одерните времиња се почесто "иницираат"
судир, доведуваат до директно испробување на силите меѓу книгите и моќната
техника, при што речиси секогаш таа пресметка завршува со убедлива победа на
Гутенберг над целиот оној хаос на компјутери, видео-касети, цд-ромови, и-мејлови,
дискети итн., или како што ги нарекуваат со едно име - тркалезни книги. На
сајмовите на книги кои можеби во последно време и не се многу спектакуларни,
дилеми немало. Ништо не упатува на тоа дека моќната техника би можела да
победи, иако последниве години можеби повеќе во споредба со претходните,
расчекорот е по нападен (воочлив) меѓу подготвеноста на луѓето духовно да се
воздигнуваат со читање и чинот што претходи - купување книги за куќни
библиотеки. Јазот меѓу читателите и книгите станува се поголем. Тиранијата
на книгата и огромната издавачка продукција, како што веќе одамна се
забележува, не е придружена со соодветна побарувачка на читателите кои не се
подготвени да издвојат пари од својот буџет за овие духовни потреби од
едноставни причини што всушност не располагаат со таков (никаков) буџет за
тоа. А на македонските граѓани уште помалку им се пристапни
интернет-страниците, од истите причини. Затоа основната и доминантна улога
во информирањето и комуницирањето со граѓаните веќе одамна ја презеле
новинарите како во печатените, така и во електронските медиуми.
Но, за жал, кај нас по осамостојувањето на државата, иако има новинари во
"изобилство", комуникациите, особено оние во возвратна насока, не само што
се маргинализирани, туку се и сосема апстрахирани. Еве еден од аргументите
за тоа тврдење.
Повеќе пати нашите новинари со право коментираат дека: "Колата тргнала
низ удолницата", за ОКТА и за многу други незаконски приватизации..., за
економијата, безбедноста, речиси за севкупното наше живеење. Со тоа завршува
нивната дефиниција на причините и состојбите, за (не)функционирањето на
институциите на системот и правната држава. Но, за жал и за срам, во повеќе
од една деценија на транзициско-демократска практика, никогаш нашите
новинари (чест и почит на исклучоците) не се "приближиле" да видат зошто
македонската самостојна "кола" "неуморно" се тркала низ удолницата само по
законот на инерцијата!? Ќе забележеле дека колата е без запрега!
Впрочем, уште во седумдесеттите години од минатиот век во ју-федерацијата
е забележано дека "колата тргнала низ удолница, а воловите останале" (Кола
су кренула низбрдо, а волови остали - Душко Радовиќ). Индикативноста на оваа
мисла - изрека, за случувањата што изгледа започнале, тогаш беше фрапантна.
А реалноста на состојбите до кои доведоа тие случувања по распадот на
Федерацијата, на тие ју-простори, беше катастрофална со фатални последици,
но само за народот. Денеска Република Македонија е единствен сукцесор на
ју-предзнакот, не само во името, туку и во трендот, начинот на контрола на
движењето на самостојната македонска "кола". Во плурализмот во трите мандати
по парламентарните избори, "колата" се движеше без (официјална) запрега.
Беше "командувана" од дистанца. А тоа пак, не само што остана незабележано,
туку и никому не му пречеше, освен на народот. Движењето на македонската
самостојна "кола" по парламентарните избори во 2002 година прерасна во
своевиден феномен, откако во 2001 година еден дел од сега новата коалициона
запрега, тогаш ја турна "колата" и & даде енормно забрзување во правец кон
бездната. Денеска заедно со колициониот партнер, управуваат со далечинска
команда (иако зад "колата" секогаш има некои "неидентификувани" туркачи) и
не убедуваат декларативно дека, демек, според програмските определби ја
водат македонската "кола" забрзано во Европа (!) без да & ја променат
насоката. Навистина феномен, чудо невидено! Еден предмет или процес
истовремено да се движи во две спротивни насоки (!!!) и да стигне до целта!
Вие господа новинари, во последниве повеќе од десетина години, во
весниците (медиумите) само информирате за овие состојби и случувања. Притоа
сте го "заборавиле" основното начело (пак ќе речеме чест и почит кон
исклучоците) - "функцијата на весниците (денеска тука се и електронските
медиуми), освен да информираат и да бидат 'активна совест' на граѓаните,
борејќи се против сите видови злоупотреби на изворните принципи на
општествената заедница, особено кога тие злоупотреби ги врши извршната власт"
(Џозеф Пулицер, унгарски еверин, 1847 година, татко на современиот
журнализам или, човекот кој го промени новинарството).
Затоа, господа новинари од сите медиуми "приближете" се до народот,
бидете негова "активна совест", слушнете го неговиот глас. Само со народот
заедно ќе ги натерате политичарите да преминат од зборови на дело, бидејќи
во спротивно, само народот ја има таа моќ да премине буквално според
латинскиот постулат "