КОМЕНТАР

Сито и Решето

ГОЛЕМОАЛБАНСКИ АПЕТИТИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАСЛИ

Од Редакцијата

На малиот човек, на "обичниот" Македонец, дури сега му е големиот" Македонец, политичарот, фотелјашот, нема храброст да му се појави пред очите и да му објасни зошто мора да го плаќа школувањето на Албанците, да го финансира високото образование кога, ТИЕ, рамковистите, кои за себе се сметаат дека се обесправени, не плаќаат струја, вода и даноци од кои треба да се дообразуваат Албанчињата? Ако барем и малку имаат лице македонските политичари, нека му објаснат на тутунарот, нека му објаснат на сиромавиот, нека им објаснат на илјадниците невработени, конечно нека му објаснат на македонскиот народ, зошто го лажат? Зошто не лаже политичката власт? Всушност кој е обесправен во Република Македонија?

Фактите доволно не поткрепуваат и ни овозможуваат да констатираме дека ние ќе го финансираме сега веќе легалниот универзитет во Мала Речица. Но, зошто само Македонците да го финансираат нивното школување? Чуму кога ни остана само оваа гола кожа која и таа ММФ сака да ни ја одере.

Е, па Господа, дојде време и обичниот Македонец да ја откаже лојалноста кон сопствената држава. Ако Албанците не се лојални и постојано крадат, не пријавуваат даноци, не сакаат да бидат ставени во некој ред, време е и ние да преземеме конкретни мерки, да не ја слушаме државата. Барем фудбалски ќе го израмниме резултатот. За инает на комшијата!

ДО ГУША ВО ВАЛКАНИЦИ

Се чудиме зошто оној кој некогаш ја испрати полицијата против основачите на малоречанскиот универзитет сега се обидува да ни "млати празна слама" оти погрешил во проценките. Нему му светнало во умот оти само така може да се одржи на власт, односно дека може да си ја оствари амбицијата да стане претседател. Само со подршка на 23 проценти тој ќе може да седне во фотелјата на најголемиот предавник од поновата македонска историја - "граѓанинот Кејн". И на тој небулозен начин ќе ја озакони неговата победа што беше извојувана со фалсификат, насилие и, најблаго речено, разноразни глупости.

Меѓутоа, мораме да се вратиме на почетокот од приказната, а за ова претходното, скриените амбиции, ќе откриваме во други новинарски редови. Прашањето со универзитетот во Мала Речица можеби е симнато од дневен ред. Но, тоа дури сега ќе стане актуелно, бидејќи Република Македонија, која е до гуша во валканици, во сиромаштија, безработица, не ќе може да издржи два македонски и два албански универзитета. Иако Штуловиот е приватен, сепак да не заборавиме дека проектот предвидува и негово припојување кон државните јасли. Кој од официјалната власт ова прашање го крие од јавноста? Нека одговори ако има храброст! Зарем треба да се премолчува и она што веќе многу добро се знае?

КОЛАЧОТ ДА СЕ ПОДЕЛИ

Проблемот со образованието на Албанците не е образовен, туку политички. Намерно создаден. Ако тогаш се внимаваше, ќе имавме школувани кадри, а не необразовани лица. Зошто Владата и другите лица кои толку се ангажирани околу спроведувањето на одредбите од Рамковниот договор не се позанимаваат со проблемот какви стручни лица од албанска националност вработуваат на местата на отпуштените. Тоа е вистинскиот проблем, бидејќи образованието не бира националност. Тоа има безгранична вредност. Оттаму наместо да си играме лошотилок, треба да се занимаваме со наобразбата. Но, за неа сите во Република Македонија треба да го поделат колачот.

Одговорноста која во нашава земја е мислена именка (заборавена), секогаш оди заедно со лојалноста кон државата. Меѓутоа, токму тука произлегува големиот проблем. Албанците одамна Македонија ја чувствуваат како "своја земја", но не и како своја татковина. За разлика од нив, Македонците се уште живеат во облаци. Зошто? Затоа што слепо веруваат дека она што е "наопаку" повторно ќе биде свртено. Арно ама, кривината не може да се исправи. Барем тоа е докажано.

Сепак, да веруваме во чудата, бидејќи кај нас сите правни регулативи произлегуваат од "кривината" што ја градат "кривинашите". Нив ги има многу. Во тајфата се влезени претставници од двете страни. Затоа тие мораат да бидат во право. Секогаш во право, па макар тоа да е фатаморгана. Зошто? Затоа што победниците ја пишуваат историјата!?

"ПОМОДРЕН ГРБ"

Каде и да се свртиме насекаде ги гледаме промените. Но, никаде не гледаме надеж, бидејќи економијата е уништена. Тогаш како да им се удостои на желбата на Албанците кои сакаат да бидат образовани кога Македонецот повеќе нема пари? Нека го отворат своето чекмеџе, ако сакаат да влезат во "јаслите". Или тоа многу тешко им паѓа, бидејќи не се научени да даваат освен да крадат и да молзат од другите.

Ако има власт нека го спроведе тоа, или пак се е про форма. И натаму македонскиот народ и другите граѓани ќе плаќаат струја за Албанците од Арачиново, од Липково, Шипковица, од Зајас, од Велешта и од други села. Ќе го стегнат ли ременот и ќе ја наведнат ли главата Македонците оти така им наредуваат оние од надвор?

По се изгледа, дека е така, бидејќи помина Законот за Мала Речица. Некои на ова ќе речат - па нека помине. Поминало и полошо. Но, зошто нивната трансформација постојано да ја финансираме. Нека го почувствуваат економскиот жезол на својот грб. Доста ги носевме на својот. Барем така ќе ги споделиме маките кои се човечки. Тие ниту се албански, а уште помалку се македонски. Тие се сечии. Ако тропаат на македонска порта, ќе ја прескокнат и оградата со која се изѕидаа. Затоа многу нека не им веруваат на политичарите. Тие лаат за да не скараат, но кога ќе дојде до густо - бегаат. Во дувлото остануваат само затекнатите. Народот кој им веруваше дека градат некаква иднина. Но, тие всушност се занимаваа со себеси, а не со државата. Тие го оставија македонскиот народ на цедило. Затоа си ја "кркаме" оваа горчлива вистина. Секој секого го гледа под веѓа, а го чека и својот момент да го уништи соседот. Затоа не треба многу да им се верува. Стапот сите ќе го изедеме. Ако тој, економскиот стап, веќе не ни го помодрел грбот од што офкаме од мака.


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"