|
ЈУБИЛЕЈ
Одгласи во светската јавност за Илинденското востание во 1903 година
САМО МАКЕДОНСКИ ЧЕТИ ВО ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ
Подготвил: Кокан СТОЈЧЕВ
- "Јас се надевам дека Вие ќе & го кажете ова на вашата англиска јавност.
Востанието е македонско, вистинските ефикасни боречки чети се македонски.
Четите не доаѓаат од Бугарија, тие доаѓаат од македонскиот народ и ќе
продолжат да доаѓаат се дотогаш, додека македонскиот народ ќе го поднесува
лошото владеење на Турците", пишува во својот извештај специјалниот
дописник на британскиот весник "Дејли њус" (Даилѕ нењс), Џон Макдоналд,
кој оваа изјава ја добил од попот - борец Тома Николов.
В о 1903 година се актуелизира
македонското национално прашање. Тоа го привлече вниманието на меѓународната
дипломатија и на општественото јавно мислење. Настанот што придонесе за
афирмација на македонската кауза, Илинденското востание, македонската
револуција од втори август 1903 година, предизвика соодветна реакција кај
големите сили, како што се: Велика Британија, Соединетите Американски Држави,
Франција, Италија и други. Улогата на печатот во ширењето за вистината на
Македонија и за судбината македонскиот народ во Отоманското царство беше
голема. Во тој период, скоро целокупниот светски печат, во помала или
поголема мера, го коментираше востанието на поробениот македонски народ.
Весниците и поголемите светски агенции во Македонија имаа испратено
специјални кореспонденти и известувачи кои од востаничкиот македонски терен
ги информираа своите читатели за вистинската состојба и за причините за
кревањето на Илинденското востание.
Повеќето од весниците Илинденското востание го окарактеризираа како "сеопшта
револуција", настан од големо значење за македонската ослободителна кауза.
Токму преку медиумите јавното мислење во светот се запозна со борбата на
Македонците и по своите можности презеде иницијатива и акција за посредно
ангажирање во пропагирањето на македонската кауза. За таа цел во светот се
организираа специјални "македонски комитети" со цел да ја пропагираат
македонската борба за слобода и да ангажираат помош и да собираат средства
за настраданото македонско население, кое во текот на Илинденското востание
претрпе големи штети.
КОМИТЕТИ
Во далечната Америка, во САД, во септември или ноемри 1903 година, беа
основани "македонски комитети" во Њујорк, Бостон и Филаделфија. Во нив
влегуваа истакнати американски општествени културни дејци. Тие упатуваа апел
до американскиот народ и од него бараа посодржајна борба за правата на
Македонците и нивните страдања по востанието. Во Велика Британија за
состојбите во Македонија се дебатираше во британскиот Парламент, а неколку
седници одржаа Горниот и Долниот дом, кои беа посветени на прашањата од
Илинденското востание. Во оваа земја, во Лондон, во 1903 година, беше
формиран "Балканскиот комитет за Македонија". За таа цел во 1903, 1904, 1905
во Велика Британија беа одржани околу 400 митинзи кои одеа во полза на
македонскиот народ за борбата за слобода.
Во Италија како организатор на активностите поврзани со македонското
прашање се јавија комитетите "За Македонија и Ерменија". Овие организации се
иницијатори на митинзите и собирните акции за помош на македонскиот народ.
Симпатии за борбата на Македонците беа изразувани и во Русија, но
најмногу преку манифестациите "Словенското благотворително општество". За
таа цел се ангажираа и великаните на рускиот збор: Лав Николаевич Толстој и
Максим Горки. Промакедонска дејност беше развиена и во други европски земји:
Белгија, Швајцарија, Чешка и Словачка, Полска, Бугарија и во поранешните ју
- републики.
ДОПИСНИЦИ
Голема улога за ширењето на вистината на македонските работи одиграл
американскиот печат. За време на Илинденското востание Американците биле
информирани преку извештај и соопштение за текот на настаните, за
судрувањата на македонските востаници со турската војска. Дел од печатот и
од светските агенции во Македонија имале свои постојани или специјални
кореспонденти-известувачи. Особено со голем интерес било следено пишувањето
на големите дописници: Мур од "Њујоршка трибуна" (The
New York Tribune), и на Линч,
дописник на повеќе американски официози. Линч за време на востанието ја
обиколувал Македонија и за состојбата испратил до своите весници автентични
извештаи.
Во Велика Британија Востанието наишло на одглас дури и во високите
владејачки инстанци. Поточно, британскиот Парламент на 10 август 1903 година
одржал специјално заседание во врска со состојбите на македонскиот народ во
Отоманското царство. Тогашниот либерален пратеник поднел интерпелација до
Владата која се изјаснила во полза на македонските револуционери и бил
заземен протурски став.
За тогашниот британски печат свои извештаи од Македонија пишувале
следниве дописници: Џон Макдоналд, политички дописник на "Дејли њус"
(Daily news). За
овој весник пишувал и воениот известувач и учесник во востанието А. Г. Хелс.
Потоа специјален дописник на "Тајмс" (Times)
бил Џемс Баучер, а воен дописник за "Ројтер" бил А. Хамилтон. Дописник на "Дејли
мејл" (Daily mail),
бил Р. Вион. Од Македонија дописник за "Манчестер гардијан"
(Manchester Guardian)
бил Х. Н. Брејлсфорд.
