|
ИСТОРИЈА
Историјата не е само минато
Житијата на сите досега познати македонски светители (12)
"ПРЕМИНИ ВО МАКЕДОНИЈА И ПОМОГНИ НИ!"
Пишува: Александар ДОНСКИ
- Света Ирина била покрстена лично од свети Тимотеј - ученикот на Свети
Павле!
- Бурни доживувања во животот на една од првите македонски христијанки
.
Н едолго потоа и навистина во тој
крај стигнал свети Ти-мотеј, кој бил еден од придружниците на светиот
апостол Павле. Тој ја подучил Пенелопа во љубовта кон Бога и во тајните на
христијанството, а истовремено ја крстил ставајќи & го името Ирина. Била
крстена и старицата Карија, заедно со преостанатите слугинки. Свети Тимотеј
им ги дал Посланијата од свети Павле и си заминал.
Тогаш света Ирина почнала да ги проучува Посланијата, а идолите на татко
& ги фрлила низ прозорецот еден по еден, велејќи им:
"Ако
сте богови, спасете се сами!".
Но, тие се скршиле на најситни парчиња.
По неколку дена дошол татко & за да го слушне нејзиниот одговор околу
мажењето. Но, света Ирина му кажала дека таа веќе не се вика Пенелопа и дека
сега е целосно Му е посветена на Христа. Ликиние и неговата жена отпрвин се
вознемириле, но потоа ја прифатиле нејзината одлука. Ја повеле кон градот
каде во пресрет им излегле голем број девици со венци на главите. Но, тогаш
се вмешал ѓаволот. Ликиние се повеќе почнал да негодува заради ваквата
одлука на својата ќерка. На својата сопруга & рекол дека попусто ја градел
кулата и дека практично ја загубил својата ќерка. Царицата му одговорила
дека таа е среќна што нивната ќерка станала христијанка. Тогаш Ликиние се
налутил и ја избркал царицата од својот дом. Кога разбрала за тоа света
Ирина отишла кај него и во очи му ја кажала вистината дека тој е жртва на
ѓаволот. Тогаш Ликиние почнал да ја убедува да се откаже од Христовата вера
и да им принесе жртва на неговите богови. Свети Ирина го одбила и тој
наредил да ја фрлат под копитата на коњите во неговата коњушница. Но, таму
се случило чудо и коњите не сакале да ја изгазат, туку еден од нив го
нападнал Ликиние. Тогаш тој се покајал и самиот станал христијанин заедно со
уште три илјади луѓе. Го напуштил престолот и се преселил во кулата заедно
со својата сопруга и семејство за да може подобро да Му служи на Христа. Во
меѓувреме света Ирина продолжила да ја проповеда Христовата вера. На место
на Ликиние дошол царот Седекие. Тој ја повикал света Ирина кај себе и почнал
да ја провоцира и да ја тера да принесе жртва на паганските богови.
Во спротивно & се заканил дека ќе ја мачи, иако била царска ќерка. Света
Ирина му рекла дека слободно може да почне со мачењето затоа што таа
засекогаш ќе остане верна на Христовото име. Тогаш света Ирина била фрлена
во дупка со змии, но оттаму излегла неповредена. Царот Седекие се обидел да
ја убие и со други средства, но секогаш се случувале чуда и таа останувала
неповредена. Тогаш народот се побунил против овој цар и го избркал од градот.
Засрамен, тој умрел по седум дена. Неговиот син Савах, сакајќи да се одмазди
за срамот на својот татко, собрал војска и се кренал против градот Магедон.
Жителите на градот се уплашиле, но света Ирина им рекла да не се плашат,
туку да се молат на Бога. Господ Исус Христос ги послушал нивните молитви и
кај војската на Савах настапило слепило, така што градот Магедон бил спасен.
Савах испратил гласник кај света Ирина со молба да се помоли на Бога за да
им се врати видот. Таа ја послушала молбата и набргу Савах и неговата војска
пак прогледале. Тогаш тој се покајал по што бил примен од граѓаните за цар.
Но, по извесно време пак ѓаволот се вмешал, па и царот Савах почнал да ја
провоцира света Ирина и да ја тера да принесе жртва на неговите пагански
богови. Откако таа му рекла дека не се откажува од Христа тој наредил
нејзино мачење. Но, и овојпат Господ Исус Христос & помогнал. На чудесен
начин таа останувала неповредена од мачењето, поради што војската на Савах
масовно почнала да преоѓа во христијанството, а тој ненадејно умрел.
