ВЕРАТА НАША РИСЈАНСКА

Милоста Господова е нашето спасение

ПАКОСТ ВРЗАНА ЗА ЗЛОБА И ГОРДОСТ

Пишува: Драган ЗАФИРОВ

  • Сме опстоиле со векови благодарение на силната верба и храброст на нашите богослужители. Тие се жртвувале за црквата, се жртвувале за нас, за денес ние да живееме во духовен мир и благосостојба.

Времиња! И самите не знаеме што не опкружува. Дали ангели или ѓаволи. Светот во кој живееме е носител на гордост, завист, полн со пакост и себичност. Со жал констатираме дека се што не опкружува е мрачно, жално и себично. Светот е во една безмилосна борба во која сиромашните страдаат и молат, а богатите се отуѓуваат од животот, од себе си, од Бога. Секој намерник кој е посветен на Бога, заслужува внимание и љубов.

Бог е милостив кон сите - и кон сиромашните и кон богатите. Сите ние сме негови чеда. Но, за жал, некои го одбрале патот на гневот и срамот. Тие се жртви на црните мисли, сатанизамот, на болката и на јадот. Патот кој го избрале не им ветува спокојство. Напротив, тој го уништува нивното битие, нивната самодоверба, нивната верба.

НАДЕЖ

Но, за сите постои надеж. Никој не е сам на овој свет. Тоа ни го порача и милостивиот Бог кој кога се вознесе на Небесата ни вети дека засекогаш ќе биде со нас, меѓу нас. И во добро и во зло, ќе не штити, ќе ни го осветлува животниот пат. Оние праведните и храбрите под милоста на ангелот Господов успеваат да & пркоста на тешката судбина. Успеваат да го урнат ѕидот на плачот. Сите сме божји чеда, деца еднакви пред Спасителот и пред Бојжиот суд.

Овој свет во кој живееме е исполнет со црнила и маки. Човекот знае само за одмазда, грабежи и убиства. Знае само за себе. Ретки се тие кои со божја љубов сакаат да му помогнат на братот, на оној кој страда. Но, сите кои грешат сакаат сакаат прошка. Новиот свет Господов е свет на радост, бесмртие, љубов и слово. Дали оние кои се огрешуваат пред Бога заслужуваат вакви доблести? Можеби, но вистинскиот одговор го знае Бог. И во судниот час тој ќе ни пресуди. Секој кој верува и се надева е добредојден во православието, во светата црква. Затоа нашиот дух и размисла треба да ги исполниме со добра волја и љубов. Само така ќе бидеме достојни Господови чеда, кои храбро ќе опстојат во иднината која следи.

ПАТЕВОДИЛКА

Нашата Света Климентова православна црква, нашето свештенство, нашите верници биле и ќе бидат бескомпромисен бастион на сите зли духови и злобни намерници. Мисијата која нашиот Поглавар, нашите свештенослужители ја водат е бесмртна. Пред нејзиното дело и најголемите оратори остануваат неми. Восхитот и почитта се единствено признание.

Сме опстоиле со векови благодарение на силната верба и храброст на нашите богослужители. Тие се жртвувале за црквата, се жртвувале за нас, за денес ние да живееме во духовен мир и благосостојба. Нивните поуки, совети и разбирања денес се наше најголемо богатство. Родот е голем со големи дела. Така е и со нашата црква, со нашата света православна вера. Затоа сме бесмртни и пред Бога и пред светот.


АПЕЛ ОД "СВ. ЈОВАН БИГОРСКИ"

Почитувани,

Се обраќам кон Вас, знаејќи ја Вашата добра намера и желбата да помагате онаму каде што е потребно. Нашата молба е во врска со обновата на гостинскиот конак, подготовките за отворање погон за полнење природна-манастирска вода, и подготвувањето на материјал за разгледници и фотографии за монографијата на Манастирот.

Сакаме да напоменеме дека овие проекти се веќе подолго време барани од верниците и сите љубители на Манастирот и ќе претставува ретка можност за презентација на нашето духовно богатство овде, па и подалеку.

Меѓутоа, заради актуелната ситуација не сме во можност во целост да ги исплатиме трошоците за да можеме да го довршиме започнатото и затоа Ве замолуваме за спонзорство во границите на Вашите можности.

Нашиот телефон за контакт е 042/478 - 675, а жиро сметката е:

500-000000- 3835-65, депонент на Стопанска банка, а.д. Битола.

Однапред благодарни христијански Ве поздравуваме,

Христос помеѓу нас!

Архимандрит Партениј


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"