ФОРУМ

НЕЧЕСНИОТ УСПЕХ Е НАЈСРАМНО РОПСТВО!

Љупка Ципушева, дипломиран филолог

(Отворено до госпоѓа Теута Арифи. Јас, Љупка Ципушева, Ве поканувам на коментар, т.е. одговор на поставените прашања кои се проткајуваат во текстот)

Госпоѓо Теута, да се носи епитетот човек значи да се биде добар, кон-структивен граѓанин во земјата во која си се родил, родна грутка во која си лазал по стапките на своите предци, земја во која си застанал на нозе и си го направил првиот чекор кон иднината која секого го вика и чека.

Добрите конструктивни граѓани во човечкото општество се основа за мир, благосостојба и духовен напредок во заедницата. Тие се честити и верни како кон себе, така и кон секој човек, кон државата, кон заедницата. За жал, во човечкото општество постоојат голем број деструктивни граѓани кои работат во интерес на разни моќници и политички дилетанти, кои во секој момент се подготвени да го разнишаат мирот во државата и да го разрушат меѓучовечкиот однос во заедницата.

Една мала, но многу важна компарација меѓу едните и другите ќе ни овозможи полесна определба и подостоинствен начин за пристап кон нештата. Претставник на добрите конструктивни граѓани е секогаш мудроста - кралицата на основниот принцип на мир, база на редот и правилата од кои никне спокојството, личната и општата среќа.

А, претставник на деструктивните граѓани е мрачната идеја која за жал секогаш наоѓа мозочно тло кое ја развива во "кралица" на немирот, база на нередот од кој никне неспокојството, стравот и несреќата. Деструктивците секогаш бараат и сакаат луѓето едноставно да ги цитираат нивните мрачни мисли и зборови, верно да им служат, за на крај да го јадат остатокот од нивната храна. Кога дел од луѓето прифаќаат вакви непринципи, тие тогаш стануваат условени души кои постојано прават грешки, постојано лажат и постојано се водени од мрачната илузија.

Сега ве прашувам лично, госпоѓа Теута, дали ваквите условени души можат да се сметаат квалификувани за извршување на некоја должност, особено јавна должност, особено државна должност, од која зависи општеството? Дали овие условени души мислат дека конструктивните граѓани можат да ги прифатат вакви какви што се? Одговорот од моја страна е: Не! Никако! Еве зошто.

Нивната условеноста е причина за сите падови во човечкото општество и најголема навреда на човечкиот живот. Овде заклучувам и сериозно Ве опоменувам дека секоја активност треба да биде поврзана со Бога или со Алах како милувате, за да се минимизира впечатокот дека претставниците на деструктивната маса го изгубиле својот интелект, влегле во постелата на змијата и го оставиле некаде својот личен интегритет благодарејќи на силната љубов кон својот авторитет кој очигледно ги покорил и ги казнил да имаат амимично лице.

За анализа да ја земеме последната деценија, на чие платно јасно се виде целата содржина на албанската слика во Македонија. Во контекст на ова ќе истакнам две есенцијални теми: Одрекување и кршење на редот на животот, без чии суштински содржини не може да се достигне мир на умот, и да се остане спокоен во душата.

Што се однесува да првата тема одрекување постојат различите мненија, но самиот збор одрекување е конечен.

Македонските Албанци како интегрална заедница со македонскиот народ живееја години и години заедно. Како се случило и под кои услови албанските жители да најдат прибежиште во Македонија е релевантен фактор, а уште порелевантен фактор е што на тие луѓе им бил понуден топол дом во Македонија. Биле колку што биле, статистиката знае да ја каже вистината, таа статистика го бележи и растот на овие луѓе по години, време и услови. Колку денес оваа заедница брои, пак, последниот збор го има статистиката, но кога ќе се обелодени бројката од резултатот ќе се донесе заклучок дека фамозната цифра имала услов под кој се множела: значи, ниту била малтретирана, ниту била спорена, ниту била онеправдана.

За возврат, од оваа фамозна цифра што добива Македонија? Последнава деценија албанската заедница наместо да се интегрира во системот на осамостојување на Македонија, таа јавно се одрекува од таа интеграција меѓучовечка и во еден долг процес на непристојност се одрекува од родната грутка - процес сплетен со сомнеж, сомнеж кој секогаш се споредува со демонот.

Демонот на сомнежот, за жал, не се уби со убиството на недолжните македонски граѓани без оглед на вера и национална припадност, тој демонот како да воскресна во главите албански се посилно и го пикна албанскиот граѓанин во срамна гетоизација и уште посрамна гравитација.

