ако дополнително објасну-вање на
житието на светите браќа Кирил и Методија ќе спомнеме дека мисијата на
Константин кај Сарацените се случила во 855 и 856 година, а мисијата кај
Козарите (Хазарите) во 860 - 861 година. Козарите живееле на брегот на
Црното Море. Тие биле познати и под името Скити (народ познат уште во
антиката). Интересна е забелешката дека тие зборувале словенски.
Латинскиот историчар Квинтиј Куртиј Руф (1 век по Христа) во биографијата за
Александар Македонски пишува дека Скитите го добиле своето име затоа што
постојано скитале. Очигледно е дека нивното име исто така има
словенски (венетски) корен.
Мисијата на светите браќа во Моравија се случила во 863 година.
Византискиот цар Михаил Трети (кој ги испратил светите браќа во оваа мисија)
владеел од 855 до 867 година.
Папата Адријан бил на престолот на Црквата во Рим од 867 до 872 година, а
папата Јован (Осми) бил епископ римски од 872 до 882 година. За време на
своето враќање во Цариград, свети Методија практично се сретнал со царот
Василие Први Македонски (за чие македонско потекло веќе пишувавме).
МАКЕДОНСКОТО ЕТНИЧКО ПОТЕКЛО НА СВЕТИТЕ БРАЌА
А сега да кажеме нешто за етничкото потекло на светите браќа Кирил и
Методија со кое доста се шпекулира во некои соседни историографии.
Застапниците на бугарската историографија светите браќа ги третираат како
Бугари, без да наведат ниту еден доказ за ваквото свое тврдење. Во врска
со ова, само ќе посочиме на неколку моменти. Како можеле светите браќа да
бидат Бугари кога се знае дека нивниот роден град Солун никогаш не
влегувал во бугарската држава, што значи дека во овој град никогаш не дошло
до населување на Бугари? Понатаму, се знае дека свети Методија цели десет
години работел како управник на византиска административна област токму на
границата со Бугарија, при што една од неговите главни задачи била да ја
штити византиската граница токму од Бугарите. Потсетуваме и дека светите
браќа во 50-те години на 9 век, биле испратени во мисија близу реката
Брегалница со цел да ги придобијат тамошното население на византиска страна
за борба против Бугарите. Освен тоа, во нивно време, етнички Бугари биле
само турко-монголските Бугари кои припаѓале на жолтата раса. Токму овие
Бугари го воделе главниот збор во Бугарија во тоа време. Оттаму, ако светите
браќа биле Бугари, тие требало да припаѓаат на жолтата раса и да
зборуваат на јазик близок до турскиот (каков што бил официјалниот јазик во
тогашна Бугарија). Секако дека вакво нешто е бесмислено и да се претпостави.
Некои историчари светите браќа ги детерминираат како Византијци.
Во врска со ова ќе кажеме дека е точно оти тие живееле во Византија и биле
лојални граѓани на оваа држава. Но, од друга страна тоа не значи дека тие
биле етнички Византијци, од проста причина што таков народ никогаш не
постоел! Византија била етнички хетерогена држава. Нејзините граѓани главно
се декларирале како Ромеи (државјани на Римската империја, затоа што
таков бил официјалниот назив на оваа држава - името Византија е подоцна
создадено), но тие биле од различно етничко потекло. Поради тоа, светите
браќа и навистина биле Византијци, но само во географска смисла на
зборот, т.е. во смисла на жители на Византија.
Под влијание на грчката пропаганда, во некои научни средини, светите
браќа се третирани и како Грци.
За да одговориме на прашањето дали тие и навистина биле Грци, ќе
се потсетиме на нивниот татко Лав. За него се знае дека се родил во градот
Солун и дека потекнувал од старо солунско благородничко семејство.
Познато е дека Солун уште од своето основање бил населен со етничките
антички Македонци (кои, впрочем, се и основачи на овој град). Не постои ниту
еден документ или какво било сведоштво за масовно иселување на античките
Македонци од Солун! Се разбира дека, некои од нив, подоцна, поради разни
околности, го прифатиле грчкиот јазик и биле нарекувани во разните хроники
како Грци, Ромеи и слично, но факт е дека тие и тогаш си биле
потомци на етничките антички Македонци. Освен тоа, мнозинството солунчани,
дури и околу еден век по раѓањето на таткото Лав, себеси се декларирале како
Македонци! Доказ за ова е веќе споменатиот византиски документ од 10 век од
историчарот Јован Каменијат, во кој за градот Солун се вели дека е: "првиот
и најголем град на Македонците!". Спомнавме дека постојат и други
средновековни документи во кои Македонците се спомнати како доминантни
жители на Солун.
