аут пашин амам е
најмонументалниот споменик на исламската архитектура. Точната година на
изградба уште не е позната, но се претпоставува дека е изграден кон крајот
на 15 век од страна на Даут паша, големиот везир на Романија. Градбата во
1689 година била оштетена и заради тоа прилично запуштена, меѓутоа во 1948
година извршена е реставрација и во овој амам е сместена Уметничката
галерија.
Амамот бил граден од наизменични редови на камен и цигла со две големи и
единаесет несиметрично поставени и нееднакви куполи кои биле убаво украсени
со пластична декорација од внатрешна страна. Поголеми пукнатини се гледале
на куполите и на фасадните ѕидови, додека северниот ѕид излегол од
вертикалата.
Денес објектот е во функција како Уметничка галерија.
АМАМ
Чифте амамот бил изграден во втората половина на 15 век како завет од Иса
бег. Изграден е со два посебни влеза за капење на личности од машки и женски
пол по што го добил и името Чифте или двоен амам. Амамот имал две големи и
повеќе мали куполи кои од внатрешна страна биле пластично декорирани со
украси. Тој бил во употреба до Првата светска војна, но потоа бил запуштен.
Поради извонредната архитектонска вредност биле започнати
конзерваторско-реставраторски работи кои пред земјотресот биле во завршна
фаза. Оштетувањата на овој објект биле забележани на одредени делови, а исто
така биле забележани и повеќе пукнатини на куполите и на фасадните ѕидови.
Црквата "Свети Спас" била изградена по пожарот во 1689 година на крајот
од 17 или почетокот на 18 век. Позната е по извонредните дрвени иконостаси
изработени во длабока резба помеѓу 1819 и 1824 година од група на резбари -
копаничари на Петар Филиповски - Гарка, на неговиот брат Марко и Макарија
Фрчковски од Галичник. Иконостасот бил долг 10, а висок 6 метри, распореден
во пет хоризонтални зони, кои биле збогатени со необични пластични облици и
стилизација, украсени со разни геометриски орнаменти и фигури од
растителниот и животинскиот свет, како и со сцени од Библијата.
Самиот иконостас бил незабележително оштетен, но зградата на црквата била
значително оштетена. Покривот, источните и западните ѕидови биле така
оштетени што им се заканувала опасност од уривање, а со тоа и можност на
оштетување на сите уметнички предмети во црквата. Преостанатите згради во
составот на овој споменик претрпеле поголеми оштетувања.
Досега стануваше збор само за најважните споменици на културата во градот
кои биле урнати или потешко оштетени. Но, исто така биле уништени или тешко
оштетени многу згради, кои поединечно или како делови од градот
претставувале значајни архитектонски објекти. Од многуте споменици на
културата во непосредна околина на Скопје тешко биле оштетени многу верски
објекти.
ЦРКВИ
Црквата "Свети Пантелејмон" во Нерези која ја изградил Алексеј Комнен во
1164 година била градена од наизменични делови на камен и малтер во облик на
впишан и слободен крст со пет куполи, нартекс и наос со олтарни апсиди.
Фасадните ѕидови, прозори и тамбури на куполите биле ефектно украсени со
пластичен и полихром материјал.
Фрескосликарството на оваа црква зазема многу значајно место како по
виртуозниот цртеж и богатиот колорит, така и по реалистичните тенденции, но
се уште во рамките на средновековниот идеализам. Оштетувањата во најголем
дел биле во северниот ѕид, кој бил поместен така што постоела опасност од
уривање, а пукнатини имало и на црквата и на фреските.
Марков манастир во Сушица, со црквата "Св. Димитрија" биле оштетени, но
ги обновил кралот Волкашин. Обновувањето и живописот биле завршени во
времето од 1366 година до 1371 година за време на кралот Марко. Црквата била
ѕидана во облик на пишан крст и правоаголна основа со купола во централниот
дел со интересни шари од ред камен, ред ѕигла. По архитектурата и по
фрескосликарството овој споменик бил познат по различните сфаќања на
двајцата зографи. Главната карактеристика била наративното применување и
оживување на сцените со доза на драматизам. Во близина на Марковиот манастир
се наоѓале и црквите "Св. Богородица" и остатоци од Св. Архангел. Помалку
или повеќе биле оштетени скоро сите објекти и тоа во вид на пукнатини и
урнатини на градежниот материјал, како и слојот на фрескосликарството.
Хусеин шах пашина џамија се наоѓала во Сарај дванаесет километри од
Скопје, а била изградена заедно со турбето во 1577/8 година од страна на
Хусеин шах паша. По некои сознанија во непосредна близина била и медресата.
Џамијата и турбето биле со квадратна основа и куполи. Овие објекти претрпеле
поголеми оштетувања кои се гледале по поголемите или помалите пукнатини на
ѕидовите.
Аквадуктот се наоѓал на северозападната периферија на Скопје од десната
страна кон Качаник, од кои се сочувани 54 полукружни столба. Времето кога е
изграден и од кого уште не е утврдено, но се претпоставува дека постоел во
раниот среден век и дека бил обновен подоцна, а според други дека бил
изграден од Иса бег кој бил познат во 15 век како градител на многу објекти
во Скопје. Одредени архитектонски елементи како и структурата на ѕидање одат
во прилог на второто тврдење. Иако бил руиниран особено по Првата и Втората
светска војна, Аквадуктот претставува извонреден историски споменик.
Оштетувањата од последниот земјотрес се гледаат во вид на пукнатини како
и делумно поместување на поединечни столбови кои можеле да го загрозат овој
објект.
(Продолжува)