Госпоѓо Теута, ја ценам Вашата сериозност во парламентарната говорница, дури и заканувачкиот став со рака или повишен тон, но Ве прашувам: Пред кого сте толку сериозни и кому ја презентирате Вашата сериозност? На македонскиот народ? На Македонија? Па, госпоѓо, тие се најзаслужни за Вие денес да сте! Да живеете како етникум со сите божји нишани - дадени широкоградо од овој чесен македонски човек кој денес бесрамно се убива на разни начини и е жртва заради желба.

Овде мудроста ќе рече: И животинче да убиеш е одвратно.

Бидејќи сме уште кај првата тема одрекување, уште едно прашање: Сметате ли, госпоѓо Теута, дека вака гетоизирани ќе се интегрирате во Европската унија без држава? Јас сериозно Ви велам - не! Сепак, ви треба интеграција со државата во која сте се родиле, или со некоја друга кон која гравитирате. Е, тогаш веќе ќе почнат Вашите етнички маки и неправди, бидејќи ќе бидете три мнозински етникуми, по ред: македонски Албанци, српски Албанци и чисти Албанци.

Еве прашање: Што ќе им правите на чистите Албанци кои не го разбираат вашиот македонски или српски јазик и менталитет? Или можеби велам, не ќе сакаат да гравитираат кон земји во чија внатрешност врие туѓа совест? Ќе убивате повторно за да станете граѓанин од прв ред?

Во една пригода велите, цитирам: "Ни требаат дополнителни напори, тоа го бара времето, сите да го дадеме својот придонес".

Точно. Времето бара здружена активност, бидејќи Македонија нашата (моја и твоја) родна грутка, некој решил да ја брише од географската карта, а вие на тој некој сте му подале рака, ниту името ве засега и ве интересира, ниту нејзините граници ве интересираат, ниту економијата, ниту редот, ниту поредокот, и во вашата прокламирана сериозност ни збор еден единствен за ова.

Не одрекувајте се од родната грутка, таа корекција не трпи, слепоста ја осудува, а лажниот углед го казнува.

Казната ја наметна втората тема. Кршење на редот на животот, чии виновници се нелојалните, деструктивните граѓани во чија виулица се сплете и младо и старо. Никогаш и од никого, на албанската популација не & била спорена ниту материјалната, ниту духовната, ниту образовната активност. Ако етничките Македонци не ја имале оваа привилегија под четирите срамни ропства, не се осмелиле никому зулум да направат, се образувале под диктат, под туѓи и далечни стреи, чекале 23 века по смртта на Александар Македонски многу неправди да се исправат, Ве прашувам: Што сакате од ова парче земја да направите? Дали сте одговориле на многу непоставени прашања кои Вас лично не ве засегаат? Дали сте направиле соодветна анализа што ќе правите со два факултета во Тетово? Овде мудроста ќе рече: "Многу арно не е на арно". Во оваа арнина изостанува само Вашиот авторитет кој заборавил да Ви подари огромно огледало во кое перманентно ќе си го гледате Вашиот нарциосоиден лик, а плодното поле ќе се гуши со борци за правдина.

Молкот, госпоѓо Теута, има разорна моќ. Зарем вистината не ве плаши? Македонскиот народ ви дели милостиња, наспроти вашите нескротливи желби. Вие збирате резултати, но резултат со страствена активност е секогаш беден.

Во контекст на овој заклучок доаѓа сериозноста, сега пак, од страна на чесниот, конструктивен граѓанин, патриотот, кој ќе ги употребува сите инструменти на дејствување, а тоа се неговите чувства кои се посилни од најубитното огнено оружје.

Она за што сте повикани во овој текст е Вашето лажно "јас" пред светот, безбожноста пред својот народ, и недостатокот на свесноста за последиците кои & се нанесуваат на Македонија. Човек кој не води сметка за другиот има знаење кое се опишува како знаење кое е производ на темнината, следено од неколкуте природни нагони.

За секое дело се одговара пред државата, денес или утре, директно или индиректно. Неодговорното дејствување е разорно, ги уништува природните принципи, бидејќи се врши насилно, тоа донесува несреќа кај другите живи битија. Вакво неодговорно и насилно дејствување во државата, госпоѓо Теута, е под силен притисок на мрачната илузија која е производ на незнаењето. Покрај сево ова, ако чувствувате среќа, тогаш нечесниот успех ќе биде Ваше најсрамно ропство во иднина.


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"