маркетинг да беше онаа по малку
идилична слика на лидерите на двата ко-алициони партнера во Дебар, убава за
око беше.
Во Бранко не се сомневам дека ќе додржи до своите понекогаш не многу
еластични принципи во политиката за кои Руфи Османи има изјавено дека "и
колку да се сурови, заслужуваат да се почитуваат", а Али Ахмети треба да се
докаже.
Кому ќе му биде потешко да ги вразуми во одметнатите крила на своите
партии, ќе покаже времето кое немилосрдно тече. Имам впечаток дека, ако од
сите републики во втората поранешна Југославија, заслужуваше прва да биде
примена во ЕУ, тоа требаше да биде Македонија. Сега се плашам не да не
бидеме последни, туку никогаш да не бидеме примени.
Скриени и нескриени индиции за таква елементарна несреќа има многу. Сите
ние, поединечно или колективно, сме извори на сопствени трауми... Кај да се
свртиш - бунар. Секое пропаѓање е и давење и загушување.
Утре е - Илинден. Остарев не осознав зошто токму на овој празничен ден,
почнало Востанието. Гледате ли колку енигми ја следат нашата историја?! Да
не зборувам за неизвесноста на нашата иднина.
Празниците во традицијата на македонскиот народ се еден вид свети молитви.
Тие не само што не задолжуваат, туку и не проколнуваат утре кога ќе влеземе
во вториот век на нашата самобитност да продолжиме без омраза и пристрасност,
зашто како што вели Пречесниот има луѓе од сите вери и нации без исклучок на
кои кога ќе им застане умот, тие веднаш ги активираат рацете и нозете.
Улогата на Али Ахмети во перспективата на Македонија не смее да биде како на
надбискупот од Кантербери, да го с’ска и охрабрува премиерот на неизбежните,
тешки и ризични реформи, а од друга страна да го остава сам да го понесе
товарот на - преродбата... Многу предавства, комплоти, лицемерства и загуби
ја следеле историјата на оваа земја. Нема страница ненатопена со крв, пот и
маки.
Европа е за нас непознат свет. Во тој свет сакаме да влеземе, а ништо да
не промениме... По Александар Македонски, како да го загубивме идентитетот.
Се некого чекаме од некаде да дојде: Русите да не ослободат од Турците;
Американците да не спасат од распаѓање, а Европјаните да не интегрираат во
нивната Унија.
Убаво е да си во чекалната на пат за Европа, но не е убаво нешто вечно да
чекаш. Овие денови бев во друштво на млади луѓе сите оптимисти. Ќе тргне,
велат, мора да тргне. Овие млади луѓе биле секаде во светот и размислуваат,
работат и дејствуваат поинаку од нас кои за себе имаме највисоки мислења:
Ние, па ние.
На младите луѓе доста им се старите грешки. Сакаат развој, слобода,
деловност... Во "Живиот камен", добитникот на наградата "Браќа Миладиновци",
Ефтим Клетников, го предупредува македонскиот бит преку алузии, асоцијации и
аналогии на коректност и внимателност оти како што вели поетот, најлесно е
да згрешиш, да превидиш и животот да го претвориш во смрт!
Преокупирани сами со себе, забораваме на Илинден како аманет и порака на
- Европа! Некој ќе ми забележи дека користам силни конструкции, за кои морам
да кажам дека не се ни конструкции, ни силни... Се сомневам дека Европа не
знае ништо за Илинден, за кланицата на Мечкин Камен. Мора да знае, зашто
новиот Устав на Унијата од архитектот Жискар Д. Стен, во многу ме потсетува
на Манифестот на Крушевската Република, тамам и токму по мерка на сегашната,
модерна Европа која со право од сите во оваа земја бара да се однесуваме
така како што сме биле пред 100 години.
Нема посилна, поуверлива и поопстојна филозофија од онаа со која
Илинденците им се обратија "На градот (Рим) и целиот свет –