мртта на Пресвета Богородица,
крајот на Нејзиниот земски живот, се нарекува Успение - збор во кој
се соединуваат сонот, мирот, радоста, успивањето, спокојот, почивката. Со
Успението на Пресвета Богородица почнува големиот Богородичен ден, како ден
на радосното преселување на небото и средбата на Божјата Мајка со Нејзиниот
Син и Божјиот свет, во сета негова благодет и неизмерна убавина. И еве, "смртта
престанува да биде смрт ... таа не е пораз, туку победа".
Смртта поминала во бесмртно Успение, во вечен живот. Таа не е разделување,
туку соединување на земското со небесното. Затоа на овој славен ден Светата
Црква пее: "На Твоето бесмртно Успение се собравме ние". Тогаш ние всушност
ја прославуваме смртта на Божјата Мајка како раѓање, "влегување во
вистинската сфера на постоењето, наречено вечен и нераспадлив живот".
НЕБЕСНА БЛАГОДАТ
Пред Нејзините благословени очи и мајчиното срце кое крварело од болка,
во најголеми маки умирал осуден на смрт на Крст Нејзиниот Син. По Неговото
Распнување, Воскреснување и Вознесение на небото, Таа поживеала на земјата
уште 11 години. За Неа се до Нејзината смрт се грижел љубениот Христов
ученик Св. Јован Богослов. На Маслиновата Гора, на местото каде се Вознел
Христос, плачејќи се молела Бог да ја земе од овој свет. Тогаш & се јавил
Архангел Гаврил и ја известил дека по три дена (на 15.08./28.08. во 15 часот
попладне) ќе биде упокоена. Тој & донел една рајска гранка од палмово дрво,
која светела со светлост од небесната благодат и која ќе се носи пред одарот
на Божјата Мајка, како знак на тоа дека ја победила телесната и душевната
смрт. И рекол дека: "Ќе помине во бесмртен живот за да живее вечно со
Бесмртниот Цар на славата". Таа веднаш го известила за тоа Св. Јован
Богослов, а веста стигнала до апостолите и голем број христијани. Чудна сила
ги донела 11-те апостоли при неа. Пред нив ја искажала предсмртната порака (која
всушност е извршена), Нејзиното тело да биде погребено во Ерусалим, во
Гетсиманската Градина, таму каде што била гробницата на Нејзините родители,
Св. праведни Јоаким и Ана и стариот праведен Јосиф.
Се приближил најавениот ден за Упокоение на Богородица. Три часот
попладне. Таа лежела на одарот и одеднаш се осветлила куќата со необична
светлост од Божјата слава. Божјата Мајка Го видела Синот како & се
приближува. Кажи ни Божја Мајко, Мајко Исусова, Која Му даде живот на нашиот
Спасител и Господ, прозбори со Твоето срце, кажи му на светот, што
почувствува Твојата душа, кога по 11 години разделба, Го виде жив саканиот
Твој Син, Твојот Син Единец? Колку се израдува Твојот Свет Дух во Бога?
Загледувајќи го приближувањето на Синот, Божјата Мајка радосно воскликнала:
"Мојата душа го велича Господа, и мојот дух се зарадува во Бога,
Спасителот мој ...".
Таа се подигнала од одарот како да оди во пресрет на Својот Син и Му се
поклонила на Својот Бог. А Тој, приближувајќи се, и со неизмерна синовска
љубов, гледајќи на Неа, рекол: "Дојди Блиска моја, дојди Голубице моја,
дојди најскапоцен мој Бисер, и влези во живеалиштето на вечниот живот".
АНГЕЛСКО ПЕЕЊЕ
Богородица Му се поклонила и Му рекла да го прими Нејзиниот дух и да ја
заштити од власта на темнината. Таа мирно ја предала Својата света душа во
рацете на Бога, без да почувствува болка, како да заспала. Во книгата за
Нејзиното чесно упокојување се вели: "Бројот на годините кои непорочната
Мајка Божја ги поживеа на земјата се точно педесет и девет".
Започнал највеличествениот, најсвечениот погреб, во поворка со многу
христијани. Се слушало ангелското пеење. Апостолите го носеле на рамења
одарот на Пресвета Богородица. А најнапред одел Св. Јован Богослов кој ја
носел светлата рајска гранка. Но, еврејските првосвештеници и книжници од
завист испратиле војници да ја спречат поворката и наредиле "телото на
Марија да го изгорат", а на апостолите да ги претепаат. Но, Бог ги
поразил со слепило злобните гонители, а на еврејскиот свештеник Антониј, кој
се обидел да го сврти сандакот, невидлив ангел му ги отсекол рацете.
Апостолите ја погребале Богородица. Тие го отвориле гробот за да & се
поклони Св. апостол Тома, но "ја најдоа само плаштаницата, а телото не
беше во гробот". Таа, како и Христос, доживеала телесна смрт, но во
третиот ден по погребувањето била воскресната од Синот и Својот Бог, и со
телото земена на небото. Се вознела на небото.
Таа им се јавила на апостолите жива, светла и опкружена со ангели им
рекла: "Радувајте се, зашто сум со вас во сите денови".
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство,
Митрополитот европски, г. Горазд