Против плановите за подигање споменик на Мајка Тереза во Рим!
Деновиве сме сведоци на несфатливите напори на градоначалникот на Скопје,
Ристо Пенов, и на други владини структури (но и на некои новинари) кои се
залагаат со парите од даночните обврзници од Македонија да биде подигнат
споменик на Мајка Тереза во Рим. И покрај тоа што истакнати припадници на
нејзиниот албански народ остро се спротивставија на идејата Македонија да
гради споменик на Мајка Тереза во Рим, нашите субјекти и натаму тврдоглаво
инсистираат на тоа. Притоа тие како да избегнуваат да одговорат на некои
клучни прашања.
Како прво, дали Македонија е толку богата држава па да се расфрла со
парите на своите даночни обврзници, градејќи серија споменици на Мајка
Тереза по белиот свет? Со неверување слушнав дека се планирало градење на
споменик на Мајка Тереза, не само во Рим, туку и во Калкута(!?). Кој град ќе
биде следниот? Зарем нема попаметни и поприоритетни работи за да се потрошат
овие пари? Споменикот на Мајка Тереза во Скопје е сосема доволен како
оддолжување на нејзиниот роден град кон оваа позната хуманистка. Исто така,
се поставува прашањето врз основа на кои критериуми ќе се гради овој
споменик во Рим? Доколку се работи за тоа што таа беше позната хуманистка,
тогаш таков споменик попрво треба да & изградат Индијците затоа што таа
својата хуманистичка мисија претежно ја вршеше таму, а не во Македонија.
Доколку се прави споменик заради тоа што таа е добитник на Нобеловата
награда, тогаш таков споменик веќе има во Скопје. Доколку, пак, споменикот
ќе се прави заради нејзината посветеност на христијанството, тогаш треба да
се знае дека таа припаѓаше на католичката веросиповед, па од тој аспект
гледано, постојат голем број македонски православни светители, кои исто така
заслужуваат да им бидат изградени споменици. Но, не само што такви споменици
не им се градат, туку одвај дали некој овде и има слушнато за овие луѓе.
На пример, зошто нема споменик за струмичанецот свети Лав, кој во 12 век
бил патријарх на Ерусалим? Или за Македонката света Теодора, која живеела во
13 век и која исто така била голем хуманист, помагајќи им на сиромашните и
градејќи бројни цркви? Или за царот свети Јустинијан, кој (иако живел пред
поделбата на Црквата) исто така бил роден околу Скопје и чиј придонес во
светската култура е грандиозен? Или за уште над стотина македонски светители,
но и други светски познати личности кои потекнувале од Македонија? Но, овие
наши сонародници одвај дали некој кај нас и ги споменува.
Поради тоа ги прашувам иницијаторите на градењето серија споменици на
Мајка Тереза по белиот свет: врз основа на што ги запоставуваат нашите
светители и хуманисти, давајќи & предност на католичката активистка која
својата хумана дејност сепак ја вршеше далеку од Македонија? Има ли граници
нашиот мазохизам да го запоставуваме своето за сметка на туѓото?
Александар Донски
Агнеса Гонџа Бојаџиу - граѓанка на светот
Скопјанката Мајка Тереза, или како што е нејзиното родено име Агнеса
Гонџа Бојаџиу, беше најхуманата личност на минатиот век. Таа стана добитник
на бројни признанија и награди за нејзиното исклучително хумано ангажирање
во згрижувањето на најсиромашните од сиромашните, поради што ја доби
Нобеловата награда за мир.
Мајка Тереза (Или Мајка Терезија, како што милува да ја нарече бискупот
д-р Јоаким Хербут) почина на 5 септември 1997 година, во Куќата на
милосрдието што ја основа во Калкута. Прекинот на животниот пат на еден од
најголемите алтруисти во минатото столетие ги трогна сите, но секако
најмногу оние кои ги почувствувале бенифициите од нејзините активности,
гладните, бездомниците и болните.
