тоиме денес во тишината на
славата, во моментот кога ќе се вкрстат повеќе патеки, а по нив џагор од
верници. Денес ќе бијат камбаните и во еден висок вознес, со силен пиетет ќе
се слави денот, големиот чувар ангелот предвесник, Св. архангел Гаврил, кој
прв & ја соопшти веста на Света Марија "за раѓањето на Спасителот". Тоа се
првите ангели до Бога, Архангел Михаил и Архангел Гаврил, кои се
првоначалници на Господовата небесна, бестелесна и невидлива војска.
Тоа е армијата која со Господа заедно ќе слезе на земјата од светите
небеси за време на второто пришествие. Оваа година на ова топло јулско сонце
на 26 јули, денот кога ја славиме тешката јулска трагедија, сите ќе
воскликнеме во божјата премудра порака. Токму оваа година се слави јубилејот
40 години од незаборавната катаклизма. Годинава на овој незаборавен ден ќе
се одржи света панихида посветена на загинатите граѓани и верници на градот
херој, Скопје.
Почитуваното епархиско намесништво и монаштво и целокупното духовно
свештенство заедно со Поглаварот и Архиепископ, Неговото Блаженство г.г.
Стефан, ќе ја богослужи оваа литургија која има огромно значење за
македонските верници.
Ќе биде одржана голема беседа која ќе биде посветена на верниците, на
спомените од катастрофалниот земјотрес. Притоа ќе се одржи водосвет и сечење
на славеничкиот колач. Сето ова денес ќе го доживува овој велелепен
историски храм - "Св. Архангели Михаил и Гаврил" кој уште се нарекува и "храм
на славата".
Во дополнителниот дел се наоѓаат моштите на загинатите борци од Првата
светска војна, а во дворот се наоѓаат англиските воени гробишта. Гробишта се
прекрасно уредени и служат за пример како треба да се одржуваат. За нив се
грижи Кралството на Велика Британија. Со една убава реченица овој ден, оваа
мошне прекрасна црква која е една од најубавите во Скопје и скопската
епархија ќе биде прибежиште на верниците и духовното свештенство.
Оваа црква ќе претставува оаза на духовен мир и блажен вознес. Во неа
верниците ќе го чествуваат не само божјото слово и дело, туку и македонското
минато.
Црквата е сместена во амбиент од прекрасни тревници, уреден двор и
средени војнички гробишта. Во црковниот двор се наоѓа параклисот на светите
бесребреници и лекари - Св. Кузман и Дамјан. Тој служи за крштавки, венчавки,
пеење на колачи, панихиди.
На 26 јули ќе се случат два големи настани и ќе бидат одбележани на
соодветен начин. Овој ден не е само празник од големо значење, туку
историски датум кој длабоко е врежан во народот. Нека му е честит и
пресветол овој верски празник на црковниот храм и на свештенство. Господ да
биде со Вас - Амин.