о најжешките денови во годината
кога температурата се искачи можеби и до 40 степени од која и "камен и земја
гори", на отворено, под ведро небо, препуштени сами на себе на милост и
немилост, а со надеж во душата дека ќе успеат да најдат егзистенција за себе
и своите деца, Роми (Цигани) бегалци од Космет и Метохија, нецели три месеци
платија дебела школа, како се тргнува "трбухом за крухом" по овој бел свет,
во Меџитлија на македонско-грчката граница, и тоа само поради тоа што се "српски"
бегалци! Да биде драмата уште поголема, добиле добар ќотек од македонските
безбедносни сили (читај полиција), поради како што велат "Загрозување на
Македонија".
Оваа група Роми бегалци од Србија, односно од Космет и Метохија (јужна
покраина на Србија) сакаа да одат во Грција, но Грците не им дозволуваа
премин на границата. За жал, место помош, цело лето беа препуштени сами на
себе, без никакви услови за живеење, а добија богами и дебел ќотек. Од
другата страна на границата, грчките полицајци, беа вооружани до заби, и со
наредба на нивните главатори да пукат во се што се движи. Со помош на некои
меѓународни сили и организации, во јужната покраина на Србија, Космет и
Метохија, тамошните Албаници вршат етничко чистење на теренот, и овие Роми -
бегалци сакале или не, мораа комплетно да ги напуштат своите родни огништа и
да бараат спас по белиот свет, бидејќи не се трпи деноноќното малтретирање и
убивање од страна на Албанците.
Чудно е и како се однесува нашата држава кон нив. За цело време никој не
поставуваше прашање и не покажуваше интерес за овој случај: "Што со нив?".
Загрижува и Парламентот со неговата незаинтересираност. Го нема Амди Бајрам
(во затвор е поради некој си текстил). Тој веднаш би покренал иницијатива за
овој проблем. Дури ни Есма Реџепова - Теодосиевска, нема гајле за ова. Таа
знае да троши пари, а ваму не може да помага, голема хуманистка, зарем не?
Овие Роми - бегалци да беа бегалци - Албанци од покраината, тогаш веднаш
сите би се заинтересирале за нив: и македонската држава, и меѓународните
организации и Црвениот крст.
Сето ова е поради тоа што се "српски" Роми - бегалци. Да разјасниме нешто,
овие Роми - бегалци, немаат ама баш никаква врска со политиката на Милошевиќ
или која било друга, и сега недолжно страдаат. Да биде иронијата уште
поголема, сега се сместени во Куманово во некои хали и ладни простории.
Спијат на бетон без покрив, без помош од меѓународните фактори. Препуштени
сами да преживеат. Колку ќе трае оваа одисеја со овие бегалци, не се знае.
Со ваков пример не се оди во Европа!
За на крај мало појаснување: Косово не постои, постои само Косовско Поле,
каде на таа полјана и место, се тепале Срби и Турци, познато во историјата
како Косовската битка. Денешното име Косово е вештачка творба на Албанците
кои таму живеат. Постои само јужна покраина на Србија која се вика Космет и
Метохија. Друга покраина на југот на Србија нема!