ојните и конфликтите на Балканот
секогаш започнуваа кога Србите ги менуваа своите устави", изјави деновиве
староновиот лидер на ДПА, Арбен Џафери. Додека албанските политичари и
властодршци се занимаваат едни со други или едноставно со политички изјави,
српската Влада усвои платформа за Косово, со која го прогласи за српска
територија.
И ова не е туку така кажано од умот на искусниот Џафери, а реакцијата
доаѓа по одлуката на српската Влада, Косово да го вметне во својата
резолуција како интегративен и неотуѓив дел од државата. Кабинетот на
Живковиќ ги отфрли барањата за независност на Косово и наместо тоа усвои
Предлог- декларација со која за Покраината се предвидува автономија во
рамките на Србија и Црна Гора.
ПОВТОРНО ВОЈНА?
Во Предлог-декларацијата српската Влада ги критикува бавното
воспоставување на мултиетничко општество и етничката дискриминација која се
уште владее во Покраината, како и лошата безбедносна ситуација и бара
поголема улога на Србија во заштитата на правата на Србите и другите етнички
заедници на Косово. Куриозитетот станува поголем со фактот што Декларацијата
е донесена еден ден пред доаѓањето на Косово на новоименуваниот шеф на УНМИК,
Хари Холкери.
Ставот, пак, на цивилната администрација по овој најнов развој на
односите на релација Белград - Приштина е аматерски и очекуван. Оттаму велат:
"Новиот Устав на Србија, чие усвојување е најавено за идниот месец, нема да
влијае на одредувањето на конечниот статус на Косово".
Јасно е како ден дека Србија не може да го донесе новиот Устав доколку
американската администрација не даде зелено светло за негово усвојување. Со
тоа сосема е логично официјален Вашингтон да ги одредил главните ставки и
членови во новиот српски устав меѓу кои и оние кои се однесуваат на статусот
на Покраината во рамките на српско-црногорската администрација. Овој потег е
уште еден конкретен доказ дека САД полека, но сигурно им го вртат грбот на
косовските Албанци и нивната идеја за независност останува само теорија која
полека преминува во утопија.
Да се навратиме уште еднаш на нашиот Џафери кој експресно реагираше по
одлуката на српската Влада. Вели: "Проблемот на Косово и на Албанците
воопшто, не може да се реши само со изјави, колку и да се тие патриотски",
туку треба да се бара "нов политички пристап и дипломатска активност во
согласност со новата реалност на Балканот, не само во Србија и Косово, туку
и во Македонија".
Уште еден јалов обид албанскиот вожд да ги поврати загубените и
ненадоместливи позиции на македонската политичка сцена. Работите на
балканското подрачје почнуваат да се отплеткуваат. Позитивно или негативно
ќе покаже времето пред нас. Но, очигледни се обидите на западните
администрации да се направи пресврт во балканските политики и да се
надоместат колку што можат загубите кои се претрпеа во изминатите десет
години. Така и Западот ќе го ублажи поразот на својата политика кој го
претрпе за време на југословенските воени кризи. А истовремено ќе ја врати и
довербата кај оние кои веруваа во правдата и вистината. Но, таквиот пресврт
во надворешната политика кај американската администрација не може да одмине
без одредени нови тензии, нестабилности и судири. За тоа не само што има
најави, туку во последно време се се позачестени упадите на македонска
територија од страна на новоформираните екстремистичко-криминални групации
како и нападите врз српските безбедносни органи во јужниот дел на Србија.
Во кумановско-липковскиот регион е уфрлена терористичка група составена
од околу 200 борци која има за цел да ги продолжи воените операции на
северот од Македонија. Тие засилено внесуваат нови количества оружје од
Косово, а нашите служби имаат сознанија за активностите и позициите на
ваквите групи и тие им се веќе презентирани на првите луѓе на министерствата
задолжени за тие работи. Слично нешто се случува и во скопско Арачиново каде
вооружени формации се подготвуваат за нова серија напади врз македонските
безбедносни сили. Македонското Министерство за внатрешни работи ги знае овие
показатели и неспорни факти од теренот, но мудро тактизира и не презема
ништо. Само се регистрираат инцидентите и пукотниците од двата краја на
Скопје и останува само на тоа.
"Наскоро ќе почне војната во Македонија", се закани пред десетина дена
т.н. командант Чакала. АНА била целосно подготвена за решителна борба против
"славофонските сили" во земјава, а таа задача & е доверена на специјалната
единица "Кобра". Во Бујановац и Прешево, пак, српската војска е мета на
секојдневни ракетирања и гранатирања од страна на сличните такви формации
кои се незадоволни од позицијата на која моментно стојат, во Косово се
убиваат млади деца од српска националност без око да им трепне на ракувачите
со калашњикови. Српските и македонските власти сега мораат да побараат од
Вашингтон АНА да се стави на списокот на терористички организации.