Од друга страна во тие времиња никогаш не дошло до помасовно населување
на етнички Грци во Македонија. Познато е дека уште Филип Втори (таткото на
Александар Македонски) ги иселил сите грчки колонисти од македонското
крајбрежје, иако подоцна дозволил враќање на помал број од нив, но не во
Солун, затоа што овој град тогаш не постоел како таков.
Значи, таткото на светите браќа Кирил и Методија (како жител на Солун) не
можел да биде ништо друго освен крвен потомок на античките Македонци, без
разлика на кој јазик тогаш зборувал и без разлика како бил нарекуван од
другите.
Огромна е заслугата на светите браќа Кирил и Методија за ширењето на
писменоста и христијанството. Почетоците на литературата на многу
словенски народи се поврзани токму со нивната дејност. Како илустрација
за ова повторно ќе ја спомнеме општата американска ЦД енциклопедија Енкарта,
каде за почетоците на создавањето на руската литература, пишува:
"Поттикот на литературната експресија во Русија треба да се бара во 9
век кај византиските учени и мисионери свети Кирил и свети Методија, кои го
запишале и го кодифицирале македонскиот словенски дијалект, што подоцна бил
наречен стар црковнословенски јазик".
Повеќе од јасно е дека литературниот јазик на кој светите браќа ги
превеле своите први книги бил јазикот на средновековните Македонци. Но,
денес овој јазик е наречен со разни имиња: црковнословенски,
старословенски и уште како ли не, само за да се избегне неговото
македонско детерминирање. Дури и наши историчари и публицисти така го
детерминираат овој јазик, небаре се плашат или срамуваат да го наречат
македонски средновековен јазик.
Славата на светите браќа не е присутна само среде словенските
народи. Тие имаат посебно значајно место и во Католичката црква. Денес низ
целиот свет постојат голем број католички цркви што го носат нивното име.
Нивните светли ликови биле инспирација за мнозина уметници од разни краеви
на светот.
Светите браќа Кирил и Методија ја создале глаголицата. Во врска со
создавањето на оваа азбука постојат и некои неодговорени прашања што се уште
чекаат убедлив одговор, како на пример, начинот на нејзиното создавање во
смисла дали таа макар и делумно постоела од претходно среде античките
Македонци и дали јазикот на античките Македонци и навистина бил сличен со
словенскиот (како што денес тврдат некои американски и руски лингвисти),
та затоа светите браќа толку бргу ја создале оваа азбука и толку бргу
успеале да преведат обемни црковни книги и слично. На овие прашања ќе се
задржиме во некоја друга прилика.
Во 1980 година од страна на римскиот папа тие се прогласени за
сезаштитници на Европа.
СВЕТИ АРГИР СОЛУНСКИ
Неговиот празник се слави на 11 мај (стар стил), т.е. на 24 мај (нов
стил). Во неговото житие читаме дека бил роден во околината на Солун во 1788
година и дека работел кај некој шивач. Еден христијанин од некое место близу
Солун направил некаква грешка поради што бил затворен во солунскиот затвор.
Турскиот судија му рекол дека ќе го осуди на смрт доколку не собере пари за
да се откупи. Тогаш затвореникот, за да не биде убиен, изјавил дека ќе се
откаже од Христа и ќе го прими исламот. Веднаш бил ослободен и Турците го
одвеле во некоја меана за да го почестат и подучат во нивната вера. Тоа го
видел младиот осумнаесетгодишен свети Аргир, кој смело влегол во меаната и
почнал да го укорува несреќникот зошто се откажува од Спасителот Исус
Христос. Кога го слушнале ова, присутните Турци му се нафрлиле на свети
Аргир и почнале безмилосно да го тепаат. Потоа и тој бил изведен на суд и
бил убедуван да се откаже од Христа и да го прими исламот. На сето ова свети
Аргир мирно одговорил дека тој е христијанин и дека таков ќе остане. Рекол и
дека се радува што ќе пострада во името на Христа. Жестоко бил мачен, по што
бил осуден на смрт и обесен во Солун на 11 мај 1806 година.
Според еден француски извор во 1807 година во Македонија живееле вкупно
968.500 жители, од кои 724.500 биле христијани, а 204.000 муслимани. Но и
покрај ваквата доминантна бројка на христијаните, гледаме дека тие жестоко
биле малтретирани, прогонувани, па дури и убивани доколку јавно и отворено
ја бранеле својата вера. Ваква несреќна судбина го снашла и младиот маченик
свети Аргир. Тој живеел во време кога Османлиската империја претрпувала
сериозни потреси на надворешен и внатрешен план. Тоа е време кога во Србија
траело востанието, кое завршило со мировен догоовр токму во 1806 година.
Сигурно дека ова востание ја зголемило нервозата кај турската власт, која
честопати својот гнев го истурала врз мирното христијанско население во
преостанатите делови на Империјата.
(Продолжува)