Промовирана шесттомна едиција за Илинден

Едицијата "Илинден" во издание на книгоиздавателството Култура, во присуство на премиерот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, градоначалникот на Скопје, Ристо Пенов и многубројни претставници од јавниот и културниот живот, беше промовирана во "Александар палас" во Скопје на 29 јули.

Поштенски марки со мотиви од Илинден

Поштенски марки со мотиви од Илинденското востание беа промовирани по повод 100 годишнината од Илинденското востание. Станува збор за поштенски марки со номинална вредност од 9,36 и 50 денари кои ќе бидат издадени во вкупен тираж од 95 илјади примероци.

Илинденска регата

На први и втори август во Охрид ќе се одржи традиционалната интернационална едриличарска регата на која ќе учествуваат повеќе клубови од Македонија, Србија, Црна Гора и од Бугарија.

Осветен 30-метарски преспански крст

На црковно-народен собир во ресенското село Подмочани пред неколку илјади верници изминатиов викенд свештенослужителите од ресенското архијерејско намесништво го осветија преспанскиот крст. Тој е подигнат во месноста Горица на највисокиот рид. Висок е 30 метри и широк 20 метри.

Јапонците одобрија кредит за "Злетовица"

Министерката за надворешни работи, Илинка Митрева, имаше средба со јапонскиот шеф на дипломатијата Јорико Кавагучи, првиот ден од нејзиниот престој во Токио. На средбата на Митрева & било соопштено дека јапонската Влада го прифаќа барањето на нашата Влада за одобрување кредит за хидросистемот "Злетовица".

ММФ ги започна преговорите со Владата

Мисијата на ММФ ги почна официјалните преговори од чиј исход зависи втората транша од аранжманот што во април & беше доделен на нашата Влада од оваа меѓународна финансиска институција.

Италија ја ратификува Спогодбата

Сенатот на Италија ја ратификува Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија, соопшти Министерството за надворешни работи на нашата земја.

Со професионален водич низ Охрид

Една од омилените активности на странците што доаѓаат на летување во Охрид е разгледувањето на стариот дел на градот, каде што културната историја на Македонија е собрана на едно место. Групите ги водат професионални туристички водачи кои во еден здив ја раскажуваат историјата на градот што живее 2.400 години.

Иселеничка средба во Џепиште

Во дворот на обновената црква "Свети Архангел Михаил" во дебарското погранично село Џепиште минатиот викенд се одржа традиционалната иселеничка средба на која присуствуваа поранешни и сегашни жител на селата Отишани и Џепиште.

Четири децении од скопскиот земјотрес

Централната манифестација од одбележувањето на 40-годишнината од скопскиот земјотрес се одржа на Кале. Градоначалникот Ристо Пенов им врачи пригодни плакети на Фроди Мауринг, претставник на ОН, на Хеике Естола од Црвениот крст и Црвената полумесечина и на поранешниот државен секретар на САД, Лоренс Иглбергер.

Афирмација на Македонистиката во светот

Патот по кој чекори македонскиот народ по остварувањето на својата самобитност не е ниту лесен ниту едноставен, рече ректорот на Универзитетот "Свети Кирил и Методиј", проф. д-р Александар Анчески, пред учесниците на 36 Семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид.


IN MEMORIAM

Деновиве почина уште еден од многуте борци за македонската кауза

Пандил Костурски

Редакцијата на неделникот "Македонско сонце" упатува искрено сочувство до семејството на починатиот Костурски.


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"