ПАТУВАЊАТА НА СВЕТА ИРИНА
Така света Ирина останала да ја проповеда верата христијанска во Магедон,
а по три години отишла во градот Калипол. Таму владеел Нумеријан, кој бил
брат на Седекие. И овој цар ја повикал кај себе убедувајќи ја да им принесе
жртви на идолите, а потоа и тој наредил да биде мачена. Но, на крајот и
самиот тешко се разболел и умрел во маки. Потоа света Ирина отишла во градот
Константина, но и таму била судена заради ширењето на вистинската вера во
Бога. И таму се случило истото. Откако виделе дека не можат да & наштетат со
никакви мачења, мнозина поверувале во Христа. Во Константина света Ирина
останала да живее петнаесет години, а оттаму заминала во тракискиот град
Месемврија во кој владеел Саворие. Тој наредил да му ја доведат и ја обвинил
дека шири магии. Наеднаш го извадил мечот и ја заклал света Ирина. Потоа
почнал да го навредува Христовото име со зборовите дека ако Исус бил Бог,
немало да дозволи света Ирина да биде убиена. Но, за Господ Исус Христос
ништо не е невозможно. Само што била однесена на гробиштата света Ирина
воскреснала и се вратила во градот следена од голема толпа луѓе, кои не
можеле да поверуваат дека таа е повторно жива. Кога ја видел царот страшно
се уплашил и се помолил за прошка, по што и самиот бил преведен во
христијанството. Таму дошол и свети Тимотеј, кој крстил мнозина жители од
тој град. Подоцна света Ирина се вратила во Магедон. Таму разбрала дека
нејзиниот татко починал. Оттаму отишла во Ефес, каде & се придружил старецот
Апелијан. По извесно време, заедно со Апелијан и уште шесмина следбеници на
Христа излегла надвор од градот. Дошле до еден празен гроб во кој света
Ирина легнала и им рекла да ја покријат со камена плоча и да ја остават
внатре четири дена. Тие така и направиле, а кога по четири дена се вратиле,
гробот бил празен. Така тие сфатиле дека света Ирина заминала кај Христа. На
крајот од житието читаме дека тоа било напишано токму од старецот Апелијан.
И ова житие ни нуди интересни историски податоци. Како прво ќе кажеме
нешто за местото на потеклото на света Ирина. Во нејзиното житие, како
нејзин роден град, е спомнат градот Магедон, но таков град не постои токму
со тоа име. Црковните историчари сметаат дека се работи за областа Мигдонија.
Д-р Јустин Поповиќ во својата книга
"Житија
на светителите за месец мај"
(Белград, 1974, стр. 141) погрешно ја лоцира оваа македонска област во
Тракија. Доволно е да се погледне која било географска карта на Македонија
или на Балканот на која се одбележани областите од антиката за да се види
дека Мигдонија е чиста македонска област, која делумно го опфаќа и
полуостровот Халкидик.
ИСТОРИСКИТЕ ПОДАТОЦИ ВО ЖИТИЕТО НА СВЕТА ИРИНА
Сигурно дека нејзиниот татко Ликиние не бил цар на Мигдонија затоа
што во тоа време цела Македонија, па и голем дел од Балканот, биле под
римска окупација. Најверојатно дека тој бил управител на таа област. Но, тоа
не мора да значи дека бил Римјанин затоа што познато е дека имало и
домородни жители кои биле поставувани на високи места во римската
администрација. Ист е случајот и со останатите цареви кои се
спомнуваат во ова житие (Седекие, Савах, Нумеријан и Саворие). И тие
најверојатно биле управници на градовите во кои живееле. Градот Месемврија и
навистина постоел и се наоѓал на брегот на Црното Море, додека за градовите
Калипол и Константина црковниот историчар д-р Јустин Поповиќ пишува дека се
наоѓале во Тракија. Името на учителот Апелијан е име кое во извесна форма (Апел)
се среќава и во постариот античко-македонски ономастикон поради што може да
се претпостави дека бил Македонец.
Интересно е и спомнувањето на девојките со венци на главата на кои наишла
света Ирина кога излегувала од кулата заедно со родителите. Познато е дека
девојките во античка Македонија и навистина се украсувале со цвеќиња на
главите по повод разни свечености, а посебно по повод доаѓањето на пролетта.
