во корист на нашиот поробувач. А, поробувачот, тоа сме ние!
Да нема многу скитање и разочарување. Ликот на брат Љубе не е за потсмев.
Тој лик, фала му на Бога што ни се појави во стварноста, е сериозен
предизвик, но само за оној и за оние што можат да ја прифатат таа сериозност,
одговорно и книжевнички. Се друго може да биде, а веќе и е - лар пур лар...
Нема да ми забележите, уште е лето, имаме право на поинакви теми од оние што
ќе не навасаат веќе во септември со првите дождови и првите протести.