За некои можеби насловот не е важен, но нам "последните Мохиканци" кои се
обидуваме во ова лудо време да опстанеме национално како Македонци, бидејќи
другите се откажаа од себеси и од националната борба, а во меѓувреме власта
ич не бере гајле за проблемот и многу е индиферентна, многу ни е важно да
посочиме по којзнае кој пат на тивкото освојување на Скопје од страна на
Албанците и нивниот економски потенцијал. Или, ако сакате да бидеме
тафтолози, иселувањето на Македонците од левиот на десниот брег на реката
Вардар во Скопје, пред се се случува од страв, од криминал и невиден
притисок врз македонското население и на другите кои не можат да ја издржат
тортурата што им ја прави новата балканска и европска "ариевска раса",
Албанците, кои за себе велат дека се угнетени и миноризирани.
Меѓутоа, кој впрочем е угнетувачот во оваа земја, а кој е угнетениот!?
Оваа фарса е евидентна. Едните се чувствуваат како наследници на
освојувачката жед на "Џинкис Кан", а другите молчат и бегаат затоа што никој
не сака да го запре албанското стампедо во Македонија. Мораме да се
запрашаме дали сакаме да си ја задржиме оваа мала земја за татковина на
македонскиот народ, или подобро е да бидеме сведоци на реинкарнацијата на
Отоманската империја олицетворена во големоалбанската шовинистичка идеја?
ИНДОЛЕНТНОСТ
Ако целта е да се опстане на власт, без разлика на цената што треба да се
плати, тогаш подобро да не го лажеме македонскиот народ, туку да ги
спакуваме куферите и да се подготвиме за сценариото на протераните од
Тетовско и Кумановско. Или да се потсетиме на бежанците, Македонци од
Егејскиот дел на Македонија, кои ни по неколку децении не можат да си ги
остварат основните човекови права и слободи во земјата којашто пред некое
време себеси се нарекуваше лидер во Европската унија.
Ако се потсетиме на судбината на Македонците од Егејот, тогаш навистина
не чека многу страшна и болна перспектива. Но, таа веќе се одвива.
Територијалните апетити на Албанците се остваруваат без ни малку да трепнат
македонските политичари. Тие со своето индолентно однесување и подлизување
ни нанесуваат ненадоместливи штети кои тешко ќе се покријат или ќе се
закрпат. Постојано коленичат и постојано ги оправдуваат екстремните
националистички и во последно време шовинистички чекори на Албанците во
земјава.
Од каде им толкава сила на Албанците?! Тие нема толку горопадно да се
однесуваат ако не им се дава простор за мајтапење со македонските национални
интереси. Затоа се помалку се чувствуваме дека сме Македонци и дека живееме
на својата родна грутка. Овој однос кон сопствениот македонски народ е
познат во историјата. Така се однесуваа македонските политичари во
поранешната ју-федерација, така се однесуваат и нивните наследници,
реформираните комунисти, божемните наследници на ВМРО, дел од членовите на
ДПМНЕ, како и преостанатите што понекогаш дигаат политичка прашина и
исчезнуваат од сцената по извршената тајна задача што им ја задале овие
претходните, големите браќа.
ИСТИ!
"Големите браќа" се покажаа како слабаци кои на албанските политичари им
дозволија непречено да ги остваруваат сопствените идеали. Тие ги вртат како
што сакаат, од денес за утре, но најмногу мислат за нивната иднина. Ваквото
нивно однесување го наметнува прашањето кој всушност е господар во
македонскиот двор? Ахмети и неговите соборци! Тие, освен на македонскиот
народ, и на премиерот Црвенковски не му дозволуваат да ја смени својата
релација на движење по Водњанска, а потоа по булеварот "Свети Климент
Охридски" до зградата на Владата и назад. Ептен мал простор му дале за
движење. Што да прави кутриот кога секое утро треба да даде рапорт пред
командантот Ахмети.
Тоа е вистината и нејзе треба да & се погледне в очи. Но, очигледно некои
немаат очи за гледање. Ама немаат ни уши за слушање. Затнати им се! Да им ги
исчистиме оти треба да го чујат гласот на македонскиот народ кој е избезумен
од владеењето на СДСМ. Тие се однесуваат како и нивните претходници, ем се
кукавични, ем се предавници. Сортата им е иста. Од една мајка се родени.
Едните бетер од другите.
Нашите сновиденија велат дека гротеската на македонските политичари толку
е плитка што и најбудалиот човек на планетава може да им се смее оти имало и
побудали и полоши од нив. Само глупави и припрости луѓе можат да се откажат
од сопствената земја, од сопствениот род, од сопствената татковина и
мајковина.
СЕГРЕГАЦИЈА
Атлантида доживеа тектонска катастрофа, но тоа никогаш не беше докажано,
бидејќи за легендата нема материјални докази. Но, судбината на Атлантида ја
доживува и македонскиот народ и Република Македонија. Со единствена разлика
што за нејзиното пропаѓање има многу докази кои не можат да се сокријат. Тие
се толку дебели што не ги собира ниту во некогаш најбогатата библиотека на
светот, Александриската, која на крајот беше уништена затоа што непријателот
знаеше дека со палењето на книгите и културното богатство може да го избрише
името на Македонците од земјината топка.
Истата тактика сега ја применуваат Албанците. Тие етапно ги истиснуваат
Македонците од просторот во кој живеат. Со Тетово и Гостивар се при крај.
Скопска Црна Гора, Липковско-Карадачкиот крај одамна е нивен, остана само
Скопје, поточно левиот брег да се освои. За него не треба да се лее крв,
доволно е две - три банди да припукаат пред очите на шерифот Хари, а потоа
да пуштат уште две до три бомби и доволно е да се заврши со етничката
сегрегација на скопскиот терен.
Кантонизацијата ќе биде наредниот чекор, а од таму до федерализацијата и
поделбата на Република Македонија останува малку време. Скоро ич. "Браќата
Албанци" си ја завршија работата. Останува само да ги истераат оние што
немаат каде да заминат. Или, и нив ќе ги "претопат" онака како што се
правело со илјадници Македонци низ вековите.