"Генерално, екстремизам на Косово ќе има се повеќе, терористички акции
исто така, бидејќи постои терористичка мрежа, а не постои енергична
регионална антитерористичка акција", смета политичкиот аналитичар Душан
Јаниќ, оценувајќи дека ваквата ситуација, која им оди во прилог на
екстремистите, ќе трае уште една до две години. Вистинската цел на т.н.
Албанска национална армија најверојатно е Македонија. "Сега може да почне
војна на територијата на македонската држава, водена од албанските терористи,
кои се уште имаат логистичка и политичка поддршка надвор од границите на
Косово и на Србија и Црна Гора", вели Јаниќ.
ЛУДИ ПРОЕКТИ
За време на војната во Ирак американските лобисти постигнале договор со
лидерите на албанските терористи да ги прекинат терористичките акции. Но,
веднаш кон крајот на воените операции тие продолжија со инциденти во
северниот, подоцна во јужниот, а сега и во западниот дел на Косово. По
терористичкиот напад врз српските тинејџери во селото Гораждевац постои
можност за појава на масовно иселување на Србите од оваа област. Целта на
албанските екстремисти е да ги протераат сите Срби од територијата на Косово
и постои голема веројатност тоа да го реализираат. Според Јањиќ, решение за
ваквиот сложен конфликт може да се најде доколку се спроведе организирана
политичко-воена акција во која ќе се обединат Србија и Црна Гора, Македонија,
Албанија и силите на КФОР. Западот повеќе не може да биде слеп на ваквите
провокации и насилства. Западот мора да ја смени својата политика и да ги
одврати радикалите од лудите проекти за кои до вчера добиваа поддршка.
Официјална Приштина е разочарана од новата улога на вашингтонската
администрација, не добива никаква конкретна поддршка ниту од ЕУ. Полека
сфаќа дека е извисена и изманипулирана. Затоа може повторно со затскриена
поддршка да ги активира своите единици за борба до крај, па што ќе биде нека
биде.
Балканските земји засегнати со косовскиот и албанскиот проблем
истовремено ги имаат на ум овие можни сценарија и засилено ги збиваат
редовите за неутрализирање на можните последици. За тоа безрезервна
поддршка, барем засега, имаат од целиот слободољубив и демократски свет.
Вашингтон ја смени плочата од грамофонот и почна од техно музика да свири
модерен танц. Тој танц најдобро ќе се согледа со претстојното
прераспоредување на своите воени трупи од централна Европа во балканските
земји како подготовка за санирање на можните насилства при одредувањето на
конечниот статус на Косово. А тој потег укажува дека војниците на САД кои ќе
стигнат на Балканот ќе треба да ги смируваат радикалните Албанци кои ќе
бидат незадоволни само со автономниот статус на Покраината во рамките на
српско-црногорската федерација. Имено, американските воени аналитичари ја
разгледувале можноста за отворање воени бази во Србија и Црна Гора уште од
почетокот на 90-те години на минатиот век, но досега Вашингтон и Белград
официјално не разговарале за ова прашање поради познатиот став на
поранешниот српски и југословенски претседател, Слободан Милошевиќ за
неотстапување на српската земја на Американците. Во следните шест до девет
месеци САД официјално ќе соопштат дали имаат интерес за отворање нови воени
бази во Србија и Црна Гора, покрај "Бондстил" на Косово.
Американските сили кои евентуално би се распоредиле во СЦГ, би броеле
околу 40.000 војници, би имале сосема нов профил и би биле специјално
обучени за борба против тероризмот. Неодамна министерот за надворешни работи
на Србија и Црна Гора изјави дека на оваа тема меѓу Белград и Вашингтон
досега се воделе разговори само на експертско ниво, но не и на политичко.
Но, сепак, се разговарало.
Ваквите масовни проекти се наложени од новиот развој на настаните на
Балканот. Развојот и експанзијата на новите радикални екстремистички
групации почнува да ги консолидира истородните сили во регионот и пошироко
за да може еднаш засекогаш да им се стави крај на опасностите кои ги демнат
сите балкански народи и малцинства. Западот или овојпат ќе ги исправи
грешките, или ќе продолжи по патеките на сопствената пропаст по кои оди цела
декада. Улогата на Европа мора да стане суштествена, бидејќи без нејзиното
учество Балканот ќе се одроди од својата матична грутка кон која се стреми
сиве овие години.