|
МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ
Потпишан договор за соработка меѓу Универзитетот во Западна Флорида и
македонски организации
МОСТ МЕЃУ МАКЕДОНСКАТА И СЕВЕРНО-АМЕРИКАНСКАТА КУЛТУРА
Пишува: Милева ЛАЗОВА
- Ректорот Кавано од Универзитетот во Западна Флорида, вооодушевен од
она што го научи за Македонија, предложи веднаш да се премине на работа и
отворено ја изрази својата нестрпливост да ја посети Република Македонија
во најскоро време.
- Еден дел од просторот беше посветен на изложбата по повод 100
годишнината од Илинденското востание, а на Катедрата за мултикултура е
подготвена едномесечна изложба на македонски артефакти.
Н а 11 август беше потпишан Договор
за образовна и културна соработка на Универ-зитетот во Западна Флорида со
македонски организации. Договорот го потпишаа претседателот на невладината
организација "Мултилингвална и мултикултурна хармонија" и ректорот на
Универзитетот на Западна Флорида, д-р Џон Кавано. Универзитетот на Западна
Флорида има 10.000 студенти и се наоѓа во Пенсакола, град со 400.000 жители
кој е лоциран во северозападниот дел на Мексиканскиот залив.
Присутните ги поздрави господинот Ѓорѓија - Џорџ
Атанасоски, познат македонски бизнисмен во Флорида
По тој повод беше одржана церемонија на која присуствуваа високи гости од
Универзитетот и од градот Пенсикола. Најпрво на присутните им се обрати
господинот Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски, еминентен бизнисмен од Флорида и еден
од најуспешните македонски бизнисмени во светот. Во својот говор господинот
Атанасоски ја потенцираше взаемната потреба од ваквите проекти и ја пренесе
поддршката на македонската дијаспора. Ректорот Кавано му се заблагодари на
господинот Атанасоски за говорот и поддршката. Истовремено изрази
благодарност до иницијаторите на Проектот, профессор Годфри Франклин и Весна
Палмер. Господинот Кавано, вооодушевен од она што го научи за Македонија,
предложи веднаш да се премине на работа и отворено ја изрази својата
нестрпливост да ја посети Република Македонија во најскоро време.
Овој настан беше искористен за промовирање на Македонија и македонската
култура, благодарение на поддршката од Kolorado Gold,
Mikrofleks, Majkal Kloz Dizajan i Rade Jankoski Plaming and hiting
и Roleks.
Членовите на ММХ организираа и
изложба на дела од македонски уметници
Имено, членовите на ММХ, Менка Клоз, Бети Георгиевска, Љупка Маслова
Вирџиниа Грачдани и Весна Палмер организираа изложба во рамките на
церемонијата. Изложбата беше поставена во галеријата на Универзитетот.
Изложени беа дела од македонските уметници Симеон Силјановски, Томе
Серафимовски, Мустафа Асим и Митко Попоски, како и македонскиот уметник од
Канада, Мајкл Клоз, и македонската сликарка Кристина Балоски од Индијана.
Вклучувањето на уметниците Клоз и Балоски го симболизира мостот на
поврзаноста меѓу македонската и северно-американската традиција. Еден дел од
просторот беше посветен на изложбата подготвена од Министерството за
иселеништво по повод 100 годишнината од Илинденското востание, а на
Катедрата за мултикултура направена е едномесечна изложба на македонски
артифекти.
Присутните имаа можност да научат нешто повеќе за Македонија и од филмот
"Ден во Македонија" кој беше прикажан откако беше потпишан договорот. Филмот
ќе биде исто така прикажан на неколку катедри на Универзитетот и во
гимназијата во гратчето Голф Бриз.
|