Животната сторија на Мајка Тереза започнува во таканаречениот "Латински
кварт" на десниот брег на реката Вардар, кога Македонија беше дел од
Отоманската империја. Во Скопје ја примила католичката вера и се приклучила
кон нејзиното латинско семејство. Таа е родена на 26 август 1910 година како
Агнеса Гонџа, како најмлада од трите деца на Никола и Дрона (Транафила)
Бојаџиу. Куќата во која растела Гонџа се наоѓала на влезот на денешниот
Градски трговски центар. Под неразјаснети околности татко и Никола (едно од
најхристијанските имиња) починал и бил погребан на Католичките гробишта во
Скопје, кога Агнеса Гонџа имал само седум години. Тоа било и пресвртница во
животните насоки на семејството Бојаџиу. Така, нејзината мајка Дрона со
сестрата Агу заминале како мисионерки во Албанија, каде што ќе умрат без
повторно да ја видат својата сакана Гонџа, и тоа пред се, поради
непопустливоста на албанските власти, кои не им потклекнале дури и на
големите притисоци од светски личности и не & дозволиле на Мајка Тереза да
влезе во Албанија и да ги посети своите најблиски - мајката и сестрата.
Нејзиниот брат Лазар (исто така големо христијанско име) заминал за Италија,
каде што се оженил и има ќерка која го носи името на својата славна тетка
Гонџа.
По смртта (јас имав чест да присуствувам со делегацијата на Република
Македонија на нејзинот величенствен погреб), како и во текот на животот на
Мајка Тереза (имав една средба со Мајка Тереза), во бројни текстови за
нејзиното хумано дело се појавија огромни намерни или ненамерни пропусти или
погрешни факти. Меѓутоа, вистина е дека таа е родена во Скопје, дека беше
латинка со католичка вероисповед, кај кои нема поделба на националност, туку
само вероисповед (за среќа шовинизмот и национализмот не биле на цена во тоа
време). Мајчин јазик & беше хрватско-српскиот и не зборуваше друг јазик се
додека не отиде преку Загреб во Ирска, каде учела англиски јазик и од каде
заминала за Калкута, тогашниот најголем град на Британската империја, по
Лондон.
Мајка Тереза стасала во Калкута на 6 јануари 1929 година и остана до
крајот на својот живот, а два пати го посетила своето родно место Скопје,
Република Македонија.
На 24 мај 1931 година, Гонџа Бојаџиу ја донела својата судбоносна одлука
- го сменила своето име и го зела монашкото во чест на Света Тереза од Авила,
шпанска калуѓерка од 16 век и станала Мајка Тереза.
Таа се соочила со страдањата на луѓето низ улиците на Калкута каде
предано работела на нејзиното мисионерство подолг временски период. Затоа,
во 1948 година, папата Пие 12 & дал дозвола да живее како независна
калуѓерка, а истовремено таа станала жител на Индија. Во тој период го
основала редот "Мисионерство на милосрдието", чии карактеристики се:
едноставни бели сари со сини ленти и со по еден крст закачен на левото рамо.
Така едноставно, од срце со неверојатна волја и енергија започнало нејзиното
несебично и пожртвувано ангажирање да им се помогне на сиромашните, болните,
сираците и инвалидите. Целиот живот им го подарила токму ним. На таков начин
Мајка Тереза станала позната и призната граѓанка не само во Индија, туку и
во светот, а еден од нејзините редови "Сестри на милсордието на Мајка Тереза"
постои и е активен во Република Македонија.
Легендарната мисионерка Мајка Тереза е добитник на Нобеловата награда за
мир, на наградата на УНЕСКО за придонес во образованието, на индиската
награда "Џавахарлал Нехру", на наградата "Универзална мајка" и на многу
други награди и признанија. Меѓутоа, за Мајка Тереза најголема награда и
признание претставуваше моментот кога некому даваше помош. Таа беше една од
оние кои се борат да се надмине сиромаштијата и бедата што му се заканува на
човештвото (а не дневнополитиканските цели). Затоа ја заслужи почитта за
нејзината хумана истрајност за да стане легендарна мисионерка и граѓанка на
светот.
Славе Николовски – Катин
Вистината за Мајка Тереза
(Барање до Претседателот на Владата на РМ, министерот за надворешни
работи и претседателот на Собранието на РМ)
Почитувани господа, Демократскиот сојуз на Власите од Македонија како
партнер на Коалицијата "За Македонија заедно" ја поддржува иницијативата
Република Македонија да подари споменик на Мајка Тереза на градот Рим и тој
гест го смета како чин на оддолжување и благодарност за грандиозното и
благородно дело на Мајка Тереза.
ДСВМ, исто така, најостро се спротивстави на барањето на ДПА и на
интелектуалците од Тирана за спречување, односно откажување од дадениот
предлог. Со индигнација го отфрламе и барањето да се казнува предлагачот на
идејата.
