Постарата ќерка на нашиот соговорник минатата година заболела од
туберкулоза и лежела во болницата во Козле. По излегувањето од болница, таа
осум месеци била под лекарска контрола.
Ми велат дека мојата ќерка треба да има соодветни услови за живот. Но,
овде условите за живот се никакви. Меѓутоа, нема каде да одиме,
објаснува господинот Доневски.
Во околината во која живее нашиот соговорник, односно Старата скопска
чаршија, живеат и други националности, но барем досега функционираат
меѓучовечките односи и господинот Доневски немал никакви проблеми.
РАЗГОВОРИ
Нашиот соговорник бил во Владата на разговори, тие го информирале дека
објектот во кој сега живее е предмет на денационализација, дека мора да се
исели од него, и дека ќе има конкурс за станови и ако конкурира ќе има
предност пред другите. По таквите препораки, нашиот соговорник си ја пробал
среќата.
Конкурирав на огласот во септември, а кога го добив станот си реков: Ова
е бингото што го чекам повеќе од дваесет години, коментира господинот
Доневски.
Меѓутоа, се поништи конкурсот и нашиот соговорник почнал да ја бара
правдата. Овој човек, како и преостанатите луѓе од оваа категорија се
обратиле кај Премиерот кој им рекол да поднесат барање до владината комисија
која ќе го разгледа случајот. Но, како што вели господинот Доневски, одговор
ни до ден денес немаат добиено.
Отидовме до Уставен и Врховен суд. Од таму не одбија со образложение дека
не се надлежни за нашиот случај. Ако тие не се надлежни, тогаш кој е
надлежен?! Можеби само Господ го знае одговорот на тоа прашање. Сега
едноставно не знаеме што понатаму, потенцира господинот Доневски.
Нашиот соговорник се прашува зошто кога дојде оваа власт првото нешто со
што почна да се занимава е социјалата.
Како, прашува господинот Доневски, да веруваме во оваа Влада, кога
таа не остави на "улица". Бранко на 15 септември велеше: Народот ќе одлучи
за државата. За што да одлучи? За да останеме на улица?! Никогаш не сум бил
против политичките партии, ниту пак сум член на некоја од нив. Едноставно ме
интересирало да има добар живот.
Господинот Доневски, коментира дека се надева оти претставниците на
Владата ќе размислат и дека ќе ја повлечат одлуката за укинување на
конкурсот. Тој, како и другите луѓе од оваа категорија, бара да се направи
ревизија на огласот и да се види каде се направени неправилностите и на оние
кои навистина не ги заслужуваат становите да им се одземат. Според него,
Владата треба да формира комисија во која ќе има и претставници од луѓето на
кои им се одземени становите и сите заедно да ги утврдуваат неправилностите,
доколку ги има.
Нашите документи се уште не ни се вратени. Тоа значи дека нашите договори
се уште се валидни. Ме плаши варијантата - ако Владата објави нов конкурс и
во истиот момент ни ги врати документите, што треба да правиме ние? Дали да
се жалиме поради тоа што сме одбиени или повторно да конкурираме. Јас лично
не сакам по втор пат да конкурирам, коментира господинот Доневски.
Нашиот соговорник, сепак, очекува правдата да биде задоволена во
Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.