олку во Република Македонија се
заштитени потрошува-чите и дали тоа може да се спореди со заштитата на
потрошувачите во земјите на ЕУ - прашање кое остава простор за размислување?
Во досегашната практика се утврди дека потрошувачите за остварување на
одделни права при купувањето на производите или ангажирање за вршење на
услугите исклучиво да ги бараат преку надлежните судови и да водат скапи и
долготрајни судски постапки.
Законот за заштита на потрошувачите е донесен во 2000 година, а изменет
во 2002 година. Во примената на овој закон се оцени потребата од регулирање
на одделни прашања кои би биле подецидни во однос на досегашниот закон по
однос на продажбата на производите и давањето на услугите, подецидно
уредување на договорите склучени надвор од деловните простории на трговецот,
договорите за правото на времено ограничување на употреба на недвижности,
огласувањето на производите и услугите, особено лажното огласување, како и
зголемената одговорност на трговецот, производителот.
Потребата од донесувањето на законот налага и создавање на можност за
поефикасно остварување на правото на потрошувачите пред надлежните
инспекциски органи. Новина во овој закон е што потрошувачот за остварување
на своите права може да се обрати директно до Државниот пазарен инспекторат
или до здруженијата на потрошувачите. Покрај управните мерки, со Законот се
предвидуваат и казнени одредби со кои се има за цел поефикасна заштита на
потрошувачите и воведување на поголема дисциплина во однесувањето на
трговците при продажба на производите и давањето на услугите.
При изготвување на Законот користени се директивите за приближување на
законите, регулативите и административните одредби на земјите членки на ЕУ.
За спроведување на овој закон потребни се финансиски средства во износ од
1.000.000 денари.
ПОТРЕБА И ПРИЧИНИ
Потребата од предвидување на Програма за работа на Советот за заштита на
потрошувачите и нивните овластувања во поглед на водењето на политиката на
заштита на потрошувачите и мерките и активностите што треба да ги преземаат,
ја налага потребата од предлагањето на нов закон. За поголема одговорност на
производителите, дистрибутерите и трговците се утврди и потребата од
предлагањето на овој закон. За поголема одговорност на производителите,
дистрибутерите и трговците се утврди и потребата од внесување на посебни
казнени одредби кои ќе придонесат за поголема заштита на потрошувачите.
Ова, впрочем, се и главните причини за донесување на нов закон за заштита
на потрошувачите.
ОПМ
Добро е да се направат измени во Законот за заштита на потрошувачите.
Организацијата на потрошувачите на Македонија е информирана, го има текстот
за законот, останува уште да се произнесеме. Правната група на ОПМ ќе ги
анализира членовите од законот и ќе ги спореди со оние од Европската унија,
ни изјави госпоѓа Маријана Лончар - Велкова, претседателка на
Организацијата на Потрошувачите на Македонија.
Содржината на законот ги опфаќа основните прашања што се уредуваат со
закон и начинот на нивното уредување.
Во Член 13 од Предлогот за донесување на закон за заштита на
потрошувачите се вели дека трговецот мора за продаден производ на
потрошувачот да му издаде фискална сметка, односно јасно и читливо напишана
сметкопотврда, доколку со друг пропис не е поинаку определено. Трговецот
исто така мора на потрошувачот да му овозможи проверка на точноста на
пресметаниот износ во однос на квалитетот и количината на купениот производ.
Во Член 43 од делот три за Општата безбедност на производите и
одговорност пишува дека трговецот е должен да пушта во промет безбедни
производи во согласност со утврдените технички барања што се утврдени за
заштита на животната средина, природата и здравјето на луѓето.
Инаку, безбеден производ според Член 44 е секој производ кој под нормални
или под разумно предвидливи услови на користење, вклучувајќи го и
времетраењето, не претставува ризик или ризикот е соодветен на користа од
производот и кој ги исполнува условите со кои се обезбедува висок степен на
заштита на здравјето на луѓето.