|
ЈУБИЛЕЈ
Прослава во Перт, Австралија
ДОСТОЈНО ЧЕСТВУВАЊЕ НА СТОГОДИшНИОТ МАКЕДОНСКИ НЕПОКОР
Марика Крстевска
Протоереј отец Станко Јовановски
- Во двата македонски центри се одржа свечена прослава проследена со
многу богата културно-уметничка програма на која присуствуваа и
многубројните претставници на австралискиот политички живот.
С о многубројни свечености во Перт,
З. Австралија, на 01, 02 и 03 Август 2003година се одржа прославата по повод
100 години од Илинденското востание имакедонската државност, координиран од
страна на Одборот од македонските организации.Прославата започна со Света и
Божествена Литургија во двете македонски православни цркви "Св. Никола" каде
што присуствуваа голем број македонски верници. Пред споменикот на паднатите
борци за слобода на Македонија кој се наоѓа во дворот на МПЦ "Св. Никола" на
ул. "Македонија" во Перт од страна на парохискиот свештеник протоереј отец
Станко Јовановски беше извршена Панихида - помен во чест на загинатите
борци.Пред споменикот беа положени многубројни венци и свежи цвеќиња од
претставници на политичкиот живот на З. Австралија, и тоа во
иметонапремиерот на З. Австралија, Џеф Галоп, венец положи министерот Боб
Кучера, воимето на Општината Винцент каде што се населени и живеат голем
бројМакедонци, венец положи градоначалникот Ник Катаниа. На
свеченостаучествуваа и многу други претставници на австралиската Влада, како
и нашиот сонародник Сем Поповски кој е заменик на градоначалникот на
Општината Стирлинг.Во името на Македонскиот совет за З. Австралија венец
положија координаторот на јубилејната прослава Јоте Ќандовски и членот
Валентин Латковски како и претставници на многубројните македонски
организации, друштва и поединци. Ветеранот на преживеаните борци Васил Радис
одржа пригоден говор за значењето на Илинден и во чест на паднатите борци за
слобода на Македонија.Свечената изложба во чест на 100 години од "Илинден"
1903 - 2003 беше поставена во просториите на М.К. Центар "Илинден", а
свеченото отворање го изврши Тони Велелонга, градоначалник на Општината
Стирлинг, кој изрази голема благодарност на македонскиот народ за неговата
многугодишна поддршка. Истата вечер во двата Македонски центри се одржа
свечена прослава проследена со многу богата културно уметничка програма на
која присуствуваа и многубројните претставници на австралискиот политички
живот.Свечената прослава по повод 100 годишнината од Илинденското востание,
Крушевската Република и прогласувањето на Македонската државност продолжи и
во неделата на 3 Август. По светата богослужба македонскиот народ масовно се
собра пред споменикот на паднатите борци во Кингс Парк, каде точно во 12
часот се изврши свеченото полагање на венци од страна на Австралиската влада
и претставниците на Македонските организации. Присутните ги поздрави и им се
заблагодари кординаторот на Македонскиот Совет за Западна Аавстралија Јоте
Ќандовски. Во попладневните часови прославата продолжи во МКЦ "Илинден" со
учество на политички претставници како и сите македонски организации и
друштва со богата културна програма.
Прославата продолжува и ќе трае 10 дена со проекција на филмот "Прашина"
во македонските центри како и организирање на илинденската изложба во
неколку големи трговски центри во Перт со што и се дава можност и на
пошироката австралиска јавност да се запознае поблиску со македонската
вистина и историја .
|