ДСВМ бара на споменикот на името на Мајка Тереза да се напише Гонџа
Бојаџи, а не Бојаџиу како што се пишуваше до сега. Потоа, ДСВМ бара Владата
на РМ и градот Скопје посериозно да си ја преземат целокупната состојба
околу името и делото на Мајка Тереза - Гонџа Бојаџи, за да не им дозволуваат
на одредени личности, како Јасмина Миронска и Стојан Тренчевски, кои си
најдоа свој личен интерес и не ги прикажаа состојбите какви што се и особено
што го прикриваа и извртуваа влашкото потекло на Никола Бојаџи, таткото на
Гонџа Бојаџи, со што неправедно дозволија други да ја узурпираат, како
личност од големо културно и верско значење, а произлезена од редовите на
Власите во Скопје.
Бараме Комисијата за култура, или други, на Собранието на РМ да покренат
иницијатива за донесување на Закон за името и делото на Нобеловката и
Блажената Мајка Тереза.
Демократски сојуз на Власите од Македонија, Митко Николов,
в.д. претседател
Злокобна дијагноза на Џафери
По втор пат веќе го слушаме крикот за смртта на Македонија, од устата на
еден божем политичар, божем верник на својата вера и божем добар човек....
Цитат: "Македонија е болна од неизлечлива канцерогена болест, таа веќе
подолго време умира и смртта & е неминовност" - Арбен Џафери.
Кога ќе слушнеме таква дијагноза, прво што ни паѓа на памет е: Како да ја
провериме точноста на дијагнозата, бидејќи канцерот е страшна смртоносна
болест?
Кога ние, господине Џафери, би сакале да ја провериме дијагнозата што
подолго време & ја давате на Македонија, прво ќе ги разлистаме книгите за да
ја видиме генезата и животот на оваа древна земја. Па ќе видиме дека ја
напаѓале разни пиреји и корови. Ќе видиме како таа жилаво се борела со сите
нив, притоа не жалејќи ги најдобрите синови, мелем на македонската рана,
која секогаш заздравувала и се воздигнувала над небитието кое одново ја
зафаќало. Тоа е она во кратки црти што ќе го видите од генезата и животот на
оваа древна земја, за чија дијагноза направивте голема грешка.
Господине Џафери, сите што живееме далеку од неа, оплакувајќи ја секоја
нејзина гребнатина ве уверуваме и порачуваме: "Да, Македонија е болна држава,
но дијагнозата е погрешна! Таа е само длабоко затруена од албанскиот
национализам, хегемонизам и идеите за федерализација. Но, верувајте лек за
тоа постои....".
Ако луѓето ги делиме и препознаваме единствено како добри и лоши, и
според вашиот Куран и според нашата Библија, тогаш во какви треба да ве
препознаеме вас? Човек кој веќе подолго време му посакува смрт некому. Дали
се прашувате за кого е добра смртта на нашата и ваша татковина, дали за
мојот или за вашиот народ?
Не, господине Џафери, не залажувајте се со погрешна дијагноза. Туку час
поскоро направете го она што како човек ќе ве исчисти од грешните мисли и
желби за Македонија. Дајте му вистински патоказ за лојалност на албанското
малцинство во Македонија, зашто времето повеќе не ви е добар сојузник.
Сузана Чешмеџиска, Мелбурн, Австралија
Скица за македонскиот пат
Дали Македонецот денес има јасна идеја за патот по кој треба да чекори?
Скицата се однесува за идеите, носителите на тие идеи и соодветната
специфичност во најновата македонска историја.
Македонецот пред еден век: ВМРО-вците и големата идеја да се дојде до
слобода во Крушевската Република. Инволвираност на Бугаринот. Македонецот
пред половина век: Комунистите и големата идеја да се дојде до слобода во
Народна Република Македонија. ИнволвираноснаСрбинот. Македонецот денес:
Дериватите на комунистите и ВМРО-вците и големата идеја за самостојна
дрзхава. Инволвираност на Албанецот.
Македонецот утре: Ние "третите Илинденци" и големата идеја за рамноправно
членство во европската фамилија на народи? Потпирање врз сопствената сила и
памет?
Процесот на осамостојување на државата воден од постоечките политички
сили го доживува својот неуспех. Време е да се појават новите политички сили
за преземање на судбината во свои раце. Да гоподготвиметретиотпат!
Живко Даскаловски
|