Во британските печатени медиуми биле нагласувани крвопролевањата,
палежите и масакрите на турската војска над незаштитеното македонско
население. Највпечатливо внимание околу Илинденското востание оставил
Брејсфорд кој во 1905 година ја издал својата книга "Македонија". Според
него: "Востанието од 1903 година беше многу повеќе од едно активно војничко
движење. Тоа беше една масовна демонстрација во која учествуваше сето селско
македонско население, мажите, жените и децата".
Вакви слични одгласи во печатените медиуми имало во Франција, посебно во
весникот "La Petite Republique".
Во Италија за Илинденското востание пишувале
познатите весници: La Nazione,
Corriere della Serra
и други. Во Русија тоа биле: "Новое времја", како и се разбира нашиот
најголем културен деец од 19 век, Крсте Петков - Мисирков.
ИЗВЕШТАИ
Во британскито извештај за Востанието од сер. Н. О'Конор до маркизот
Ленсдаун испратен од Цариград на 6 август 1903 година се вели: "Востаничкото
движење избувна во казите на Охрид, Прилеп, Лерин и Битола, во ноќта на 2
овој месец. Железницата беше оштетена близу Баница, а сите телеграфски жици
се прекинати. Неколку борби станаа во Смилево и Екшти Су. Битола е во паника
и Валијата побара повеќе војска".
Папата Пие Х, за Македонија, на 24 август 1903 година до католиците ја
упати следнава порака: "Агенцијата 'Paris
Nouvelle' јавува дека Папата Пие Х ќе
упати до католиците во целиот свет еден горешт повик за да преземат жива
агитација и да сторат кај своите влади се што е можно тие да настојуваат за
ставање крај на турските насилства во Македонија".
Во "Тајмс" од 6 август 1903 година, за востаничката активност во
Македонија пишува: "Интерното управно тело на македонската организација
објави извештај во кој се вели дека на 2 август вечерта во битолската област
беше објавена револуција во согласност со одлуката на Централниот
револуционерен комитет. Сите револуционерни снаги во округ на Битола, Ресен,
Охрид, Дебар, Кичево, Порече, Крушево, Прилеп, Лерин, Костур, Демир Хисар и
Кајлари, се вели во извештајот, заеднички започнаа напад".
Во "Чикашка трибина" за востанието во Македонија, од 6 август 1903 година,
се наведува: "Македонците велат дека револуцијата е веќе на пат, а се
вели, исто така дека востанието се шири". Овој весник од својот дописник
добил извештај дека "Македонскиот револуционерен комитет објавил војна во
неколку окрузи, а Портата испратила итно сили во вознемирените краеви".
"Хрватско право" во својот извештај од 8 август 1903 година пишува: "Претставниците
на Внатрешната организација ги срушиле и прекинале сите телеграфски и
железнички врски на 4 август. Понатаму востаниците го нападнале селото
Бежиште во околината на Прилеп, а во рамнините на Битола и Прилеп, се
движеле востанички чети со по 200 луѓе".
Венецијанска "Газета" од 11 август 1903 година во својот извештај
наведува: "Кон прокламираното востание од револуционерните комитети се
придружи христијанското население од селата, кое го зеде оружјето и формира
чети и во множество се бори во последната битка за независтноста на
Македонија и на македонскиот народ".
Џон Макдоналд за "Дејли Њус", во лондонскиот извештај од 12 август 1903
година пишува: "Попот - борец, Тома Николов, му укажал дека неговиот идеал е
Македонија и за неа Македонците ќе се борат".
"Јас се надевам дека Вие ќе & го кажете ова на вашата англиска јавност.
Востанието е македонско, вистинските ефикасни боречки чети се македонски.
Четите не доаѓаат од Бугарија, тие доаѓаат од македонскиот народ и ќе
продолжат да доаѓаат се дотогаш, додека македонскиот народ ќе го поднесува
лошото владеење на Турците", ова му го кажал на Макдоналд Николов во
врска со Илинденското востание, а е пренесено во извештајот на лондонскиот "Дејли
Њус".
Вакви слични извештаи од теренот имало многу и тие ја отсликувале
вистинската положба на македонскиот народ и неговата борба за национално
ослободување од Отоманската империја.
Во "Тајмс" од 6 август 1903 година, за востаничката активност во
Македонија пишува: "Интерното управно тело на македонската организација
објави извештај во кој се вели дека на 2 август вечерта во битолската област
беше објавена револуција во согласност со одлуката на Централниот
револуционерен комитет. Сите револуционерни снаги во округ на Битола, Ресен,
Охрид, Дебар, Кичево, Порече, Крушево, Прилеп, Лерин, Костур, Демир Хисар и
Кајлари, се вели во извештајот, заеднички започнаа напад".
Во "Чикашка трибина" за востанието во Македонија, од 6 август 1903 година,
се наведува: "Македонците велат дека револуцијата е веќе на пат, а се вели,
исто така дека востанието се шири". Овој весник од својот дописник добил
извештај дека "Македонскиот револуционерен комитет објавил војна во неколку
окрузи, а Портата испратила итно сили во вознемирените краеви".
|