ЈУБИЛЕЈ

Светскиот македонски младински конгрес издаде поштенски маркички со македонски владетели и револуционери

МАКЕДОНСКАТА ЕПОПЕЈА НА ПОШТЕНСКИ МАРКИ

Подготвила: Ружица ГОЧЕВСКА

  • По повод претстојниот празник - втори август - од големата битка кај Херонеја, Илинденското востание и АСНОМ издадени се поштенски марки со ликот на Филип ИИ Македонски, Гоце Делчев, Методија Андонов - Ченто и други.

Светскиот македонски младински конгрес (СММК) по повод роденденот на Александар III Македонски и манифестацијата "Денови на Александар" во Кралството Холандија издаде поштенска марка со номинална вредност од 39 евроценти со ликот на Александар Македонски.

Како што објасни претседателот на СММК, господинот Гоце Дуртаноски, станува збор за легална поштенска марка издадена со помош на Македонската заедница во Холандија (МЗХ) и од приватната колекција и архив на македонскиот бизнисмен Џон Тодоровски, претседател на МЗХ и шеф на Постојаната мисија на СМК за Европската унија во Брисел. Почнувајќи од роденденот на Александар Македонски, МЗХ всушност ја направи промоцијата на серијата поштенски марки кои ја отсликуваат целата македонска историја и по повод претстојниот празник втори август од големата битка кај Херонеја, Илинденското востание и АСНОМ издадени се поштенски марки со ликот на Филип II Македонски, Гоце Делчев и со Методија Андонов - Ченто.

Промоцијата е мошне симболична, рече господинот Џон Тодоровски. Со испраќање на јубилејни Илинденски картички на Претседателот на државата Македонија, на Премиерот, претседателот на Собранието и министрите во Владата на Република Македонија, димпломатските мисии во странство како и до медиумите и на секоја пратка по редовна пошта е користена поштенска марка со личности од сите периоди на македонската историја со што се потврдува стремежот на Македонците дека Македонија на втори август не слави само 100 години државност, туку истовремено и повеќе од 3.000 години цивилизација, потенцираше господинот Тодоровски.

Инаку, за Илинденските празници картичките во Македонија ќе можат да се купат пред споменикот Македониум во Крушево и во библиотеката во село Бабино. Дел од картичките со поштенските марки ќе одат во продавницата на ПТТ Филателија која се наоѓа на Плоштадот Македонија во Скопје (влезот на ГТЦ). Другите љубители и Македонците од прекуокеанските земји, подробни информации ќе можат да добијат по втори август на веб-страницата на Светскиот Македонски Конгрес: www.smk-wmc.org

Во прилог доставуваме објасненија за дел од поштенските марки:

(1) Оригинална картичка со панорама на Крушево (Македонија) издадена во Софија во 1903 година (An original postcard with the general view of Krushevo – Macedonia, issued in Sofia in 1903).

(2) Ретка оригинална поштенска картичка со етничката карта на Македонија и македонските револуционерни лидери издадена во 1920 година од Македонскиот национален комитет (Rare postcard with pictures of the ethnic map of Macedonia and various Macedonian revolutionary leaders issued by the Macedonian National Committee in 1920).

(3) Оригинални варијанти на македонски маркички со различна деноминација издавани во периодот 1900 - 1928 во САД, Бугарија и Србија. Продажбата на маркичките се користела за собирање на средства за функционирање на Македонското движење за независност (Various original Macedonian stamps with different denominations issued between 1900 - 1928 in the USA, Bulgaria and Serbia. The sale of these stamps has been used to collect legal funds for the functioning of the Macedonian Movement for Independence).

(4) Воведната страница од книгата на Вилијам Гледстон во која е цитиран слоганот "Македонија на Македонците" од 1897 во Англија (Introduction page to the book where the motto "Macedonia for the Macedonians" from William Gladstone was quoted in 1897 in England).

(5) Дел од македонските лидери - револуционери од Илинденското востание во 1903 година и подоцна. Од горе кон долу: Гоце Делчев, Никола Карев, д-р Христо Татарчев, Дамјан Груев, Ѓорче Петров, Петар Поп - Арсов, Пере Тошев, Јане Сандански и Питу Гули (Various Macedonian revolutionaries from the period of St.Elijah’s Uprising in 1903 and later. From top to bottom: Gotse Delchev, Nikola Karev, Dr. Hristo Tatarchev, Damian Gruev, G’orche Petrov, Petar Pop - Arsov, Pere Toshev, Yane Sandanski and Pitu Guli).

(6) Оригинални македонски маркички со ликови на македонски револуционери и обединета Македонија издадени во 1928 година во САД. Продажбата на маркичките се користела за собирање на средства за функционирање на Македонското движење за независност (Original Macedonian stamps with pictures of Macedonian revolutionaries and united Macedonia issued in the USA in 1928. The sale of these stamps has been used to collect legal funds to the functioning of the Macedonian Movement for Independence).

(7) Оригинална насловна страница на француската неделна ревија Le Petit Journal од 27 септември 1903 година со репортажа за Илинденското востание во Македонија (Original cover page of the French weekly magazine Le Petit Journal from the 27th of September 1903, reporting the St. Elijah’s Uprising in Macedonia).


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"