ко минатата година со гордост го
затворивме летното поглавје, годинава несомнено се соочуваме со слаба
туристичка сезона. Ставот е едногласен за сите туристички капацитети ширум
земјава. Повеќе е од јасно дека овој летен период предвреме и неславно ќе
заврши.
Причини постојат многу, но една е последицата - македонскиот туризам
никако да се помести од мртвата зона која со години не измачува. Уште колку
неуспешни сезони треба да ни се случат за сите ние граѓаните, градските
татковци, власта, се освестиме и увидиме дека туризмот полека, но сигурно
изумира во нашата земја.
СЛАБА СЕЗОНА
Нашиот најголем туристички центар - Охрид се соочува со релативно слаба
туристичка сезона. Иако беше најавен спектакуларен летен период, останаа
само празни зборови. Мал е бројот на хотелите кои имаат солидна пополнетост
на капацитетите. Сите други, заедно со најголемите и најелитните, се движат
меѓу бројката од 30 до 50 отсто. Овој процент важи и за приватното
сместување во Охрид, кое половичната пополнетост ја достигнува само за време
на викендите.
За жал, викендите даваат лажна слика за успехот на сезоната. Охриѓани
тврдат дека најголемиот број викендаши спијат кај пријателите кои имаат
станови и викендички во градот. Општо мислење е дека сезоната не ќе може да
ја спаси ниту претстојниот празничен туристички бран.
Причините за неуспехот на сезоната се бројни, но сепак ќе ги наброиме
најглавните, искажани од угостителско-туристичките работници и корисниците
на нивните услуги.
Покрај нискиот стандард на нашите граѓани, причината лежи и во слабиот
слух на државата за барањата и потребите на оваа стопанска гранка.
Туристичката такса во шпицот на сезоната е зголемена за 100 отсто. Бројните
конкретни акции на угостителите за носење странски туристи со организирани
чартери, завршуваат во фиоките на некои од министерствата. Постојаната
инфраструктура ни оддалеку не може да ги следи барањата на современата
туристичка понуда. Капак на ова е и лимитираното работно време на
угостителските објекти.
Домашните туристи ги имаат своите аргументи. Убедени се дека охриѓаните
претеруваат со цените, како во хотелите, така и во рестораните и приватното
сместување. Нашата економска состојба и реално соодветствува со нивните
ставови.
Полупансион од 25 од 50 евра е премногу за нашиот стандард. Летово и
цените на приватните легла се невкусни. На пример, во Лагадин едно спиење за
викенд чини 600 денари. Во кафулињата и рестораните иста ситуација. Секако
дека овие аргументи ќе се земат предвид и кога ќе се формира конечната
официјална оценка за годинашнава сезона.
Но, сепак, најболно е сознанието дека најголем губитник сме токму ние,
граѓаните. Секоја година ни се повторува истата приказна. Секоја година
редици од луѓе чекаат да заминат во соседните земји на годишен одмор.
Заштедите од скромините примања ги вложуваме во туѓи земји, поддржуваме туѓа
култура, се восхитуваме на туѓи природни и историски богатства.
МАКЕДОНСКА УБАВИНА
Охрид е нашата туристичка Мека. Само за потсетување, заради универзалните
природни и културни вредности и значења, градот заедно со Езерото, од 1980
година се впишани во листата на светското наследство на УНЕСКО.
Стратешката географска положба и изобилството од води и другите природни
ресурси, од секогаш ги привлекувало луѓето овде да ги градат своите населби.
Преку бројните археолошки локалитети, кои датираат уште од праисторијата, па
преку античкиот, византискиот и поствизантискиот период, може да се следи
културното живеење на овој географски релативно мал, но во културена смисла
и тоа како голем простор.
Охрид со својата милениумска историја е еден од најстарите балкански
градови. Бројни се во него трагите што историјата ги оставила зад себе. Тука
се античките градби, базиликите со прекрасни мозаици, Самоиловата тврдина,
бројните цркви од Х
Х век, зазема
особено високо место како една од најзначајните и највредните збирки во
светот.
Од мноштвото културни настани и манифестации што се одржуваат во регионот
во текот на годината вредно е да се споменат Охридско лето - Фестивалот на
класична музика и драмски претстави; Балканскиот фолклорен фестивал и многу
други. Охридското лето и оваа година беше помпезно и свечено отворен и се
уште се чествува, секако во духот на илинденската епопеја.
Македонија и нејзините убавини се непроценливо богатство. Тие се поттик
за секој посетител и љубител на старото, на исконското. Забележителен е
бројот на странските туристи кои секоја година го посетуваат Охрид и му се
восхитуваат. Знаменитостите и убавините се реткост, затоа и ние како
домаќини треба да ги негуваме и пред се цениме и почитуваме.
Едноставно, она што треба да го направиме е рамномерен баланс помеѓу
економското секојдневие и летната сезона која е во полн ек. Така, нашите
туристички места ќе бидат посетени, културните манифестации бројно
чествувани, а гордоста ќе ни остане дома.