ако оваа книга е напишана како
одговор на новиот спор меѓу Грците и Македонците, Џон Шеј нуди многу
податоци од македонската историја, опишувајќи го функционирањето на
Македонија денес. Дава детални податоци за политичките партии, за медиумите
во Македонија, за човековите права, за малцинствата во нашата држава, за
изборите, за образованието во Македонија и расправата околу универзитетот на
албански јазик и за албанската агитација во тој правец, опфаќајќи го
периодот до воените конфликти.
Особено значајно е деветтото поглавје во кое много прецизно е опишан
текот и значењето на грчкото ембарго врз Македонија.
СПРОТИВНО НА ИСТОРИЈАТА
"Во зимата 1993 година Грција го блокира снабдувањето на Македонија со
нафта од пристаништето во Солун, задржувајќи танкер со нафта кој на
Македонија би & бил доволен за цели три месеци. Тоа создаде политичка
нестабилност во Македонија која беше принудена да се снабдува со нафта преку
Бугарија и Турција. Ова беше една од многуте прилики во кои Грција ја
блокираше трговијата со Македонија. Во 1992 и 1993 година, Грција често ја
затвораше својата граница за транспортот на стоки од Македонија во Грција и
обратно, а и со закана за целосна блокада".
Повикувајќи се на аналитичарите Јануш Бугајски и Дејвид Огустин, Шеј вели
дека грчката Влада би можела да оствари политичка предност со будење на
националистичките страсти. Според нив, вистинската причина за ваквиот грчки
став не беше стратешката предност која овој антагонизам & ја дава на Грција
и на нејзиниот најголем сојузник, Југославија.
"Грција, на прагот на растечката улога на Балканот како моќна локална
сила, би можела да стане или рамка на стабилност или претставник на се
поголема неслога во регионот. Неместо да ги придобие 'кревките и безопасни
Македонци' за свои блиски сојузници, конзервативната Влада на Мицотакис
предизвикува националистички чувства преку поттикнувањето на стравовите за
наводен македонски експанзионизам. Бугајски и Огустин истакнаа дека: "Македонија
експлицитно се има откажано од какви било територијални претензии кон
Северна Грција и во секој случај не е во можност да & се заканува на Грција.
И покрај овој потег, Атина инсистираше новата земја да го смени името,
тврдејќи, спротивно на историјата, дека името Македонија има ексклузивно
грчко потекло. Ваквите оправдувања доведоа до сомневање дека прашањето во
врска со името е само завеса зад која се сокрива зацврстувањето на оската
Белград - Атина и потиснувањето на барањата за признавање на значително
словенско малцинство во Грција. Грчкиот спор со Македонија му одговараше на
Белград затоа што го држеше Скопје надвор од рамнотежа и ги поттикнуваше
сомневањата дека Атина сака да присвои дел од земјата за себе".
Авторот пренесува една научна студија финансирана од ЕУ која го донесува
заклучокот дека повеќето Грци се ксенофобични, расисти и анти-селектисти.
"На 16 февруари 1994, по специјално свикана седница на грчката Влада,
грчкиот премиер Андреас Папандреу објави дека Грција ги откажува сите
трговски врски со Македонија и дека го затвора нејзиниот конзулат во Скопје.
Господинот Папандреу изјави дека "Грција е присилена да го преземе овој
чекор како резултат на постојаниот цврст став на Скопје".
Трговската блокада на Македонија изгледа дека била поставена како одговор
на американската понуда за дипломатско признавање на Македонија. Една недела
откако САД ја признаа државата под името "Поранешна Југословенска Република
Македонија" и еден ден пред објавувањето на ембаргото, десетици илјади
протестанти ги исполнија улиците на Солун, веејќи пароли, прокламирајќи дека
"Македонија е грчка", како и знамињата со ѕвездата од Вергина (истиот симбол
којшто се наоѓаше на македонското знаме). Претседателот на САД, Клинтон беше
прогласен за предавник и протестантите го нападнаа конзулатот на САД со
јајца, монети и други предмети. Грција доживеа пад во очите на меѓународната
јавност со овој проблем".
ТОТАЛНО ФИЈАСКО
Реакциите во однос на ембаргото што го воведе Грција кон Македонија од
Европа и од светот беа во полза на нашата држава. Македонските политичари
предупредуваа дека Македонија нема намера да ја освои Грција и дека
координираната српско-грчка политичка стратегија кон Македонија може да
доведе до балканска војна и побара од Европската унија да преземе навремени
акции.
Името беше (и се уште е) главниот проблем во грчко-македонскиот спор. Во
оптек се пуштаа неколку предлози како "Република Македонија, Скопје" или "Вардарска
Македонија", но ниту едно прифатливо за Македонците.
"Европските нации веќе беа изиритирани од Грција пред ембаргото против
Македонија. Општа оценка за повторуваното барање на премиерот Константин
Мицотакис, Европската унија да се спротивстави на признавањето на Македонија,
е дека Грција со тоа загуби доста европски симпатии. Шест држави од
Европската унија го покажаа својот став воспоставувајќи дипломатски врски со
Македонија до крајот на 1993 година.
Само неколку дена откако Грција ја објави својата економска блокада кон
Македонија, шест од грчките партнери во Европската унија - Велика Британија,
Франција, Италија, Холандија, Германија и Данска - побараа Атина веднаш да
ја прекине блокадата. На шести април, Ханс Ван ден Брук објави дека
Европската комисија решила да ја изнесе Грција пред Европскиот суд на
правдата во Луксембург, заради ембаргото против Македонија.
Грција се закани дека може да си замине од Европската унија ако
Европскиот суд ги загрози грчките национални интереси".
