ФОРУМ

СЦЕНАРИО ПРОТИВ СОЖИВОТОТ

Џеват Арслани, с. Жировница

(Овој текст беше понуден во дневниот весник "Дневник", меѓутоа од непознати причини не беше објавен)

Како што објави Вашиот весник ("Дневник"), навистина и се случи тој ден - (сабота), а крајот на веќе видениот филм, во режија на човекот, сценаристот "со униформа" на МВР - началникот за полиција за општините Гостивар и Дебар - Рефик Пајковски, главен јунак беше неговиот брат "екс-пратеник" Латиф Пајковски. "Силеџијата и брат" - Неџат (шефот на профитот на "најстариот занает" од "Радички бисер"), синот на полицискиот началник, синот на Латиф Пајковски и синот на "Меанџијата" Неџат Пајковски, неколку постари луѓе од родот Пајковци и една бројка од 20 тинејџери "пиони", а и на мое големо изненадување и претседателот на Месната заедница братот им Дестан Исмаили (Пајковски?!), за кого навистина имав позитивно мислење, но "братовштината" надвладеала над "функцијата прв граѓанин" во Жировница, та и тој застанал во редовите на толпата, како ние да бевме и "најголемите" злосторници, па и по принципот на "Губецовата буна" - решени до крај - "три гроба" еден до друг да направат или на "вжештен стол" да не горат и сето тоа во името на "соживотот" меѓу нас Албанците и Македонците со муслиманско потекло во големата крајгранична Жировница.

Всушност "борбата" гради в гради по цена на "глави" ја испланирале синовите на "Рахметли Несим" против синовите на "Рахметли Мухарем" (Албанец). Но, обидот да го исколчиме теренот (за кој имаме дозвола) каде сакаме да изградиме фабрика за преработка на дрво, не знаејќи дека арам приватизираната "Берза" на "Апанажерот", екс-пратеник Латиф, по заклучок на "Семејниот старешински совет - Пајковски" ќе пропаднел, па поради "најавената конкуренција", тие смислиле линч над нас "браќата Арслани" зошто ете со конкуренцијата, не ќе можат да се борат и од "гајбите" и "трупците" не се во состојба да ги вратат "опљачканите пари" од Погонот, а и акциите над 100 работници кои по судовите ја бараат правдата, но никогаш (и) да ја најдат, слично или исто на "Слугата Јернеј"!?

Иако имавме сознанија "дека Пајковци" синовите на Несим Исмаили ќе не сопирале со "линч" и "селска буна", односно преку Пајковско востание" ние ја запознавме ПС-Ростуше и нејзиниот командир, да преземат мерки, но до тоа не дојде!

Не дојде до тоа зашто кога командирот ги испратил полицајците на лице место, следела "команда" за која тој не знаел, а таа ја дал по телефон, заобиколувајќи го него (командирот) - г. началник на СВР Гостивар "моќното братче" Рефик, и тоа директно на полицијата и таа не постапува по налогот на командирот, туку извршно по началничката повисока команда, и така беше.

Толпата од "малолетници", злоупотребените се нафрлија врз нас, и епилогот е: еден работник со лопата удрен по глава и во безсознание, со протечена крв низ ушите, однесен во Гостивар, па ургентно во Скопје, скршени ребра на нашиот постар брат, тупаници, камења по нас со видни повреди, а полицијата како "партизани" - скриена во шумата од кога се случи насилието, по два дена "на време" се појави, а на крај стаса и командирот!

Искрено, ми е жал, за настанатата ситуација и правдата ќе се тера по пат на приватна тужба од сите нас оштетените. Но, ми е жал, навистина за "работникот" кој се бори со животот од ударот на племенската лопата на Пајковци, а за ништо и не беше ни крив ни должен.

Вакви началници - писанковци, мислам и не ни требаат, зашто се антинародни крвници кои директно се спротивставуваат на соживотот како услов да се живее во земјата Македонија.

Тој лично е одговорен за неколкуте "мистериозни" тепачки кои завршија со смрт на неколку граѓани од времето кога беше командир на ПС-Ростуше и наместо да му се замени униформата со решетки, тој е награден и осоколен да тепа, да заплашува, да го руши мирниот живот на граѓаните, да предизвикува нетрпение и меѓунационална омраза со фашизоидни пораки "Ќе го иселиме од Жировница".

Мојот татко, а потоа и ние, со пот си изградивме и куќи и дуќани, со господ напред еве и фабрика, денар арам во нашето ќесе немаме, а "Пајковското" е се арам и од "милостиња" полнето со нечесни пари, со туѓа пот.

Чудна е изјавата на градоначалникот - Дурмиши на Општина Ростуше: "Арслани нема законско право да гради, и додека сум јас градоначалник нема да се дозволи тоа". Што му значи ова јас знам, но по се изгледа не знае тој зошто го избраа граѓаните: за напредок, развој и подобар живот во општината или да се бори против развојот.

Но, сепак јас ќе градам и ќе ја изградам фабриката, страв немам особено од Пајковци, а државата да ги стегне редовите на безбедноста и да ги заштити граѓаните, имотот и животите - зашто за тоа е и надлежна!

За кавга е лесно, за гробови тешко, а Рафик Пајковски "Аркан" (така милува да се нарекува, во име на соживот) г. Хари Костов да го уапси. Несомнено ваков друг силеџија нема во Македонија.

И впрочем, подизлезете во Река за да го чуете гласот на народот. Секој има да каже по некоја "сторија" од насилството на Рефик Пајковски. Почнете од Лазарополе, преку Могорче, Скудриње до Ростуше, па и неговата Жировница.

А, колку за Латиф Пајковски доволно е да потсетам дека на чесната Жировничка работничка класа, со нечесната приватизација и должи повеќе стотини илјади евра, што е ред оваа Латифова - фирма "Бреза", да се прочешла и преиспита. Во приватизацијата заради "маките и потта" на сите жировчани кои ја оставија во "Гетерот" (пиланата) подигајќи ја како "свое дете", повеќе од 40 години, оставајќи ја младоста, за денес на крвта да не потсетуваат и "селските волови" со своето лудничаво рикање, кога секојдневно минуваат покрај "Латевиот мртовец ф-ката "Бреза"...!

Тука несомнено ќе треба да се видат и проверат "простените долгови" што "Македонски шуми" (Ш.С. "Стогово" - Дебар, "Копачка" - Кичево, Ш.С. "Прилеп") му ги "прости", кога во широката коалиција ја стави до Владата на Георгиевски уценувајќи ја покрај "отпишаниот долг" од неколку стотини илјади марки, со својата гимназиска диплома, да стане "заменик - генерал" и за време на директорувањето да ги "блокира", оштети дури три возила на фирмата, а потоа на "оросписки начин" како голем пророк премина во СДСМ.

Тука, потем да ја споменеме "чесноста" кон државата и долгот од 13.000 марки за крадената струја на неговиот брат - Неџат, што денес уште стои како "фактурирана, а не наплатена" во дистрибутивното претпријатие - Дебар. Што ќе рече "Панде од големата загуба на ЕСМ има и кланот "Пајковци" и тоа "крадена струја" (која е откриена со записник).

Еве, зошто "нечесните", се дигнаат на "бунт", зедоа Пајковци и "вили", мотики, лопати, против чесните браќа Арслани кои со цела лојалност сакаат да подигнат фабрика, а не да копаат гробови.

А за крај ќе завршам со народната "Кој на друг гроб му копа - сам во него паѓа".


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"