Да кажеме нешто и за времето во кое живеела света Ирина. Времето на
нејзинот живот може да се утврди со прилична точност токму поради
спомнувањето на свети Тимотеј. Во житието пишува дека тој го примил
христијанството лично од светиот апостол Павле. Тоа значи дека се работи за
познатата историска личност свети Тимотеј, кој е спомнат и во Библијата како
соработник и сопатник на светиот апостол Павле. За свети Тимотеј се знае
дека потекнувал од Азија и дека бил од мешано грчко-еврејско семејство. Но,
да видиме кога точно свети Тимотеј дошол во Мигдонија за да ја покрсти
девојката Пенелопа. Познато е дека свети Тимотеј за време на мисионерските
патувања на свети Павле најмалку двапати престојувал во Македонија. Првиот
пат тоа било за време на Второто мисионерско патување на свети Павле, кое се
случило околу 50 година. Дали можеби за време на ова патување свети Тимотеј
ја покрстил Пенелопа? Одговорот не може да биде позитивен, а најголем доказ
за ова е учителот Апелијан за кого читаме дека веќе бил христијанин пред
свети Тимотеј да ја покрсти Пенелопа. Значи, токму за учителот Апелијан може
да се каже дека бил покрстен за време на првото доаѓање на свети Тимотеј и
на свети Павле во Македонија, па кога свети Тимотеј повторно дошол, Апелијан
веќе бил оформен христијанин. Поради тоа речиси нема сомнение дека свети
Тимотеј дошол кај Пенелопа и ја покрстил за време на своето второ доаѓање во
Македонија, кое се случило непосредно пред Третото мисионерско патување на
светиот апостол Павле, а тоа било околу 53 година. Најголем доказ за ова се
и Посланијата на свети Павле што свети Тимотеј им ги оставил да ги читаат на
света Ирина и на останатите христијани. Познато е дека некои од овие
Посланија не биле напишани пред првото доаѓање на свети Тимотеј и на свети
Павле во Македонија. Познато е и дека за време на Третото мисионерско
патување на свети Павле, свети Тимотеј бил испратен пред него во Македонија.
Во Библијата читаме дека откако свети Павле стигнал во Ефес, решил повторно
да ги испрати во Македонија своите помошници Тимотеј и Ераст. Во
"Дела
апостолски" (19: 21-22) за ова читаме:
" Кога помина тоа, Павле науми преку
Македонија и Ахаја, да отиде во Ерусалим... И тогаш ги испрати во Македонија
двајцата свои помошници Тимотеј и Ераст, додека тој се задржа во Азија уште
некое време".
Не може со сигурност да се потврди колку време свети Тимотеј престојувал
во Македонија пред да му се придружи свети Павле. Но, ако се знае дека свети
Павле дошол во Македонија во 53 година, тогаш можно е свети Тимотеј да
стигнал (по втор пат) во нашата земја во 52 година. Врз основа на ова може
да се открие и приближната година на раѓање на света Ирина. Имено, ако се
знае дека таа имала дванаесет години кога била покрстена, како и дека тоа се
случило околу 52 година (кога свети Тимотеј по вторпат дошол во Македонија
испратен од свети Павле), тогаш може да се заклучи дека света Ирина била
родена околу 40 година. Тоа е времето од само нешто повеќе од една деценија
по распнувањето на крст и Воскресението на Исус. Практично света Ирина била
една од првите христијанки во Европа, бидејќи во историјата е познато дека
токму Македонците биле првите европјани што се христијанизирале на тлото на
Европа. Во житието читаме дека таа три години по своето покрстување заминала
за Калипол. Практично таа тогаш имала најмалку петнаесет години. Потоа
читаме дека уште петнаесет години дејствувала во градот Константина. Ако кон
овие години се додаде уште некоја година од нејзиниот живот, може да се
заклучи дека таа умрела релативно млада (можеби немала ни 40 години). Доказ
за ова е и тоа што пред крајот на нејзиниот живот повторно се сретнала со
својот учител Апелијан, кој тогаш се уште бил жив, што значи дека таа не
можела да биде старица кога починала. Поради сето ова света Ирина не можела
да живее и во вториот век како што пишуваат некои црковни историчари. Таа
најверојатно била родена и починала само во првиот век по Христа.
Во нејзино време Македонија се наоѓала под римска окупација веќе околу
два века. Впрочем, токму во времето кога таа живеела во својата кула,
подучувана од Апелијан и чувана од старицата Карија, на свети Павле во сонот
му излегол Македонецот и го повикал со зборовите:
"Премини
во Македонија и помогни ни!"
("Дела
апостолски"
16,9).
Некои историчари сметаат дека во овие зборови била искажана и тешката
состојба на Македонците под римско ропство. Доказ за ова е и веќе
споменатото сведоштво од кралот Агрипа, дадено отприлика во тоа време, во
кое тој им вели на Евреите дека и на Македонците им е тешко под римското
ропство, па сепак не се осмелуваат да кренат востание против оваа моќна
држава ( Josephus Flavius:
"War of
the Jews"
II, 16, 4).
(Продолжува)
|