Заради ембаргото кон Македонија, Грција беше осудена и од Обединетите
нации. Џон Шеј ни ги пренесува реакциите и од големите светски сили.
"Властите во Македонија сакаат мир и комплетна стабилност во балканскиот
регион, изјави генералниот секретар Бутрос Бутрос - Гали за време на
посетата на Австралија. Зборувајќи за позитивната и превентивната улога на
силите на ООН таму, тој ја именуваше Македонија според нејзиното уставно име,
Република Македонија.
Во исто време Бугарија & понуди на Македонија употреба на нејзиното
пристаниште во Бургас на Црно Море. Албанскиот претседател Бериша ги стави
сите услуги на пристаништето во Драч на располагање на Македонија. Турскиот
претседател Сулејман Демирел & понуди на Македонија користење на турските
пристаништа и вети турска помош".
Шеј ги претставува и реакциите на негрчкиот печат на спорот помеѓу Грција
и Македонија кои беа помалку внимателни отколку реакциите на меѓународните
дипломати. Многу коментатори беа екстремно критизерски настроени кон грчкото
ембарго и кон случајот што Грците се обидуваат да го направат против
Македонија.
"Тајмс ја повика Грција да се откаже од своето претседавање со Европската
унија со цел да се спречи дури и поголема штета на Европа од онаа што веќе е
предизвикана. Изнесувањето на Грција пред Европскиот суд не е соодветен
одговор затоа што на Македонија & треба помош веднаш. Заклучувајќи дека
господинот Папандреу имал за цел да предизвика штета на една балканска
држава којашто веќе се соочувала со големи економски потешкотии и да ја
зголеми тензијата околу неа. Тајмс го зеде ембаргото како доказ дека грчкиот
премиер е повеќе преокупиран со домашните политички интереси отколку со
потребата да спречи поширок регионален конфликт. Британскиот весник "Спектатор"
нагласи дека постапките на грчката Влада да ја продолжи својата одмазда
против Македонија претставуваат интересна мешавина на фарса, трагедија,
театар на суровост и театар на апсурдот. "Дејли телеграф" оцени дека грчкото
претседателство со Европската заедница дегенерира во непристојна и опасна
фарса. Трговското ембарго против Македонија ја означува грчката бруталност и
несигурност. Весникот напиша дека како со Македонија, така и со Албанија 'Атина
се откри себеси како осветољубив и кусоглед задевач на посиромашните и
послабите соседи' и тврдеше дека Европската заедница треба да интервенира
заради нестабилноста на Балканот што Грција ја создала. "Економист" пишуваше
дека блокадата ги нарушува грчките должности кон договорите и е наметната
едноставно за да го заштити премиерот Папандреу од домашната критика откако
САД ја признаа Македонија. "Чикаго трибјун" беше особено сликовит во нивниот
напад на грчките барања. Тие запрашаа дали Мексико би се заканило со
трговско ембарго на САД за да го присли Њу Мексико да си го смени своето име?
Дали Британците би се жалеле во високите кругови на светското мнение затоа
што дел од нашиот брег кон Атлантикот одбрал да се нарече себеси Нова
Англија?".
Три ипол месеци по воспоставувањето на ембаргото, сомнежите за неговата
ефикасност растеа ширум Грција. Заменикот министер за надворешни работи,
Јоргос Папандреу, изјавуваше дека блокадата нема ефекти. Набргу и дел од
грчкиот печат, па дури и познати личности започнаа да искажуваат мислења
комплетно спротивни на тие на Владата во врска со ембаргото, по изјавата на
Теодорос Пангалос дека тоа било тотално фијаско.
"Во првата недела на септември 1995, помошникот државен секретар на САД,
Ричард Холбрук, изјави дека договор за ставање крај на спорот помеѓу
Македонија и Грција е формулиран така што двете држави се согласиле да
постигнат компромис во име на мирот на Балканот. На 13 септември 1995,
Привремената согласност беше потпишана помеѓу претставниците на Грција и
Македонија. Двете страни се договорија да ги продолжат преговорите под
покровителство на генералниот секретар на ООН со цел да се постигне договор
по прашањето на името на Македонија. Македонија потврди дека ништо во
нејзиниот Устав, а посебно во Преамбулата, никогаш нема да претставува
основа за какво било барање за кој било дел од грчката територија или за
мешање во внатрешните работи на Грција. Македонија се согласи да престане да
ја користи Ѕвездата од Вергина од нејзиното национално знаме.
Грција се согласи да не преговара на кое било барање на Македонија да се
приклучи на меѓународните организации се додека Македонија го користи името
"Поранешна Југословенска Република Македонија" и се согласи дека економскиот
развој на Македонија треба да биде потпомогнат со развивање на блиска врска
со европската економска зона и со Европската унија. Привремената спогодба
требаше да остане во сила седум години, кога ќе биде замената со дефинитивен
договор, по којшто секоја од странките ќе може да се повлече најавувајќи го
тој потег писмено 12 месеци однапред. Еден месец по потпишувањето на
Спогодбата, некои движења започнуваат на македонско-грчките премини, иако
имаше некои проблеми. Во еден момент властите на грчката граница започнаа да
наплатуваат гранично осигурување од 160 германски марки за автомобили и 500
ДЕМ за товарни возила, иако ова наскоро беше прекинато. На луѓето од
Република Македонија кои потекнуваат од Егејскиот дел на Македонија (Северна
Грција) прво не им беше издавана виза на македонско-грчката граница. Подоцна
се покажа дека главниот проблем било пишувањето на грчките места на раѓање
со македонско писмо и според македонската номенклатура".
(Продолжува)