ВЕРАТА НАША РИСЈАНСКА

Собор на Свети Архангел Гаврил и Светата Великомаченица Марина

ЈАС СУМ ГАВРИЛ КОЈ СТОИ ПРЕД БОГА

Пишува: аџика Живанка ФИЛИПОВСКА

  • На пастирите кај Витлеем им соопштил за Христовото раѓање: "...денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ".
  • По наредба на Олимврие, Св. Великомаченица Марина била сурово мачена, тепана, телото сето во крвави рани, фрлена во оган и вода и сето тоа "го претрпе како во туѓо тело". Била поткрепувана со благодатта Христова и излечена со силата Божја.

Празникот Собор на Св. Архангел Гаврил, МПЦ го празнува на 13.07/26.07. На тој ден се слават јавувањата на Св. Архангел Гаврил по Божја наредба, и необичните чуда низ сета историја на човековото спасение. Се смета дека овој празник првпат се одбележил во 9 век во Света Гора, за време на царевите Василиј и Константин Порфирогенит и патријархот Никола Хрисоверг, а по повод јавувањето на Архангел Гаврил пред еден монах, во ќелијата, каде со прст на камен ја напишал песната за Богородица "Достојно ест".

Безбројни се јавувањата и чудата што Архангелот ги правел и ги прави низ сите векови. Големиот Архангел Гаврил му се јавил на Божјиот избраник Св. пророк Мојсеј и му соопштил како е создаден светот, а тој тоа го запишал во книга (Свето Писмо, Стар Завет). Божјиот Архангел му се јавил на пророкот Данило и му ја соопштил тајната за идните царства и за доаѓањето на Месијата, Спасителот на светот Господ Исус Христос. Тој им се јавил на Св. праведни Јоаким и Ана и им донел радосна вест дека ќе им се роди ќерка "преблагословена и Пречиста Дева Марија... од вековите однапред избрана за мајка на Месијата".

ПРЕДВЕСНИК

Силниот Архангел повеќе пати & се јавил на Пречиста Дева Марија додека растела во ерусалимскиот храм, се грижел за неа, & носел храна. Архангел Гаврил (име кое значи крепост Божја), во ангелска светлост и со божествена љубов & јавил на Пресвета Дева Марија блага вест дека ќе го роди Божјиот Син. "И ете, ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе го наречеш со името Исус". Го известил Св. пророк Захариј дека ќе му се роди син - Св. Јован Крстител. Архангел Гаврил за себе зборува колку е голем и дека е близу до Бога: "Јас сум Гаврил, кој стои пред Бога ... жена ти Елисавета ќе роди син и ќе му ставиш име Јован". Архангел Гаврил го известил стариот праведен Јосиф дека зачнатото во Девицата Марија "... е од Светиот Дух... таа ќе роди Син и ќе му ставиш име Исус, зашто Он ќе го спаси народот Свој од неговите гревови" (Св. Ев. по Матеј). На пастирите кај Витлеем им соопштил за Христовото раѓање: "...денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ". Божјиот слуга Архангел Гаврил му се јавил на самиот Господ Исус Христос во Гетсиманската градина, пред да пострада и го поткрепувал да издржи до крај. Им се јавил на жените мироносици и прв ги известил за Христовото Воскресение: "Не бојте се; знам дека го барате Исуса распнатиот - не е овде, воскресна, како што беше рекол".

Верниот Архангел Гаврил Пресвета Богородица пред нејзината смрт ја известил точно за денот и часот на нејзиното заминување на небото кај својот Син.

ХРИСТОВА МАЧЕНИЦА

На 30 јули се прославуваат страдањата на храбрата Христова маченица од Антиохија Писидиска, нежната 15-годишна Св. Великомаченица Марина. Епархот Олимврие, мачител на христијаните, се заљубил во убавото и мудро девојче, но таа го одбила признавајќи му дека е христијанка и дека се ветила засекогаш да остане девојка. Неговата наредба да се поклони на вештачките идоли, ја одбила јавно изјавувајќи дека тие се "без душа и без чувства и не знаат самите за себе". По наредба на Олимврие била сурово мачена, тепана, телото сето во крвави рани, фрлена во оган и вода и сето тоа "го претрпе како во туѓо тело". Била поткрепувана со благодатта Христова и излечена со силата Божја. Таа го молела Бога да биде близу до неа, до нејзината душа, да ги поднесе маките без страв и крик.

"Јас од тебе Христе нема да се откажам. Јас тебе ти се поклонувам, Спасителе, само на твојата власт... победниче на смртта... Испрати ми помош од висините на Својот престол, дај ми мудрост". Тоа се незаборавните зборови на 15-годишното девојче Марина, пред да го испушти својот Дух, зашто Христос & бил се, баш се, и зашто во Него гледала спасение. Најпосле била со меч посечена во времето на царот Диоклецијан. Бог ја украсил со маченички венец на славата.

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот европски, г. Горазд


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"